Home Live Досега сите му се поколонуваа на Јордан Митев, а сега тој клекна...

Досега сите му се поколонуваа на Јордан Митев, а сега тој клекна за да им се поклони на овие луѓе во Швајцарија (ФОТО)

Јордан Митев не е интересна личност само поради своето богато портфолио како кант-автор и изведувач, туку и поради професионалниот однос кон она што го работи, а со него е поврзан и еден интересен настан поради кој Митев доби забрана за влез во Грција пред повеќе години.

-Па имам неколку навистина успешни песни. Некои песни созреваат брзо и стануваат слушани во моментот на нивото издавање. На некои пак им треба време и прав момент.

Некогаш тој прав момент песната може го чека со години, како што е примерот со песната Ај што мерак имам бабо која е стара радовишка песна.

Оваа песна од секогаш се пеела во радовишкиот регион, но кога јас ја обработив песната доби друга диманзија.

Тоа не е пример само со таа песна, има многу песни што оживуваат дури по 10, 20, 30 па и повеќе години од нивното создавање. Зошто е тоа така, немам точен одговор. Едноставно некогаш коцките се местат, а некогаш не, колку и да е песната добра.

Нема дефиниција за хит. Понекогаш тоа е и среќа затоа што ете така треба да биде. Како изведувач и комплетен автор, јас се потрудив и се трудам да направам квалитет, барем според моите критериуми за квалитет.

Што од тоа ќе се издвои и ќе стане песна за повеќе години и повеќе генерации ќе видиме, времето и публиката ќе покажат“, рекол Митев во едно интервју за muzichkiregistar.com

Значаен број песни се производи за корисниците (слушателите), поточно за животни ситуации на луѓето што тие ги прославуваат. Тоа се ситуации како свадби, крштевки, слави и други веселби.

Некогаш тоа се песни со кои се поистоветуваат нашите работници во странство или иселеници кои доживуваат носталгични чувства. Трета категорија на фолк песни се оние патриотските, стои во прашањето од овој медиум, а Митев одговара:

Јас ги имам опеано сите од наведените теми. Тоа сето во едно претставува македоснки менталитет и сензибилитет.

Имам правено и снимано доста музички комбинации, од традиционални инструменти што се темелот и основата, па се до денешниот, така да го наречам модерен звук што е малку поблизок до увото на помладата публиката. Мене ми се омилени сите теми и во сите теми го давам својот максимум на емоција, енергија и знаење.

Се трудам да бидам во тек со времето. Знаете, за да опстои еден професионалец, да биде успешен и да живее од својата професија, мора да постави одредени стандарди и правила на игра.

За жал кај нас таквите се бележат како „црни овци“, бидејќи владее во поголем процент непрофесионализам, а непрофесионализмот не сака правила и стандарди, туку народски кажано сака водата да е матна, бидејќи само во матно таквите можат да пливаат и ловат.

Затоа јас сум многу внимателен што правам и како правам со музиката што ја создавам.

Токму поради тоа и ми беше важно да ме има на светските е-продавници, бидејќи тоа е една од многуте работи што треба да ги има еден професионален артист. Дали може да се живее од тоа?! Не. Но сето тоа ја прави целокупната слика за еден професионалец кој како таков може да живее од музика.

За Грција имав 3 години забрана. Забраната е веќе истечена и можам да влезам во Грција но при секое влегување детално сум испрашуван каде одам, со кого одам, зошто одам, колку останувам и кога се враќам“, кажал Митев.

Жал ми е што не му посветувате доволно внимание на фолкот и сите негови потжанрови. Не би сакал да навлегувам во детална анализа зошто е тоа така, бидејќи не сте само вие со тој став и тој терк на работа, но јас сметам дека навистина имаме и покрај сѐ, квалитет што заслужува вистинско внимание.

Само тој квалитет треба да се одвои непристрасно и истиот да го добие своето заслужено место.

Приказната со Ај што мерак имам бабо ја кажав и погоре. Едноставно песната доживеа прав момент и тоа е тоа. Кога треба да биде ќе биде. Мене ми е драго што песната достигна големи височини, барем за нашите македонски стандарди и драго ми е “, изјавил нашиот фолк пејач.

Јордан Митев на Фејсбук објави слики од негов настап во Швајцарија. Сликите се очекувани, Јордан пее, а оро се вие и сите се воодушевуваат од нашата легенда. Но една слика привлекува внимание повеќе од другите.

На Митев, досега сите му се поконуваа, но сега тој им се поклони на нив, на својата публика. Нашиот пејач клекна пред нашинците во Швајцарија во знак на поддршка што му се верни долги години, колку што тој се дружи со песната.

Previous articleАнтониа Гиговска позираше после туширање, завиткана само во крпа: На одмор сум (ФОТО)
Next articleВтора година по ред, два месеци е на море, само на оваа наша инфлуенсерка тоа ѝ успеа