Home News Доцна вечерва се огласи Данела Арсовска: Ќе се бара одговорност за изведбата...

Доцна вечерва се огласи Данела Арсовска: Ќе се бара одговорност за изведбата на новите улици

Поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, многу искршени дрвја и билборди, но и заглавени луѓе во своите автомобили…

Ваква е сликата во главниот град по невремето денес, кое беше проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер.

Четири автомобили од кои во еден се наоѓале и деца останале блокирани кај кружниот тек кај хотелот Континентал, a уште 15 лица биле заглавени во своите возила кај стоковната куќа Мост.

На двете локации биле испратени припадници на противпожарната бригада и брзата помош, но на патот едно од возилата на брзата помош заглавило во поплавениот коловоз на подвозникот на Стоковна куќа „Мост“, кој бил полн со вода.

Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме.

Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот Александар палас, кај Континентал и кај стоковна куќа Мост.

Интервенира и службата за итна медицинска помош. За МИА информираа дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повреди.

Вечрва се огласија од Ист гејт мол, објектот кој беше еден од најпогодените во невремето.

-Како резултат на лошите временски услови кои предизвикаа елементарна непогода на територијата на град Скопје, дојде до излевање на вода од атмосферската канализација на уличната мрежа, која предизвика поплавување на подземните нивоа на трговскиот центар.

Во овие услови, менаџментот на трговскиот центар донесе одлука да го затвори центарот за јавноста, и да ги евакуира посетителите и вработените.

Согласно усвоените сценарија за безбедност и заштита во услови на елементарна непогода, трговскиот центар беше евакуиран за кратко време.

Во моментов, заради безбедност на посетителите, возилата во подземната гаража на трговскиот центар ќе останат паркирани, се до исцрпување на водата.

Техничките служби во трговскиот центар во моментот работат на исцрпување на водата од подземната гаража. Овие активности ќе траат во текот на целата ноќ.

Во зависност од прогресот на активностите поврзани со санација на поплавата, трговскиот центар утре, во текот на раните утрински часови, ќе ја информира јавноста и закупците дали трговскиот центар ќе биде отворен за потрошувачите.

Вечрва се огласи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска:

„Силното невреме со обилни врнежи кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, предизвика поплави на повеќе места низ градот. Свикав итен теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, во моментов екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме.

Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен каде остануваме се до целосно санирање на проблемите на критичните места. Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица.

Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми,

но ќе се бара и одговорност за несоодветната атмосферска инфраструктура особено на ново реконструираните градски булевари каде се предизвикани најголеми штети.“

Previous articleПогледнете колку е згодна сестрата на Каролина Гочева, пејачката објави нејзина слика во бикини (ФОТО)
Next articleПосле она што се случи со сестра и, Северина се однесува како ништо да не било- се присети како овој згоден маж ја допре и сакаше да ѝ го открие шлицот на фустанот (ФОТО)