Home Live Како се растеше некогаш во Скопје: Се враќавме негде околу ручек, на...

Како се растеше некогаш во Скопје: Се враќавме негде околу ручек, на по една кришка со домашен џем и теравме даље

Многумина денес со носталгија се потсетуваат на времето некогаш, кога се живееше во заедничката држава, Југославија. Во социјализмот, постоеше средна класа, јазот помеѓу богатите и сиромашните беше многу помал.

Секој можеше да си дозволи да оди на одмор, да земе кредит и да купи автомобил или стан. Платите не касне, најчесто се добиваа на 1. во месецот, здравственото осигурување речиси секој го имаше.

Но, она на што многумина се сеќаваат, воопшто на тие стари времиња е детството на сите кое беше различно од ова денес. Сите деца беа надвор на играње, немаше таблети, компјутери и паметни телефони.

Игрите кои се споделуаа беа во живо, а не онлајн, децата не се прибираа дома по цели денови, уживаа во игрите на улица со кришка леб во рацете и намачнн маргарин или џем.

Еден статус на Твитер го опишѕва тоа време наспроти ова денес и раскажува какво време дошло денес, а во какво време се живеело порано, во седумдесетите и осумдесетите.

-Ептен ги жалам денешните деца во каков свет растат. А бе ние утро-вечер игравме надвор, 100 игри менувавме у еден ден.

Од прво одделение сами одевме во школо, немаше никакви опасности. Сега растат како во затвор. И се полошо станува. Многу жалноС, стои во еден твитер статус.

И на Фејсбук, во статусот, Лукреција го опишува денешното време наспроти она време порано и вели:

– Лето, 1979, 33 степени. Изгор. Ќе извадеше татко ми цревото и ќе почнеше да полива по бавча. Мајка ми го имаше спремено џезвето за комшиките. Цела бавча мирисаше на мокра земја и свежо мелено кафе.

Ние, поголемите копиљаци од маало више бевме собрани со тоа точаците, кој на ѕивана, кој на гидан, ама прво у бавчата на тетка Јованка на по 2-3 праски. Клинците што не ги дружевме, се собираа на љуљашката што ја имаше ставено татко ми на вишната.

Се враќавме негде околу ручек, на по една кришка со домашен џем и теравме даље. Се враќавме негде приквечер, со тоа колената и лактите издраскани од паѓање и пентарење, со прљави нокти и скинати влечки, а старциве беа обично собрани и нечиј двор, на чашка муабет и смеење.

Паѓавме у кревет од умор, така, немиени… ви текнува???“

– Лето 2019. 43 степени. Татко ми полива некоја рајска градина сега. Цвеќињана се испоисушени, а викаат и вода да се штедело. Со комшиите не пиеме кафе пошто не знаеме кои ни се комшии.

Надвор не искачаме пошто нема клима. А и Јованка којзнае дали е жива. Децана не ги пуштаме со точаци, пошто има многу коли. А и да ги тераш надвор, не им се иде, буљат у тоа телефоните. Под клима.

Праски не кинеме од туѓи дворови, не знаеш денес кој све има пу шка. Кој нормален више прави џем дома…. Кај си цел ден, бе ти, полиција ќе викав…. Што ти е на колената, пак ли се тепаше?!

А и немаме више причини за смеење. Сон не не‘ фаќа од секирации..“, стои во статусот на Лукреција кој денес се коментира на Фејсбук.

Фото: Freepic, Фејсбук принстрин

Previous articleСузе Турунџиева: Како ме пречека големиот град? Првите 3 часа завршив во пoлициcкa станица
Next articleАнтониа Гиговска позираше после туширање, завиткана само во крпа: На одмор сум (ФОТО)