Home Live Хелена откри по што од Македонија е носталгична, во Нов Зеланд нема...

Хелена откри по што од Македонија е носталгична, во Нов Зеланд нема такво нешто (ФОТО)

Познато е дека сестрата на Ребека Јанковска е Хелена Роза, нашата позната водителка која долги години живее на Нов Зеланд, со семејството.

„Воздухот е кристално чист, градот и улиците чисти до перфекција, и речиси и да не ти се верува како може некој милионски град да изгледа така чисто и уредно. Како голем гурман, ги сакам разните видови на кујни од сите делови на светот.

Луѓето се многу позитивни, насмеани, и ако погледнеш некого подолго од две секунди ти се насмевнува и те поздравува.

Ми се допаѓа и тоа што во клубовите нема лица помали од 18 години, а некаде дури и од 21 година и што има дрес код на облекување“, вели Хелена во едно интервју кога беше дома, во Македонија.

Маркијан најмногу недостасува. Многу бев среќна и возбудена кога го видов лани во Скопје. На моменти посакувам да си го земам со нас во Нов Зеланд.

Доротеј и Макариј, иако се гледаме на интернет секојдневно, ми беа многу пораснати, рече водителката.

„Се најдов во небрано. Се затвори телевизијата „А1“ и останав без работа. Отворив фирма, но и тоа не се покажа како добра идеја. Сепак, имав 38 години и сфатив дека морам да направам нешто и да се снајдам“, раскажува Хелена во Репортер.

„Собравме финансии и се преселивме на Нов Зеланд. Ќерка ми Кјара дојде по шест месеци. Бргу се навикнавме, иако не беше лесно додека да застанеме на нозе. „Па, јас дури и го чистев салонот на ‘Ауди’ таму.

Секојдневно бришев прав од 120 бироа. Но, немав проблем со тоа. Не ми беше важно дали ќе перам или ќе чистам зашто тоа ми се исплатеше“, раскажува помалата сестра на поп-пејачката Ребека.

Ребека објави слики од Хелена и од нејзиното семејство како уживаат во летото на Нов Зеланд и напиша: Нашите таму долу каде што е лето. Хелена со сопругот Игор, синот Тијан и ќерката Кјара на оваа фото сесија изгледа одлично, како на филм.

-Секогаш сум имала доста поинакви размислувања од поголемиот број на луѓе кои што живеат овде, затоа и најверојатно си заминав,

бидејќи не можев да се пронајдам по толку време во едно општество како нашето. За жал, ништо не е сменето за овие две години, и поради тоа ми е многу жал, светла точка не гледам.

Се’ е некако заспано. Толку многу зависно од политичките случувања што боли кога гледаш и слушаш“.

Многу е очигледно дека ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља ги наследила гените на својата мајка. Ако ја погледнете Хелена пред 25 години, па и сега, ќе забележите дека „мајка природа“ не штедела кога подарувала убавина. Кјара е доста активна на социјалните мрежи каде објавува фотографии од себе.

Нешто природно“, напиша таа под фотографијата, на која собра повеќе од илјада лајкови. Доколку го отворите Инстаграм профилот на Кјара може да забележите професионални фотографии на кои се гледа дека Кјара е убавица како нејзината мајка.

Хелена Роза неодамна прослави роденден со семејството во Нов Зеланд, додека нејзините вистински пријатели тука не го заборавија нејзиниот специјален ден, а помеѓу нив се најде и Зоки Фаци кој на Хелена и’ посака:

,,Денес е посебен ден за мене, на Хелена Роза и е роденден. Хеленче, поздрав од Македонија, да си поминеш најубаво на свет денес, го заслужуваш најдоброто, затоа што јас многу те сакам.

Криво ми е што не те послушав кога рече дека Македонија е токсична земја, но меѓутоа јас верував дека не е, ама ти си во право.

Среќен ти роденден од Ми Каса од Скопје до Нов Зеланд, помини си најубаво на свет, замисли си желба и те чекам да дојдеш кога сакаш, изјави Зоки, а потоа Хелена го објави неговото видео.”

Хелена се прилагоди на животот во Нов Зеланд, но таа пред неколку чaса на својот профил на Инстаграм откри по што е носталгична, односно што и недостасува тука од Македонија.

,,Желна за овој македонски оброк. Симит погача”, тоа и фали на Хелена.

Previous articleНа извајаните мускули на Саша Ковачевиќ, ни Милица Павловиќ не остана имуна, еве што му рече (ФОТО)
Next articleВака изгледаше Вики Миљковиќ во деведесеттите, многу си личат со Цеца, како да се биолошки сестри (ФОТО)