Home Live Благоја Грујовски со јака екипа згодни пејачки и водителки, ама оваа фолкерка...

Благоја Грујовски со јака екипа згодни пејачки и водителки, ама оваа фолкерка не оди никаде без мажот кој ѝ чува грб (ФОТО)

Благоја Грујовски, нашиот познат фолк пејач е татко на два сина, Матеј е постариот, Марко помлаиот, и е исполнет со обврските околу снимањето на емисијата Везилка која ја води заедно со Ирена Спировска и со Адријана Алачки, а шетаат секаде низ Македонија и ги прикажуваат локаните специјалитети и традицијата.

Кога тој слави пророденден, и тоа 59-ти, многумина рекоа згледа одлично, топ се држи, а роденденот на Фејсбук му го честитапше неговата колеша Адријана Алачки со овие зборови:

-Баже да ги везеш годините со најубавите бои, да траеш , да бидеш здрав и насмеан…Среќен роденден другарче“.

Благоја Грујовски 30 години е на музичката сцена. Иако ко млад слушал рок музика, поради татко си решил да пее фолк.

На времето едвај со врски со групата „Мераклии“ влегле на фестивалот „Цветници“ кога настапија со песната „Туѓино јабано“ и оттогаш Баже стана популарен. Иако беше новинар во Македонското радио, музиката стана неговата животна приказна.

“Татко ми сакаше да бидам музичар, мајка ми интелектуалец, а не тезгар. И ете им ја исполнив и на двајцата желбата“,вели Благоја во интервјуто за „Репортер“.

Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе.

Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените. За него се зборувало сешто, триста муабети, афери за кои вели „ме погодуваат, оти не е баш сè така“.

„Јас не ум таков како што ме зборат. Јас сум повлечен, диксретен човек. Сум превал и јас глупости ко сите. Ми прилепувате секакви приказни, а мојот живот е ист како на другите“, вели Баже во разговорот за „Репортер“.

Благоја во интервју за „Ехо“ зборуваше во какво Скопје би сакал да живее.

-Недостасуваат многу нешта и би исфрлил уште толку, но кусо: Мене најмногу ми недостасува простор, чист воздух и универзална сала. А, би демонтирал некои интервенции во и околу Вардар вклучително и панорамското тркало од 18. милиони евра, ако го направат.

Сакам да живеам во чисто Скопје без екстремни загадувачи, со брзи проодни улици без сообраќаен хаос. Знам дека е можеби многу, но треба да се стремиме кон таа цел“, рече пејачот.

Но, богатсвото на Благоја, вистинското богатство е дома. Во 2009 година, тој се ожени со Ирена, која е 20 години помлада од него. Ова е втор брак за пејачот и прв за Ирена. Заедно го имаат синот Марко.

Благоја Грујовски во младоста тренирал бокс, и ова е приказна која скоро никој не ја знае за нашиот познат пејач, а ја откри неговиот пријател Спасен Силјановски, пејачот од Кичево.

Спасен во емисијата Магазин за Благоја рече дека требал да оди на сојузен натпревар на ниво на Југославија, од што бил добар.

Потоа, пејачот коментираше дека уште го сака боксот, уште го гледа, но не се занимава веќе ни рекреативно.

Спасен Благоја го опиша како човек што му подал рака кога најмногу му требало, и дека секогаш е спремен да му даде добар совет.

Баже објави слика со повечќе негоди колешки во Пробиштип, и до сликата напиша: Дружење со екипата по настапот на прославата на денот на рударите на Булмак. На маса е седнат со убавга екипа.

Неговата колешка Татијана Стефановска е дле од неа, потоа Адријана Ацевска- Кеш, водителката Ирена Спировска, Браво бенд…

Ама на во друштво со нив е и Сузана Гавазова која е единствена во пар. Сузе никаде не оди без својот Јасмин, кој ѝ го чува грбот и секоогаш е со неа на сите важни настапи и настани.

Previous articleСоња Тарчуловска со неколку зборови опиша дека е многу горда и исполнета, ова е причината
Next articleСе огласија од Жан Митрев со добра вест за момчето од Штип: Ние ќе го покриеме лекувањето за малиот Вили