Home Live Ирена Спировска покажа дека сè во животот се постигнува, ако се сака,...

Ирена Спировска покажа дека сè во животот се постигнува, ако се сака, се може – нашата водителка во најопуштено издание (ФОТО)

Ирена обајви нови слики од снимањето на емисијата „Везилка“ со својот колега Благоја Грујовски, а оваа емисија со нив ја води и Адријана Алачки. На сликите, таа целата блеска. Има свилен отворен црн фустан, но умререно провокативен кој супер и стои.

На една од сликите со неа и со Баже Грујовки е и пејачот-легенда Нино Величковски, а сликано е во Старо Нагоричане.

Има и уште една слика која ја има објавено Денис Кантуровски, заедно со Уска Кан оркестарот, на фестивал во Пехчево. Таму, Ирена има уште понагласен шлиц, и изгледа како девојче.

Таа неодамна за Женски магазин изјави дека не го крие партнерот, но во јавноста никогаш до сега не зборувала за својот приватен живот.

„Ова не е ништо ново. Во врска сум, што е сосема нормално. Да сакав да го сокријам својот партнер, немаше да се појавам на јавно место со него. Никогаш не сум зборувала за својот приватен живот, затоа и се вика приватен“, изјави Ирена за Женски магазин.

Таа често на социјалните мрежи споделува фотографии од нивните искачувања по планини, но сега изненади со малку поинаква фотографија. Тие двајца позираа во елегантна гардероба, а од фановите добија комплименти дека изгледаат како паровите од турските серии.

„Прекрасна двојка сте“, „Најубави сте, поздрав“, „Кралски пар“, „ Прекрасно за очи и душа. Со стил!“’, се само некои од коментарите кои може да се најдат под објавата.

– Пораката што сакам да им ја упатам на помладите е дека со редовни спортски активности и со умерена исхрана можат да бидат атрактивни и убави и во зрелите години. Жал ми е што гледам сè повеќе млади девојки со естетски корекции.

Жените во зрели години и можам да ги разберам некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не можам да ги разберам младите девојки“, изјави таа неодамна и додаде:

-Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база.

Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки…Секогаш ќе има некој со посензуални усни од нашите, со погусти трепки, со побујни гради, подолги нозе или потенка половина…

Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив“, вели Ирена во Женски магазин.

Таа е исто така активен член на здружението „Борка“, и редовно оди на традиционалниот Розов марш, но за тоа всушност има и лична причина. Ирена откри дека кога имала 10 години, нејзината мајка засекогаш си заминала од овој свет од кан цер.

Ирена изјави дека знае како изгледа кога некој се бори со оваа боле ст и што значи тоа за селото семејство и сочувствува со сите оние кои водат борба со неа. Оваа семејна приказна ѝ има помогнато да Ирена да се изгради во храбра, борбена и упорна личност.

– Мојата мајка поч ина многу млада, кога имаше само 35 години па за жал големиот дел од спомените се тажни и поврзани со периодот кога таа и нашето семејство се соочуваше со тешката болест.

Не можам да кажам точно во колкава мера сум ги наследила нејзините карактерни особини затоа што не сум имала можност добро да ги осознаам и запаметам на таа возраст, но затоа можам да кажам дека изгледот го имам наследено од неа во целост“

Ирена таму е убава и згодна како и секогаш, и секако доста елегантна, но е во поопуштено издание од обично.

Во една прилика Ирена за Женски магазин има изјавено дека тајната на нејзиниот изглед е во умереноста, и дека нема на неа ништо вештачко, а се одржува со помош на здравата исхрана, планинарењето и пешачењето.

Ирена објави слика од Охрид, каде се сликаше во бикини. На фотографиите, Ирена изгледа презгодна и се гледа дека постојано ја одджува својата линија.

Од планинарење, на езеро, Ирена постојано е во некаква физичка активност, а зад неа стои долгодишна успешна кариера што покажува дека ако се сака, се’ може да се постигне.

Previous articleДали помладиот син на Брена, Виктор ja мами девојката: Ја запроси, па после рече дека не е верен, еве што се случи
Next articleСтојне за малку ќе останеше без штиклите, замеша во весело друштво и го фрли сите во тpанc