Home Live Не е само згодна пејачка, Сузана Гавазова е и супер домаќинка и...

Не е само згодна пејачка, Сузана Гавазова е и супер домаќинка и посветена мајка, објави интересен детаљ со ќерките (ФОТО)

Згодната струмичанка Сузана Гавазова која важи за една од најпознатите македонски пејачки. Во приватниот живот таа ужива со сопругот и малечките наследнички кои секогаш и го разубавуваат секојдневнието и и го полнат срцето како ништо друго на светот.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

– Со Даниела Темелковска сме во најдобри односи, таа е пред се многу добар човек, другар и се најдобро можам да кажам, многу ја сакам и да ти кажам од вас слушам дека јас и Даниела не сме во добри односи…

-Се сеќавам во еден таблоид измислија приказна дека јас и Благица сме се спречкале за некоја песна, ама еве сега ќе кажам дека тоа не е точно. Благица Павловска е толку добра што таа не знае да се скара и да биде лоша.

Таа е една од малкуте луѓе добра што ги знам на овој свет… барем за мене е таква таа. На сите само добро им направи таа, испеа толку убави песни, многу ја почитувам и морам да кажам дека таа ми беше идол кога почнував.

Учев од неа како треба една пеачка да се однесува на една сцена, таа кога излегуваше на сцена се сеќавам беше како дива… ме потсетуваше на Тина Тарнер. Јас од моите колешки се разликувам по песните, по духот… секоја од секоја се разликуваме, неможе да сме исти се разбира“, рече Сузе во едно интервју за музика 24.

Во декември минатата годиа, позната пејачка го прослави 42-от роденден. За овој посебен ден Сузана си доби супер интересно изненадување од сопругот Јасмин кој се пошегува со неа.

Најпрво ѝ донесе завиткана украсна кутија во која имаше бурек и јогурт, а откако слатко се нaсмеаја и двајцата, следуваше вистинското изненадување – огромен букет во кој се криеше мала, но вредна кутија, а кога ја отвори, Сузана буквално припадна.

Во кутијата имаше златна нараквица, веројатно станува збор за некој луксузен бренд“, објави Женски магазин.

Покрај изненадувањето од сопругот, си доби и изненадување од мајка ѝ, нејзините две ќерки и други нејзини блиски луѓе, а на тортата имаше свеќички со број 24 – буквално како што и изгледа Сузана.

-Јас сега се дефинирам како поп фолк пејачка, а порано како фолк пејачка. Значи порано пеев повеќе фолк песни, ново компонирани фолк песни по фестивали, а сега повеќе модерен фолк или поп фолк, како што пеат во Бугарија и Србија и ќе кажам дека тоа е најактуелна и најбарана музика во денешно време.

Се сметам за популарна бидејќи насекаде кога одам низ Македонија ме застануваат луѓето, па сакаат да се фотографираат… Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна.

Кај мене кризата воопшто не удри затоа што јас напорно работам и планирам да си купам стан во Скопје, или пак да си направам куќа на село. Веќе си купив стан во Струмица и добро го опремив…

Само здравје да не служи и енергија да имаме. Фала му на Господ јас имам многу работа, не само тука во Македонија, туку и надвор од државата“, има изјавено Сузана во едно интервју за Точка.

Гавазова на стори на Инстаграм сподели видео од луксузниот стан во кој живее со сопругот Јасмин и со ќерките Емилина и Селена. „Добро утро“, напиша Гавазова под видеата, а на нов се гледа дека Сузе живее во супер луксузен, но и вкусно уреден стан со топ поглед од прозорот.

И покрај нејзината набиена агенда со често настапи на свадби и во ноќни клубови, на Сузана Гавазова секогаш ќерките ѝ сена прво место, па објави стори како наздравува со нов во ресторан, таа ракија, а тие сокче.

Освен што е згодна жена, Сузе е и супер домаќинка и посветена мајка на Емили на на Селена.

Previous articleСе огласи д-р Ивановски и појасни околу сите „бесмислици“ кои се шират околу момчето од Берово
Next articleПетар Грашо проговори за својата сопруга Хана и откри зошто таа е целосна спротивност на Данијела