Home Live Оваа наша згодна водителка е голема обожавателка на Игор Џамбазов, со мерак...

Оваа наша згодна водителка е голема обожавателка на Игор Џамбазов, со мерак го следи на настап (ФОТО)

Игор Џаммбазов е секогаш многу интерсен и инспиративен во сите интервјуа, и тој секогаш зборува на многу теми од разни области. Во едно интервју за Фешнел, тој зборувал за тоа дали ги почитува мажите.

-Кај мажите не почитувам ништо. Навистина ние сме од друга планета, а вие од друга. Особено денес, „обичните“ македонски мажи, секојдневните личат еден на друг, како јајце на јајце.

За нив животот е завршен кога ќе се роди второто дете, почнуваат да пуштаат мев. Сум го пуштил и јас, но од сосема други причини. Македонските мажи колку и да сакаат да го избегнат тоа, сепак се Балканци, во највулгарната смисла на зборот.

И мене ме радува што вакви работи, како мојата книга, допираат и до најрадикалните примероци. Баш сега деновиве ми приоѓаат луѓе за кои не можам да поверувам дека воопшто во животот прочитале некоја книга. Но, оваа и некои мои претходни ја прочитале (се смее).

А кај жените – мене ме импресионира вашата упорност. Она што ќе го намислите, не сте мирни додека не го остварите. Иако, понекогаш знаете дека тоа е погрешно. Но, тоа ми се допаѓа! Тоа е филм, тоа е став!

Повеќе маани имаме ние. Кога бев мал мислев дека мааните се кај жените, но сега гледам дека не сум бил во право. Жените се тие што сепак го придвижуваат светот. Најголемите вој ни во историјата се правеле за жени.

Не се правеле како денес, за нафта, моќ, за координати замислени, каде што се делат држави на салфетки во ресторани итн.

Си замина времето кога жената можела така да го придвижува и контролира светот. Денес е време на пластични и сили конски жени, кои сè повеќе се оддалечуваат од вистинската жена.

Има примероци од женски хомосапиенси што не можам навистина да ги сфатам – зошто тоа си го прават себеси, на своето тело, организам, а не изгледаат никако подобро, изгледаат како кловнови, изгледаат смешно.

Нешто што не е природно и не во своите размери, не може да биде добро“, рекол Џамбазов.

Потоа добил интересно прашање кое гласи: Кога сте најубав, а Игор на ова одговорил на овој начин:

-Не знам дали имам прецизен одговор на ова прашање (се смее). Како старее човек, сè помалку се гледа во огледало. Баш пред некој ден моите другарки ме искараа зошто во зимската резиденција во Скопје, во бањата немам огледало.

Велам, имам во спална. А зошто немаш огледало? За да не се видам од сабајле (се смее). Веројатно сум најубав кога сум најсреќен. Зборувам за внатрешната убавина, оваа надворешната се прави кај добар шминкер, добар салон, ќе одиш малку на третман, ќе те напарфемираат…

Јас зборувам за внатрешната убавина… Веројатно кога си растеретен од проблеми… Ма, најубав сум во Слепче, особено кога ќе се качам во горната куќа, или во самиот манастир, од каде што се гледа половина Македонија.

Каде што само дишеш длабоко и си велиш, зарем е можно да биле волку умни пред 1000 години, па токму на ова место направиле манастир“, кажал Игор во ова интервју за Фешнел. Во Женски магазин, Игор раскажал како настанала неговата песна “Диши длабоко“.

-Диши длабоко“ е напишана 2000 и некоја во Кочани. Поточно во местото Гратче, тоа е она прекрасно езеро над Кочани со боја на маслинка. Напишана е за човек што се вика Зоки, таму попознат како Бисе. Тој и јас, цел живот се викаме „Брату“.

И кога ќе дојдев таму на гости, а тој ќе почувствуваше дека нешто не е во ред со мене, ќе го изговореше своето веќе легендарно „Диши длабоко, брату…“. На крајот на тоа лето, свиревме со бендот токму во неговиот град на „Деновите на кочанскиот ориз“.

Но, Бисе не се појави. Сепак го видов. Во мобилниот на наш заеднички пријател. Како прска со црево во некој двор, во некоја Англија, во некоја туѓина. Држи се, брату“. Потоа кажал зошто по долги години решил да се врати во театарот МНТ.

– Не знам што ме пишмани, ама знам зошто се вратив. Просто, затоа што таму припаѓам. Тоа е театарот на дедо ми и мајка ми, театарот на моето детство, а и на моите најголеми театарски успеси.

И едноставно добив непристоен предлог кој не можев да го одбијам. За тоа се најзаслужни тогашните директори Дејан Пројковски и Тони Михајловски. И на крајот на краиштата каков маж сум јас ако си стојам на зборот…хехехехеее…“

-Се трудев да ги запомнам најубавите совети. И мислам дека успеав да ги сочувам до ден денешен. Од нив двајца научив како навистина се сака театарот. Со посветеност и професионализам.

Иако секој од нас има свои „жолти минути“, па така за 35 години во театарот нормално е да се случат и некои грешки кои за среќа не влијаеа многу на мојата кариера“,рекол Џамбазов за тоа што научил од мајка му Анче и од дедо му Петре.

Во Јосифово, селото во близина на Дојран се одржал фестивал на кој настапил Џамбазов со својот бенд. И додека ја пеел песната „Welcome to the Hotel Macedonia“, стори објавила Марјана Станојковска.

Марјана е и пријателка и обожавателка на Игор, и често го следи на неговите настапи, па така и на овој на летниот фестивал во Јосифово.

Марјана всушност споила две во едно, и го следела Игор и го водела фестивалот, облечена во бел фустан со ракавици.

Previous articleПејачката од Ѕвездите на Гранд објави дека ќе се мажи, а господинот на кој му даде втора шанса никој не го знае (ФОТО)
Next articleСе огласи Марија Шерифовиќ, откако удри во својот автомобил по кавгата со саканата личност која ја изневерила