Home Live Снеже Велков се пошегува со сопругот: Јас тебе те зезнав, се омажив...

Снеже Велков се пошегува со сопругот: Јас тебе те зезнав, се омажив за тебе за лична карта

Снеже Велков во интервју за Репортер.мк проговори за досега некажани детали од нејзиниот живот и како таа си сврзала во крпче кога за првпат дошла во Скопје од Каменица.

-Вообичаено, утрото околу 6 е вообичаено време за станување и комунација моја со луѓето. И после, откога ќе видам дека сум пратила порака во 6 или некогаш во пет и пол, си викам чекај, што ќе си помислат луѓето или дека ќе ги разбудам.

Секое сабајле се будам околу 5:30, односно кога ќе изгрее сонцето и будењето ми е буквално со изгревот на сонцето, затоа што ми се кренати ролетните и ондак, автоматски така се будам.

Се спремам, веднаш, еве препорака и за сите, не се туфкајте, уште 5-10 минути, тука ми стои опремата. Ама се облакам, на невидено, на неизмиено, обично излегувам околу 6:15 или 6:30.

Го сакам тоа време, затоа што тогаш Скопје е најубаво. Мирно е, тивко е, можете да ја осетите убавината, можете да си ги слушнете мислите, со кои се соочувате во текот на денот, а движењето ми е по кеј, затоа што живеам во Тафталиџе,

некогаш низ Центар, до Аеродром доле до хотел Русија, па назад до Влае. Таа рута е отприлика 20-22 километри, секое сабајле.

За своето детство, Снеже не говорела многу пати. Таа е израсната во Македонска Каменица, а своето детство го претставува како спокојно место кое секогаш ќе и остане во срцето.

-Беше многу убаво да се живее таму, јас и ден денес се враќам таму, уште имаме имот. Таму кај што си израснал и мирисот на детството, нема шанси да ти побудат лоши спомени, затоа што секогаш има нешто убаво, а најубавото е кога си бил дете.

Има една манџа, мајка ми што ја правеше, ништо посебно, беше со компир, ама и ден денеска ме потсетува на тоа. И баба ми која што е покојна, исто така знаеше да направи баници и она безгрижното,

трчање по ливадите и собирање сливи, јадење јаболки и уште од тогаш јас возев точак со другарка ми, јас имав пони точак, ама немав сопствен, се знаеше брат ти го вози, па ти го наследуваш.

Во Скопје дојдов со тоа што се запишав во средното медицинско училиште, сум дошла пред 26 години, на 14 години.

Татко ми, а и генерално целата фамилија сакаа да имаат некој доктор во фамилија и изборот падна на Снеже, затоа што ги имав сите петки, затоа што бев одличен ученик.

Нејќев да бидам доктор, али може ли барем да бидеш забен техничар, демек дај барем стоматолог. И буквално така, не на сопствена иницијатива, затоа што јас отсекогаш сакав учителка да бидам или јазичар, филолог итн..

Понатаму, на мои полни 18 години одлучив дека јас сега ќе бирам што сакам. И татко ми и ден денес знае да ми замери, зашто не отиде да бидеш стоматолог, едно столче ќе си купевме.

Одлучив да се запишам на италијански јазик и книжевност и тоа повторно пресметано, затоа што сакав да се занимавам со новинарство, но не доаѓаше во обзир запишување на факултет по новинарство, сепак ти треба занает…

За почетоците на Ред Хот, Снеже беше позната како Снежана Стојковска, за што самата вели дека звучело како некоја професорка.

-Јас си имав зацртано уште од Каменица, дека јас сакам да работам на телевизија и буквално пешки, нема тука некој да те препознае тука. Имавме, неколку аудиции, ги читав во весник аудициите.

Се појавив, на една, на втора аудиција и на сите ме одбиваа. Бев сигурна дека јас во тоа ќе успеам. Тогаш имаше агенција за лица, направи Натали Грубовиќ и тогаш јас се пријавив таму, и освен тоа што бараа модели, не можев да бидам модел по што немам ни висина, од нејзината агенција се земаа деца за аудиција.

Адаптацијата ми беше тешка затоа што сепак Скопје е голем град. Буквално, тоа е еден сосема нов начин на живот. Кога доаѓаш тука, првенствено се соочуваш со стравот дека си оставен сам, јас и брат ми сами живеевме тука.

Една од многу битните работи ми беше што секогаш бев прва смена, затоа што ако требаше да одам втора смена и ако требаше да се враќам навечер, си мислев дека некој ќе ме на пад не, и на почетокот си знаев, морам да си ги бројам станиците.

Влегуваш во автобус, и јас си броев и тоа цела прва година средно никаде не мрдав, од страв. Јас уште од тогаш си врзав во крпче дека треба да зборувам литературно и вежбав пред огледало, читав.

Дури се зезам со маж ми, бидејќи тој не знаеше дека сум од провинција, замисли да ти зборев каменички. Бидејќи тој е стар скопјанец, многу е тешко да влезеш во такво семејство.

И му викам, јас тебе те зезнав, се омажив за тебе за лична карта, се шегува Снеже.

-Јас се доживувам како строга мајка и одам по оној стариот принцип, дека мајката е мајка, а родителите се родители и не треба да бидеме ние другари со децата. Со најдобриот другар, тој може да се зеза, може да не му одговори на телефон, со мене не може така да се однесува.

Ние родителите треба да им бидеме авторитет и од друга страна, исто сум поборник на тој дека мора да ми се обраќа со ,,мамо”, односно со ,,тато”, не го почитувам тоа да ми се обраќа со име.

Сопругот е малку ,,полајт” и има подругарски однос со големиот син и меѓусебно си кажуваат тајни, си се доверуваат еден со друг, меѓутоа секако ги дознавам тие. Кај малиот е обратно, па така балансираме, изјави Снеже за Репортер.

Previous articleИзвинување до Валбурга Батева Николоска
Next articleАдријана Кеш е иницијатор за оваа фотографија во Пробиштип, меѓу присутните беше и Татијана Стефановска, двете Ирени и Гавазова (ФОТО)