Home Live Петар Грашо проговори за својата сопруга Хана и откри зошто таа е...

Петар Грашо проговори за својата сопруга Хана и откри зошто таа е целосна спротивност на Данијела

Rодителите на Хана, Тончи и Вјекослава, соработувале со популарниот состав Магазин, во кој во 90-те пееше Данијела. Затоа и не е необично тоа што во еден нивен спот од 1993 се појавила и Хана.

Хана во тоа време имала три години, а Данијела 22. Две години подоцна Хана го запознала и Грашо, кој тогаш често доаѓал во нивната куќа по хитови.

Наводно Хана уште од мала имала симпатии кон Грашо, кој во тоа време бил во врска со Данијела.

Данијела и Грашо беа заедно 24 години, а пејачот со ќерката на Тончи почнал, како што пишуваат хрватските медиуми, да се забавува пред неколку месеци. Заедно се видени во центарот на Загреб и во Сплит.

Инаку, само една вечер пред да се породи Хана, Петар Грашо пееше во Охрид. Одржал концерт во еден клуб и за малку ќе частел во Охрид за раѓањето на ќерката.

Кога му јавиле дека станал татко, тој не бил дома, туку бил во Загреб, на пат накај Сплит. Да се породеше Хана само неколку часа порано, Грашо ќе ја споделел веста прво со публиката во Македонија.

Петар Грашо проговори за својата сопруга Хана и откри зошто таа е токму спротивното на Данијела. Петар Грашо зборуваше за Хана и нивното семејство.

Петар Грашо неодамна стана татко на малата Алба, а бидејќи веќе одамна имаше закажани настапи, пејачот не можеше да и’ го посвети целото време на својата ќерка.

Затоа често се зборуваше дека неговата сопруга Хана била оставена сама на себе, дека ги запоставил неа и ќерката… Сепак, пејачот ова го појасни во едно скоро интервју.

– Поминуваме помалку време заедно отколку што би сакал, бидејќи оваа сезона е навистина полна со концерти кои беа организирани уште минатата година, но одложени за ова лето поради вирусот.

Затоа ми се уште поскапоцени моментите со семејството. Среќен сум што сум благословен со улогата на родител – изјави Грашо.

-Во последно време нагласивте дека вие и Хана сте нормален пар, очигледно и самите бевте изненадени од медиумската врева што се крена откако се дозна за вашата врска и доаѓањето на бебето. Иако сте регионална ѕвезда, дали сето ова ве натера да посакате анонимност?

-Анонимноста е категорија со која се збогував пред 25 години кога го зедов микрофонот во рака. Научив да живеам со знаење дека сите ме познаваат каде и да отидам, или барем мислат дека ме познаваат.

Не ми пречи, луѓето доаѓаат кај мене, ме сакаат и имаат потреба да споделат нешто што ги поврзува со мојата музика.

Ги сакам луѓето и никогаш не сум имал ниту едно лошо искуство, всушност. И Хана пораснала во семејство кое е под лупата на медиумите, а по природа е повлечена личност.

Интересот на медиумите за нашата врска е сè уште огромен, но ние се трудиме колку што можеме да не се вклучиме во неа и да живееме што подалеку од таблоидите.

Три четвртини од мојот живот е јавен и поврзан со медиумите и со многу луѓе. Овој последен квартал го чувам за себе и не го споделувам со сите.

Со оглед на тоа што поранешната свршеница на Петар, Данијела Мартиновиќ, со децении е пред камерите, а со сигурност ја сака јавната сцена и секогаш со задоволство соработува со медиумите,

може да се каже дека со оваа изјава пејачот потврди дека неговата поранешна и сегашна се сосема спротивни.

Петар откри и како изгледа дружењето со Тончи Хуљиќ.

– Со Тончи постојано се шегуваме. Секојдневно си ги наоѓаме слабите точки и едвај чекаме да ги „погодиме“. Тоа е чиста Далмација. Моите родители и сестра ми се слични во тој поглед.

На прашањето каков е Тончи како дедо, тој кратко одговори:

– Грижлив како и за остатокот од нашето семејство – заклучи тој.

Previous articleНе е само згодна пејачка, Сузана Гавазова е и супер домаќинка и посветена мајка, објави интересен детаљ со ќерките (ФОТО)
Next articleДали помладиот син на Брена, Виктор ja мами девојката: Ја запроси, па после рече дека не е верен, еве што се случи