Home Live Антониа Гиговска позираше после туширање, завиткана само во крпа: На одмор сум...

Антониа Гиговска позираше после туширање, завиткана само во крпа: На одмор сум (ФОТО)

Антониа Гиговска, нашата позната пејачка гостуваше во Подкастот „Тоа е тоа“ кој се емитува на Јутјуб и водителот, кој е инаку актер, Жарко Спасовски меѓудругото ја прашуваше за Евровизијата со Тамара, за Пинк ѕвездички, а ја праша и дали ги чита лошите коментари за неа на социјалните мрежи, а таа одговори:

-Уф, па кој не ги чита… Читам се, само што не обрнувам многу внимание на тоа што мислам дека не треба да обрнам внимание. Допира, како да не. Има и некои коментари коишто се баш грозни, од вратни.

И јас го имам кажано тоа во едно интервју, се додека не ми ја вреѓаат фамилијата е супер. Кога ќе почне некој да ми вреѓа фамилија тоа многу ме боли, и не сакам да е тоа така, затоа што јас сум Антониа а они се моја поддршка, мајката и таткото на Антониа и братот на Антониа.

Они се тука да ме поддржуваат и така ќе остане и во добро и лошо. Не сакам никој да збори и да пишува лоши коментари за нив. Имало такви моменти, и тоа баш ме повредило. Имало моменти каде што имав 33 кила плус отколку што имам сега..

Имало моменти каде што сум читала коментари, еве ја оваа де бела, гна сна, св иња… Јас во тој момент сум се сакала таква, сум се прифатила таква, но не значи дека тоа ќе остане така.

Ако јас мислам дека треба да го сменам тоа, односно да имам 33 кила помалце, јас ќе го направам тоа.

Нема потреба од такви коментари. А нон стоп гледам, и по Фејсбук. Рeтко, ретко отварам Фејсбук, ама секогаш кога ќе отворам, ми излегува некоја статија од некој портал“, рече Антониа Гиговска.

– Кога може една Дуа Липа да облече топче коешто изгледа на пр слук, можам и јас, може и Мартија, може и Лина. Сите гледаат што се прави по светот, а кога ќе облечам јас, ее, еве ја оваа. Ќе постирам некое видео кај што играм нешто, коешто е малку попровокативно.

И одма коментари: Еј, види ја оваа. Имам една слика пред да ослабам, у лето ја имам ставено сликата, и сум во бикини, на одмор.

Таква слика има и Дуа Липа, ама за Дуа Липа нема ништо да кажат. И таа слика има 5.000 препраќања“, рече Антониа и додаде дека таа успеала во музиката и по тоа сака да е препознатлива.

Потоа таа зборуваше и за својот дечко, Иван од Либер бенд. „На моја среќа, ја работиме истата работа, и ме разбира.

Никогаш немало проблем дали ќе се приберам, во 5, во 6, со кого сум, како сум, и од таа страна ми е многу лесно“, кажа Гиговска.

Антониа Гиговска е во среќна врска во Иван Јованов, пејачот на Либеро бенд. Иван е постар од Антониа десет години и во истото интервју таа зборуваше како ги прифатила јавноста со Иван на почетокот, како реагирале на нивната врска.

– Сигурно имало многу коментари кои што јас сигурно не сум ги прочитала од проста причина што сум личност што не обрнува внимание на коментари затоа што животот што го живеам е мој и што и да направам тоа е затоа што јас сакам така да биде.

Сме имале многу проблеми на почетокот, да, многу од моите блиски не ја прифаќаа врската со Иван, но ништо од тоа не можело да влијае врз нас“, реча Антониа.

Антониа неодамна објави фотографија од својата совршена фигура, од фитнес сала. Антониа сега навистина изгледа совршено.

Антониа објави и стори, на кое е тазе нашминката, со виткана коса, филтери, долги нокти и многу поинаква шминка од обично, па таа на оваа слика не личи на себеси воопшто, но изгледа супер, како Барбика.

Антониа објави своја нова провокативна слика, без шминка, и завиткана само во крпа, право после туширање, од одмор и порача:

На одмор сум. Сакам и море. Ама сакам и студио. Сакам нова песна. Затоа се враќам за 4 дена.

Previous articleКако се растеше некогаш во Скопје: Се враќавме негде околу ручек, на по една кришка со домашен џем и теравме даље
Next articleДосега сите му се поколонуваа на Јордан Митев, а сега тој клекна за да им се поклони на овие луѓе во Швајцарија (ФОТО)