Home News Се огласија од Жан Митрев со добра вест за момчето од Штип:...

Се огласија од Жан Митрев со добра вест за момчето од Штип: Ние ќе го покриеме лекувањето за малиот Вили

Денес на социјалните мрежи, се рашири апел за помош на младиот Вилиј Иљов од Штип, кој е во тешка состојба по сообраќајка.

Познатиот активист од штип, Александар Ѓоргиоски, на социјалните мрежи сподели апел, за помош на семејството на Вили:

„Драги сограѓани Штипјани потребни сме на 14 годишно момче Вили и на неговата фамилија после тешка сообраќајна несреќа момчето се има здобиено со тешки повреди на главата и потребна е помош на фамилијата.

Ги замолувам јавно сопствениците на сите угостителски објекти кафичи кафани дискотеки да постават кутии за донации.

Ги замолувам сите пријатели познаници од дијаспората секој на свој начин колку може и како може да помогнемеме 🙏
300087118151032 Носител на сметка за донации ( Валерија Иљова мајка на детет )

Во текот на денот, се огласија од болницата Жан Митрев и соопштија дека тие комплетно ќе го покријат лекувањето на младиот Штипјанец:

-Клиниката Жан Митрев целосно ќе го покрие лекувањето на малиот Вили од Штип

Лекувањето на 14 годишниот Вили Илјов од Штип ќе биде целосно покриено од Клиниката Жан Митрев. Со оглед на состојбата на семејството и апелите на помош на социјалните медиуми, Клиниката одлучи целосно да го покрие лекувањето и да помогне на малиот Вили.

14 годишниот штипјанец е донесен во многу тешка состојба, во кома со инфекции и декубити, откако повеќе од месец дена бил лечен во друга здравствена установа каде се обидувале да санираат тешки повреди на главата здобиени по страшна сообраќајна несреќа.

По ова, Горгиевски се заблагодари на клиниката Жан Митрев:

„По мојата објава и апел за помош на фамилијата на нашиот сограѓанин Вили Ињов.

линиката Жан Митрев на својот ФБ профил објави прекрасна вест и најави дека лекувањето на 14 годишното момче од Штип ќе го покрие целосно 100 %  Р Е С П Е К Т

Valerija Iljova со господ напред се надевам дека детето за брзо време ќе се врати меѓу своите најмили и ќе има безгрижно детство !

Подај Рака Спаси Живот. Александар Горгиевски

Previous articleБлагоја Грујовски со јака екипа згодни пејачки и водителки, ама оваа фолкерка не оди никаде без мажот кој ѝ чува грб (ФОТО)
Next articleСоветник од Гевгелија со јавно обраќање до министерот Бектеши: Министре Крешник, да го решиме проблемот во нашиот град, по примерот на Арачиново