Home Live И покрај тоа што имаат многу, децата на Драгана Мирковиќ самите сакале...

И покрај тоа што имаат многу, децата на Драгана Мирковиќ самите сакале да работат и да заработат, а ќерката не сака да слушне за брендирани фустани

Фолк пејачката Драгана Мирковиќ е една од најнаградуваните пејачки и најпозната на Балакнот. Таа ги оставрила сите свои сонови во текот на кариерата.

Со сопругот Тони Бијелиќ, синот Марко и ќерката мануела живеее во раскошна вила во Виена, а како што изјавила има доволно пари за повеќе никогаш да не излезе на сцена.

– Живеам надвор од земјата, имам прекрасен брак и семејство. Живеам прекрасен живот, одам на патувања, добив се тоа што го сакав дури и повеќе од тоа. Не постои ништо поради што би морала да работам, освен љубовта кон публиката, изјавила фолк пејачката.

Нивната вила во Виена е лусксузна, има базен, многу драгоцени предмети кои се обвиткани со Сваровски кристали. Тие поседуваат и фирма која продава автомобили, имаат ТВ станица во Србија, возен парк… колку Драгана ги цени своите соработници свдочи информацијата дека поклонила дури автомобил „јагуар“, пренесуваат српските медиуми.

Нејзините концерти во Србија, Македонија, Бугарија, но и во Австралија, Германија, Америка, Швајцарија се секогаш исполнети до последно место, а таа возвраќа со прекрасна енергија која придонесува за одлична забава и пеење во еден глас на незјините хитови.

Драгана Мирковиќ е родена пред 50 години во Касидол и тогаш никој не претпоставувал дека ќе биде толку успешна. Денес, Мирковиќ живее во Виена заедно со нејзиниот сопруг и децата, а селаните од нејзиното родно место открија непознати детали за животот на пејачката.

За „Pressonline“ по зборовите на мештаните Мирковиќ своето родно место го посетува во текот на летото. Во центарот на Белград се наоѓа и продавница каде што Драгана редовно пазарува, а продавчката објасни дека Мирковиќ секогаш кога ги посетува родителите купува кај неа во продавница.

“Пешки доаѓа во продавница и купува основни намирници.

Секогаш има шминка, но знае да дојде во хеланки и папучи.Сите кои сакаат да се фотографираат со неа им излегува во пресрет“, вели Марија од продавницата.

Една од селанките изјави дека Драгана имала голема љубов во селото.

„Имаше момче додека беше во селото, како секоја тинејџерка. Кога доаѓа им помага на родителите, но никогаш не оди на нива со нив“ вели Зорица.

Пејачката Драгана Мирковиќ живее живот за кој многумина сонуваат. Има успешна кариера, постигна успех како сопруга и мајка.

Скромноста е најголемата доблест со која пејачката може да се пофали, а своите вредности ги пренесе и на своите деца. Марко и Мануела се едни од ретките кои ја чуваа приватноста од очите на јавноста.

Додека другите деца на познати личности сакаат да бидат медиумски покриени, да се зборува за нивниот живот, децата на Драгана Мирковиќ до неодамна немаа ниту социјални мрежи.

Пејачката ја почитуваше нивната одлука да не бидат дел од јавниот живот, а ретко зборуваше за нив.

“Мануела е поинаква, повлечена е, таа е моето бебе. Моите пријатели велат дека е девојката со најубави очи и најчиста душа. Тие се нормални деца, што е најдобар комплимент денес.

Не се разгалени, тие не се опседнати со брендови, дури еднаш ја замолив мојата ќерка да облече еден од моите фустани затоа што е малку поексклузивен и брендиран, а таа не сакаше да слушне за него, би било срамно за нејзините пријатели да ја видат во него.

Таква е таа“, изјави за Стори Драган и истакна дека во нивната куќа доаѓаат луѓе со различна финансиска состојба.

„Кај нас ни доаѓаат луѓе од различно потекло, а пред се пријателите ни се главно луѓе со средни плати. Нашите деца се свесни за парите и веќе имале можност да ги заработат.

Марко, на пример, водеше книговодство и кај пријател, не кај Тони, за навистина да почувствува каква е компанијата и какви се претпоставените, Мануела работеше во хотелот Риц, тоа траеше три месеци, доволно за нејзината возраст да стекне искуство и работни навики.

Најважно ми е што и двајцата изразија желба да работат, не ги теравме“, тврди Драгана.

Previous articleМилена сподели емотивна порака за ќерка си- денешниот празник за мене има поголема смисла
Next articleЈелена Ѓоковиќ откри досега необјавена приказна за своите деца, зачуди многумина со оваа изјава