Home Live Нема само слики од журки и одмори, згодната манекенка која е сега...

Нема само слики од журки и одмори, згодната манекенка која е сега наставничка обкави слика како е облечена на работното место- во школо

Маја Глигоровска беше една од нашите најангажирани манекенки, на модните ревии и во модните кампањи. Пред неколку години, таа сосема се повлече од овој свет и ѝ се посвети на својата вистинска професија.

Маја веќе 12 години работи како одделенски наставник во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

Иако вели дека за некои родители на почетокот е незамисливо што „некоја манекенка ќе им била наставничка на нивните деца“, кога ќе ја запознаат, таа има одлична соработка со нив.

За себеси, Глигоровска вели дека е строг наставник и посветена мајка на Константино, кој има 15 години.

Маја за Женски магазин зборувала и за воспитувањето на синот и вели дека како самохрана мајка со овој предизвик се носи како знае и умее“, напиша Женски магазин минатата година.

-Генерално затоа што завршив Педагошки факултет, да бидам наставник е мој избор, децата се моја љубов, тука се пронаоѓам, се надградувам, учам јас од нив, учат тие од мене…

Среќна сум што имам можност да учествувам во нивниот раст и развој и пред сè образование.

Модните писти секогаш ми недостигаат..кога има интересна понуда која не се коси со мојата личност и мојот повик како педагог јас со радост ја прифаќам.

-Да бидам искрена сум слушнала коментари од типот на”наставничка ќе им била некоја манекенка”, тоа се случува пред да ме запознаат родителите на нови првачиња, но штом почнеме со работа нема предрасуди во врска со мојата предходна професија.

Јас не сум само убава жена туку и посветен наставник, не дозволувам да се делат децата, ги учам дека сите се рамноправни, работам на нивната самодоверба, разговарам со родителите на што да обрнат внимание во воспитувањето дома. Во координација сме 24 часа.

Коментари и стереотипи имало само од страна на оние кои не ме познаваат доволно. Убава жена не е е по дифолт недостојна да работи во образовна институција. Јас го докажувам спротивното. Верувале или не, важам за строг наставник“, рекла Маја.

Инаку, таа е рзведена долги години и раскажа како се носи со предизвикот самохрана мајка. Нејзиниот син Констатино исто така често го објавува на социјалните мрежи.

Се носам како знам и умеам. Можам да замислам да нема за мене но не и за моето дете. Тино ги следи светските трендови и секогаш знае што сака, но јас гледам сè што ќе добие да е награда за нешто сработено од негова страна.

За да знае дека не се доаѓа до посакуваните работи така лесно. Совет не би дала…верувам дека секоја мајка знае што е најдобро за нејзиното дете, исто како и јас“.

Пред неколку години, Маја се фотографираше со модниот менаџер Мики Црнокрак, и со уште неколку поранешни колешки и пријателки. “Најдоброто од Црнокрак”, пишува на фотографијата.

Додека се занимаваше со манекенство, Глигоровска има освојувано многу титули.

Најважна е онаа за Мис бикини Универзум во Кина, пред 15 години. Иако денес не работи како модел или како водителка на забавни емисии како во минатото, Маја редовно објавува фотографии на социјалните мрежи и изгледа совршено.

“Се повлеков од манекенството затоа што го достигнав врвот. Јас сум дипломиран одделенски наставник и оваа работа ме исполнува”, изјави Маја. Таа беше член на модното студио “Црнокрак”.

Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ Маја раскажа дека на моменти и недостасува модата, но потенцираше и дека педагогијата отсекогаш била нејзина голема љубов.

Маја често објавува слики и сториња од одмори, од журки со другарките, каде што е облечена во мини фустани, во бикини, во интересни и провокативни креации. Сега, Маја објави стори од своето работно место.

Нема веќе жури и коктели, туку свидетелства и наставничка канцеларија. Маја изгледа топ на ова стори, а облечена е во бел фустан погоден за на работа кој супер и стои.

Previous articleЦела Југославија во 1983 година го пизмеше овој пејач, па го обожаваше, тој стана богат, па заврши како социјален случај
Next articleЉупчо Златев: Видов снимки од ремек делото на залижаниот кај Мајчин Дом, да бевме држава многу лошо ќе поминеа инвеститорите и изведувачите