Home Live Пејачката од Ѕвездите на Гранд објави дека ќе се мажи, а господинот...

Пејачката од Ѕвездите на Гранд објави дека ќе се мажи, а господинот на кој му даде втора шанса никој не го знае (ФОТО)

Кристиња имаше 142 килограми кога за првпат се појави на сцената, но само со својата волја и дисциплина успеа да ја донесе својата линија до совршенство.

„После една година, имам 70 килограми помалку. Моето мени е индивидуално и зависи од тоа што сакам да јадам во тој момент.

Она што во никој случај не се препорачува е слатки и алкохол. После една година, можам само да кажам дека сум многу задоволна од постигнатиот резултат и дека сега веќе не жалам што не можам да јадам.

Количината што ја јадам е два-три залака, а понекогаш и ни толку. Ми се случува понекогаш да изгубам сила, но сето тоа е нормално. Најлошото помина и сега сум среќна “, изјави Крстиња за Нова.рс.

Најинтересен момент од настапот е што Кристиња беше облечена во старата облека, која сега „плива“ на неа. Крстиња Тодоровиќ, пред нешто повеќе од еден месец беше подложена на естетска операција за отстранување на вишокот кожа, која и ја вети Саша Поповиќ за време на натпреварот.

Оваа процедура помина во најдобар ред, но за конечни резултати потребно е одреден временски период се да си дојде на свое место.

– Пред две години направив операц ија на желудникот и ми помогна да ослабам неверојатни 88 килограми. После тоа имав проблем со вишокот кожа и пред околу еден месец ја направив таа процедура.

Многу добро ми оди, се оди добро, потребно е малку време се да се врати во нормала, но презадоволна сум и многу му благодарам на Саша Поповиќ – изјави неодамна пејачката во една емисија.

Саша Поповиќ го исполни ветувањето: Плаќа опер ација на Ѕвездата на Гранд. Саша Поповиќ уште за време на натпреварот ветил дека ќе ја финансира опера цијата за отстранување на вишокот кожа со кој се соочи пејачката откако драстично ослабела.

Сега ветувањето е исполнето и по сите потребни процедури Крстиња била успешно оперирана во Белград, што го соопштија и нејзините најблиски, пишува Гранд онлајн.

Имено, нејзината сестра Ивана сподели фотографија на Инстаграм, истакнувајќи колку е горда на неа.

„Браво, моја храбра лавица“, напиша таа во описот на објавата, а ниту нејзиниот сопруг не можеше да ја сокрие возбудата што ја сподели со сите негови следбеници.

Пејачката Кристиња Тодоровиќ се разведе од сопругот по четири години брак. Крстиња ја навела причината за нивната разделба, а како што вели за Курир, тоа не е нејзиното слабеење и подобриот изглед.

„Точно е, се разведовме на цивилизиран и убав начин, без груби и тешки зборови, сите сега ќе мислат дека по овие операции и процедури кои ме прават да изгледам подобро, го оставив поради новите додворувачи, кои се повеќе и повеќе, но тоа не е точно.

Проблеми во бракот имаше и порано, дури сега тој го достигна својот врв и решивме да се разделиме“, изјави Крстиња.

Крстиња летото го минува работејќи на црногорското приморје. Сепак, бидејќи линијата ја доведе речиси до совршенство, нејзиниот изглед често е мета на позитивни коментари.

Бидејќи Крстиња не ја симнува насмевката од лицето, многумина се запрашаа дали конечно е среќна во љубовта и дали си пронашла партнер.

„Има една убава приказна, и воопшто љубовта е таа што нè движи во се’, па мојата насмевка зборува повеќе од илјада зборови.

Се’ на се’, така ќе остане засега. Среќна сум за трансформацијата и за една господин кој се појави во мојот живот“, изјави пејачката за „Гранд онлајн“.

На Крстина секако и’ се годи љубовта, а според една нејзина објава на Инстаграм можеме да заклучиме дека таа ја вратила вербата во љубовта.

Така таа сподели слика од бидермаер со цвеќиња кој го фатила на свадба и го додала описот ,,Следна,” што всушност значи дека Крстиња е спремна за мажење, а господинот уште не и’ е познат на јавноста.

Previous articleАдријана Кеш е иницијатор за оваа фотографија во Пробиштип, меѓу присутните беше и Татијана Стефановска, двете Ирени и Гавазова (ФОТО)
Next articleОваа наша згодна водителка е голема обожавателка на Игор Џамбазов, со мерак го следи на настап (ФОТО)