Home Live Стојне за малку ќе останеше без штиклите, замеша во весело друштво и...

Стојне за малку ќе останеше без штиклите, замеша во весело друштво и го фрли сите во тpанc

Стојне Николова, нашата позната фолк пејачка, како што е познато потекнува од струмичкиот крај, и е горда на своето потекло, и сними песна за Колешино, селото во близина на Струмица.

-Јас сум презадоволна. Најпрво целиот тој проект е работен со многу љубов, јас потекнувам од Струмица и тоа е едно преубаво село во мојот роден крај.

Песната и целиот тој проект испадна супер, имаме убави реакции од фановите и од сите мештани на село Колешино и сите иселеници оттаму.-истакна Стојне.

Стојне гостуваше во емисијата „Магазин“ на Сител и раскажа интересни нешта. Зборуваше за тоа колку родната Струмица ѝ недостасувала во памдемијата. Кога имаше 18 години, по чина таткото на Стојне, а таа оваа загуба тешко ја прифати.

– Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме.

Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.

Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка.

Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.

– Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано. Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, боидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.

За Женски магазин, младата пејачка откри дали е сингл и што да очекуваат нејзините обожаватели од неа следно.

– Растена сум со нашата убава стара традиционална песна и таа ми е во душата, а во школските денови повеќе пеев поп. Кога би требало да изберам кој жанр го преферирам повеќе, навистина не би можела да се одлучам бидејки за мене жанрот не е битен, битно е само да е музика…без неа не можам.

Јас и мојот тим сме задоволни како ја прифати публиката преработката на 2Крушево абер пристгина“. За мене беше навистина предизвик најпрвин да преработам песна од доајенот Васка Илиева, а и да се работи на таков голем проект кој го работевме два месеци.

Во иднина планирам преработка на уште некоја убава народна песна за која сега сме во потрага“, рече Стојне и ги спомена своите награди.

Имам добиено повеќе награди во Македонија, а и во Бугарија. Ќе набројам дел: Награда за најдобар дебитант на Валандово фест 2019, Трета награда на Охрид Фест 2016, Награда за најдобра интерпретација на Пирин фолк 2017, Прва награда од публика на фолк летен хит 2019 и други.

Потоа ја прашаа: Сингл ли е Стојне?, а таа одговори само кратко- да. „Се уште не сум го дала својот максимим, затоа што сум многу срамежлива, јас сум девица во хороскоп“, додаде Стојне.

Таа неодамна славеше роденден, во еден скопски рестора, а до неа собрани пријатели кои ептен убаво ја изненадија.

Кога за Стојне стаса роденденската торта, таа ептен се израдува и ги дувна роденденските свеќички, а што си посака и дали ќе ѝ се оствари, останува да видиме.

Стојне објави едно видео на стори како меша во сино кратко фустанче, а во еден момент, штиклата ѝ се заглавува во тревата, ама таа како вистински професионалец продолжува да пее и меша во тесното фустанче, додека сите околу неа се како во транс, играат весело во нејзин ритам.

Previous articleИрена Спировска покажа дека сè во животот се постигнува, ако се сака, се може – нашата водителка во најопуштено издание (ФОТО)
Next articleМилена сподели емотивна порака за ќерка си- денешниот празник за мене има поголема смисла