Home Live Уморна сум од неговите предрасуди дека не правам ништо, сакам да го...

Уморна сум од неговите предрасуди дека не правам ништо, сакам да го оставам, а имаме детенце

Имав добро платена работа, затруднев и со тогашниот дечко (денешен маж) одлучив дека ќе бидам ,,stay at home mom” која ќе се грижи за детето и домашните обврски.

Со маж ми работевме во ист сектор кој условуваше долги работни денови и многу патување.

Последните 2,5 години му се посветив целосно на моето дете и станав ,,зависна” од кариерата на сопругот бидејќи освен тоа што беше отсутен по половина година, некогаш и повеќе, додека беше дома од мене се очекуваше речиси сè.

Мојата флексибилност беше клучна за нашиот семеен ритам, но тоа не ми пречеше, не ме сфаќајте погрешно.

Еден ден, тој се враќа преморен од работа и ми вика како треба да си најдам работа бидејќи во неговите очи јас не правам ништо, запамтете НИШТО,

а притоа очекувајќи тој да ја има истата слобода која ја имаше досега. Тоа значи дека сè останува на мене, детето, обврските околу домот, а притоа и да работам, додека тој има зготвен ручек, исперени и испеглани алишта, дете кое ,,не го замара” (според него).

Денес се уверив во сопствената кожа дека сè што правев за него и нашата фамилија, особено нашето детенце да биде среќно, навистина не вреди, нажалост и го жалам денот кога мојата независност ја дадов во туѓи раце.

Се мислам дали да се разделам од него, и не очекувам никаква финансиска помош, освен ако не се одлучи самиот да плаќа алиментација околу 9000 денари.

Бракот да беше свечен чин, како што некогаш го почитуваа сопружниците, немаше да биде проблем мајката да остане дома и да му се посвети на детето.

Фото: Илустрација
Моето детенце, како и секое друго има потреба од мајката, минимум првите 3 години, тие се клучни за неговиот развој.

А денес е преголем ризик да останеш дома, постојано си мета на критики и сите мислат дека ништо не правам, очигледно си мислат дека лежам цел ден, додека ќерка ми гледа цртани.

Но, јас сум аларм кој самата се буди во 5 часот за да исчисти сè, да спреми појадок и ручек, а притоа да ги задржи очите отворени со едно кафе и да биде позитивна кога детенцето ќе стане од спиење.

Ретко имам повеќе од една минута да поминам сама. Постојано сум во брзање, готвење јадења, играње по неколку часа со детето, чистење, перење, пазарање…

И покрај тоа што сум опкружена со моето дете 24/7, да се биде мајка што останува дома е осамена свирка.

Тоа што сум толку изолирана ме изненади. Порано постојано бев во круг на многу луѓе и тоа не ми пречеше.

Навистина не сфаќав колку ќе се чувствувам осамено кога ќе дојде денот да останам дома.

Парадоксот да се биде мајка која седи дома значи дека сте осамени, но никогаш сами.

Фактот дека без разлика колку часови има во еден ден, сепак се борам да завршам сè, но сепак ќе кажам, тежнеев за ваков живот,

но барав и партнер кој е максимална поддршка и го цени тоа што има највоспитано дете во нашата зграда, благодарение на мене. За жал, не е така.

Не знам дали да му кажам на сопругот, но дефинитивно не сакам со таква личност да го поминам животот.

Фото: Илустрација
Previous articleМаксим Димитриевски проговори околу идејата за нова партија и дали позади него стои Бранко Црвенковски
Next articleНа извајаните мускули на Саша Ковачевиќ, ни Милица Павловиќ не остана имуна, еве што му рече (ФОТО)