Home Live Спенџарска проговори за тежок период од нејзиниот живот и што морала да...

Спенџарска проговори за тежок период од нејзиниот живот и што морала да надмине: Уште не бев свесна дека некои работи мора да се случат

Спенџарска во последно време споделува мудри цитати на Инстаграм и многумина ја споделуваат. Таа неодамна рече: Да ти кажам нешто… На жена никогаш немој да и се претставуваш подобар маж од тоа што си, зашто таа не бара подобар маж.

Жената сака маж кој НЕА ЌЕ ЈА НАПРАВИ ПОДОБРА ЖЕНА! Во секоја смисла подобра! Прочитај си го тоа уште еднаш“:

– Да живееш убаво. Што тоа значи за тебе? За мене, убавиот живот се сведува на моите навики.

Сите мали, навидум не толку важни ритуали кои ги практикувам секојдневно иако понекогш и не сакам да ги правам толку многу, тие ме креираат мене и мојата вредност во ова општество.

Малите компоненти од нашиот живот не прават големи. Да одам на трчање и кога не ми е баш до тоа. Потрагата по зеленчук во фрижидерот кога сакам да направам салата наместо шпагети. Кога бирам книга наместо филм.

Кога одам на кафе да знам во кој ТОЧНО локал сакам да седам, зашто не ми е сеедно. Да знам што точно сакам да облечам зашто не ми стои се. Ваквите наши секојдневни избори му даваат убавина на нашиот живот.

Не е во убавината на твоето лице, или колку мажи те сакаат или колку пари заработуваш. Како се носиш со себе си кога си лута, уморна, фруст-рирана итн.

Тоа е твојата убавина. И тоа е наша супер сила која не прави силни. Се надевам дека сите, вклучувајќи ме и мене, го започнавме летото како супер херои.

Искрено можам да ви кажам дека никој не ме инспирира толку како што јас си се инспирирам самата себе!“; порача Јелена во една прилика на Инстаграм.

Спенџарска на Инстаграм објави дека ќе се сели во нов стан и напиша дека почнува од нула, тоест дека има многу малку работи за почеток на нејзниот нов живот во нов стан.

-Неколку дена останувам во Скопје за да се средам во новиот стан. Колку-толку де. Немам ништи друго освен кујната што ќе се монтира деновиве. Ништо друго!

И некако чувствувам и хаос и мир во исто време, знам дека морам да земам толку многу работи, а друга страна си викам, имам кујна, еден душек за почеток, па полека едно по едно, се ќе си купам.

Неодамна, Јелена сподели нејзина приказна која всушност е лекција за сите останати за животот. Базирано на тоа што таа го направила, ова го напиша таа:

,,Толку многу работи се случуваат моментално во мојот живот и сега кога ќе си го вратам времето назад и ќе ги спојам сите точки -СЕ е толку очигледно и кристално јасно, но немаме трпение !

НЕМАМЕ… и токму од тука почнуваат сите наши проблеми во главата.

-Зошто не ме сака/ме излажа/ме изневери ?

-Зошто не сум среќна на работа?

-Зошто јас не сум на нејзино/негово место?

-Зошто немам повеќе пари ?

-Зошто не сум поубава/повисока,послаба ?

Сите, апсолутно СИТЕ понекогаш губиме време на погрешни личности од пуста желба тие да се вистинските!

Длабоко во себе знаеш дека тоа НЕ е тоа ама сепак свесно одлучуваш да маваш глава во ѕид !

Ако мислиш дека само тебе ти се случувале вакви работи од кои се чувствуваш лошо, NO girl, I’ve been there too…. и повеќето од луѓето кои ги познавам.

Секогаш си на вистинското место во вистинско време! Само што уште не си свесна во тој момент дека некои работи мора да се случат за да те однесат на поубаво место и дека животот за тебе има подобар план.

Моментот кога решив дека нема да се врзам за ништо и ќе пуштам се нека тече, што сака нека биде – ми се случи остварување на многу мои соништа.

Just like that, bOOm! Дури уште не ми се верува колку било лесно ! Мислев којзнае уште какви не техники треба да применам, а всушност требало само да пуштам ….

И ТИ го можеш истото! Само ‘излези’ од твојата глава и престани да се сомневаш во себе! And let the magic happen!”

Previous articleГо загуби саканиот и овде ја најде утехата, Николина Пишек се враќа во живот
Next articleНашиот познат пејач ја покани на танго згодната Сани која радо прифати да заигра со него (ФОТО)