Home Live Сузе Турунџиева: Како ме пречека големиот град? Првите 3 часа завршив во...

Сузе Турунџиева: Како ме пречека големиот град? Првите 3 часа завршив во пoлициcкa станица

Нашата позната пејачка, наставник по музичко, водителка а и писеталка Сузана Турунџиева е мајка на две ќерки и баба на еден внук. Таа е инаку мнолгу хумана личност што се покажа по нејзиниото пријателство со Атиџе Муратова.

Сузана, иако веќе не е на одмор, се уште објавува слики од летувањето со ќерката, а на една слика, таа покажа еден прекрасен водопад, го посетила и уживала во него, но она што привлекува внимание на оваа слика се нејзините стомачни мускули.

Сузе е родена во 1969 година, и има 53 години. Таа изгледа како девојче, со нејзината совршена линија. На оваа слика, која ја објави од водопадите, таа всушност ја откри својата животна филозофија и тоа како навистина живее:

– Во системот на моите вредности конекцијата со природата е МНОГУ ВАЖНА. Затоа и живеам онака како што живеам, ПРИРОДНО!“, порача Сузана, а пријателите реагирале со позитивни коментари на оваа нејзина објава.

Во една прилика, воп интервју за hybrid.mk, Сузана раскажа како всушност почнала да пишува, а првата книга ја има напишано уште во 2007 година.

– Првата книга “Куфер со соништа” ми е издадена во 2007 година . Оваа книга беше поттикната од еден мој сон кој го сонував во годините додека ми се редеа прашалниците ‘зошто на брат ми мораше тоа да му се случи, зошто некои работи морале така да завршат…’

Никогаш не најдовме одговори кои ќе ни дадат објаснување зошто, кога му се случи сето тоа. И во еден сон се видов себеси како пишувам книга и како давам одговори на некои прашања.

Всушност, сонот го протолкував лично, а тоа беше дека јас морам да извадам нешто на хартија, да не трпам и да не потиснувам повеќе ништо во себе, затоа што сум човек кој длабоко во себе собира многу, се до еден момент додека не се почувствувам толку преполнета, што нема да знам каде да ја извадам целата моја тага.

Така почнав да пишувам. “Куфер со соништа” ми дојде сосема ненадејно како наслов, некаде на средина на книгата. Инаку работниот наслов на овој роман беше “Моите 20 години во Скопје”.

Се сетив дека ‘87ма ја напуштив Битола и тоа беше почетокот на 2007 година кога јас ги заокружував 20-те години живот во Скопје, односно 20 години живот без Битола.

Никогаш не ја прежалив и никогаш не ја чувствував само како место во кое сум се родила и живеела до моја 18-та година. Кога сфатив како ја напуштив Битола и како ме пречека Скопје, тоа беше моментот кој реши.

Имаше моменти за кои чувствував дека сакам да ги прескокнам ама се е наша историја, макар и не било нешто убаво во нашиот живот, макар имало и некои личности кои сакаш да ги избришеш. Но, гума за бришење нема.

Донесов одлука, со никого не ја споделив и си реков дека тоа моментот што го чекам, сум достигнала некаква ментална зрелост, тогаш имав 36 години и јас ова ќе го ставам на хартија.

Дали тоа некому ќе му се допадне или не, воопшто не ми беше важно и ден денес не ми е, иако многумина се уште многу несериозно го сфаќаат моето пишување. Но и тоа е показател дека нешто се прави, замислете никој да не изреагира, тоа е уште пос трашно.

Скопје ме пречека во полициска станица. Така и почнува книгата. Јас ја напуштам Битола, со срце полно грутки и солзи, глетката кога возот се оддалечува од станицата, а мене мислам дека целиот свет ми се преврти наопаку во еден миг.

Паметам дека патот беше тежок и напорен, а така го опишува и на самите почетоци. Заради недоразбирање со кондуктерот, кому исто така не му беше денот (се смее), мојата цимерка и јас од воз завршувамe во полициската станица кај железничката станица.

Моите први три часа во Скопје јас ги поминав во полициска станица. Тоа беше доволна причина за мене да почнам да го запишувам моето патешествие, како ме пречека големиот град, за кој јас имав толку големи соништа, толку големи планови и мечти. Дел од тие соништа оставарив, а дел останаа во куферот.

Така настана насловот. Сите мои неодживеани и неисполнети соништа за кои јас мечтаев како дете, се гледав на голема сцена, живеев за тој аплауз. Никогаш не ми беше срам да пеам, мене ми беше срам да зборувам.

Токму и на тие нешта се задржав, пишувајќи за првпат во мојот живот и не знаев колку треба да пишувам, кога е многу, а кога малку напишано.

Решив да го оставам тоа така, а многу ми помогна Винка Саздова, бидејќи ми го врати два пати за да го дополнам и веруваше во мене“, раскажа Турунџиева во ова интервју.

Previous articleСите се фалат со богато деколте, Марија Грувеска ги фрли во сенка со сликите од меден месец (ФОТО)
Next articleКако се растеше некогаш во Скопје: Се враќавме негде околу ручек, на по една кришка со домашен џем и теравме даље