Home Live Втора година по ред, два месеци е на море, само на оваа...

Втора година по ред, два месеци е на море, само на оваа наша инфлуенсерка тоа ѝ успеа

Во една од емисиите емисија на “Лазаров Шоу” некогашната македонска водителка на Бекстејџ и една од најпопуларните инфлуенсери Миа Костова дефинитивно си ја “разголе” душата и повторно со својата искреност ги освои симпатиите на публиката.

Како и секогаш брутално искрена и без влакна на јазикот раскажа за многу работи, а за прв пат откри и која е вистинската причина зошто “раскина” со Бекстејџ и зошто никогаш повторно не би соработувала со Канал 5 телевизија.

Во рубриката “Луто пиперче”, Миа испрати “отровни стрелички” и откри дека Лила Филиповска има “fake followers”.

Позитивните реакции од публиката пристигнуваат од ден во ден, а рекордната гледаност на емисиите се најдобриот одговор за тоа колку беше потребно вакво нешто во Македонија.

На прашањето во каков однос е со Тијана Скулиќ, со која заедно живее, таа зборува со посебна насмевка на лицето.

„Таа ме извади од мр твите. Во време кога бев во една токсична љубовна врска, од која едвај успеав да избегам, таа беше тука. Ми се смачи веќе да е зборува за мојата сексуална ориентација, ко да е тоа којзнае што.

Пред сè Тијана е мој најдобар пријател и таа ме научи дека за љубов не треба да се трудиш”, искрена е Миа.

Тијана ѝ помага и кога треба да се фотографира за на Инстаграм. „Една од првите работи кога почнав со Инстаграмот беа силиконските гради, кои ми се подарок”, откри Костова за Репортер.

Миа во едно свое видео на Инстаграм од плажа во Албанија, ги советува сите како да одат на одмор а да не земат кредит, и како може на одмор да се помине со 300 евра.

-Постојано размислуваш како да отидеш на одмор? Постојано мислиш каде да најдеш пари, затоа што ти недостигаат пари. А можеби е најдобро да кренам кредит. Нека не е обичен, нека е брз кредит.

Имам подобро решение. Многу често сум немала пари, и никогаш не сум кренела кредит. Зошто? Затоа што сум размислувала за иднината. Обидете се да заштедите минимално во текот на годината, околу 1.000 месечно, коиштои би донеле околу двеста евра годишно.

Ако немате пари, многу подобро е да се позајмине сто евра е многу подобро отколу да кренето било каков кредит што ќе го враќате целата година. Или делете го сместувањето со пријатели.

И сега ќе ме прашање како се заминува на одмор со 300 евра? Јас знам, затоа што сум го поминала тоа. Ако го делите сместувањето, тоа може да биде околу 100 евра, со рана уплата, ако зборуваме за било каде во Грција, сега- не зборуваме за Миконос.

Што се однесува до храна, еден Кам маркет за 7 дена нема да ве чини не повеќе од 2.000 денари. Или пак од искуство, подобро е да си ја пуштите чергата колку што ви е долга, отколку да кренете кредит од 30.000 денари, кој што за една година ќе ве чини 80, 100, 150 илјади денари…

Миа втора година по ред е во Албанија, во Дерми кое што излегува на Јонско море, и таа за Женски магазин раскажа како поминува таму, какви се цените, и како успеа да остане два месеци.

-Втора година по ред сум во Дерми, според многумина најубавото и најмонденско но и најскапо место кога станува збор за Албанија. Дерми го засакуваш на прва, за разлика од некои останати места во Албанија.

Многумина се скептични пред да дојдат, за веднаш после првиот впечаток да се изненадени од она што ги дочекало тука. Мора да признаам дека и јас бев една од нив, и многу размислував пред да прифатам лани. Лани поминав тука 90 дена, годинава 60. Веќе го чувствувам како дома“, раскажа Миа.

-Е сега, цените лани беа далеку поефтини, годинава се малку соленки. Да речеме, блиску до оние во Грција. Зборувам за Дерми конкретно.

Се наплаќаат лежалки, кафе околу 3 евра, ручек за двајца околу 50 евра, ноќевање од 60-70 евра нагоре за апартмани но имате и луксузни хотели кои се над 400-500 евра од ноќ.

Тијана го води маркетингот и социјалните мрежи, јас сум инфлуенсер за Македонија. Заради преуспешната година лани, добивме уште еден договор годинава. Јас би можела да живеам на море, сѐ е поинаку.

Лани некако многу ми дојдоа оние 3 месеци ама годинава се спремив дека ќе живеам на море и навистина е така. Буквално се однесуваме како мештани тука“, изјавила Миа. Пред да си оди од ова место, таа на Инстаграм напишала:

-Ќе ми недостига секој агол од ова местенце. Фала ти @havana.dhermi за уште едно лето и нозе во песок и вода што не завршуваат… Последните неколку дена само сум си носталгична пред време“, изјавила таа.

Previous articleДосега сите му се поколонуваа на Јордан Митев, а сега тој клекна за да им се поклони на овие луѓе во Швајцарија (ФОТО)
Next articleСаша Матиќ искрено раскажа кој му бил најголемиот бакшиш во животот- Ми тутна големи пари во џеб за само една песна