Home Live Саша Матиќ искрено раскажа кој му бил најголемиот бакшиш во животот- Ми...

Саша Матиќ искрено раскажа кој му бил најголемиот бакшиш во животот- Ми тутна големи пари во џеб за само една песна

Саша Матиќ, човекот кој ги испеа најубавите кафеански балади во последниве две децении беше на гости во Скопје, на 30.роденден на болницата „Неуромедика“. Матиќ беше специјален музички гостин.

Саша Матиќ е пејач за секој тип на концерт и веселба. Иако цената обично се корегира, тој зема 10.000 евра по настап, иако од друга страна се зависи од тоа во кој град пее, дали е клуб или прослава, работен ден или викенд.

Тој пред настапот кој бил во јуни, за Женски магазин кажал дека на секоја забава остава да го води расположението на публиката, и го пее тоа што го бараат тие, пред претходно смислен репертоар.

-Песните ги бирам сам. Но, кога сакам и друго мислење, ги пуштам песните на други муизичари, и на мои пријатели кои не се музичари.

На луѓе од светот на музиката, од светот на бизнисот. Ги слушам што ќе кажат, но мојот збор е последен. Се наоѓаме на средина, и она што е добро, го пуштаме во етер луѓето да го слушнат.

Потоа, го прашале: Во ресторан, во клуб, за да се орасположат, луѓети нарачуваат ваши песни. Кои песни вие ги нарачувате за расположение?

Кога како, зависи од атмосферата. Јас на пример „Јесен у мом сокаку“. Ако е забавна музика во прашање, тоа е Аки Рахимовски, „Јесен у мени“ на пример, или „Лаванда“ од Халид Бешлиќ. Зависи од расположението и атмосферата.

За сопругат, и за ќерките, тој кажал: И верувам, право да ви кажам. Кога не се гледаме, добро е да се зажелиме еден со друг понекогаш. Не сум строг. Не се поделени работите кај нас. Повеќе сопругата се занимаваше со ќерките, јас добив готов производ.

– Кога како, зависи од атмосферата. Јас на пример „Јесен у мом сокаку“. Ако е забавна музика во прашање, тоа е Аки Рахимовски, „Јесен у мени“ на пример, или „Лаванда“ од Халид Бешлиќ. Зависи од расположението и атмосферата.

За време на неговата долга кариера, тој имаше многу незаборавни искуства. Пејачот во емисијата „Скенирање“ се присети дека најголемиот бакшиш што го добил во животот бил 2.000 марки, а Зоран Шијан, европскиот шампион во кик-бокс и водач на кланот Сурчин, имал широк џеб.

Матиќ се присети на поканата од „М клуб“, а потоа им отпеа песна на дарежливите момци за огромна сума пари.

„Свирев по клубови во Белград, немав албум. Перица Огњеновиќ отиде од Звезда во Русија, мислам дека свиреше и направи проштална забава. А потоа ми се јавуваат од „М клуб“ и ми велат дека упокоениот Зоран Шијан е таму и сака да дојдеш само да му пееш ‘Два бели галеба’.

Овде кај Перица веќе се беше готово и реков ајде да одиме. Дојдов во ‘Клуб М’ го зедов микрофонот и почнав. Додека пеам ми дава пари, ги ставам во џеб, ми ги дава другата, ги ставам и во џеб.

А завршив, заминав во тоалет со другата и само го замолувам да провери што сум ставил во џеб, тој вели: „Тоа се твоите 2.000 марки“, изјави Саша во споменатата емисија.

Сепак, како што вели, секогаш кога некаде гостувал, или пеел на туѓ настап, сиот бакшиш што го добивал на микрофонот и го оставал на тој што пее по него.

„Отсекогаш сум го правел тоа, ако има забава и свири друг бенд, и одвојувам малку време, им го оставам бакшишот што го добивам на микрофонот.

Така е и сега, ги земам тие сметки и се враќам да им ги дадам на Влада, кој пееше таа вечер“, се присети пејачот.

Но, фронтменот на бендот кој пееше таа вечер, не сакаше да ги земе овие пари, како што изјави Матиќ, туку му предложи на нашиот популарниот да го однесе на појадок.

Previous articleВтора година по ред, два месеци е на море, само на оваа наша инфлуенсерка тоа ѝ успеа
Next articleИзвинување до Валбурга Батева Николоска