Home Live Огнен Јанески на одмор на монденско место, ќе крстари и ќе ужива...

Огнен Јанески на одмор на монденско место, ќе крстари и ќе ужива во термални води (ФОТО)

Новинарот Огнен Јанески во јуни годинава ја издаде книгата „Разговори за Конески“, која беше промовирана во Небрегово и е составена од интервјуа и прилози посветени на Блаже Конески или на настани поврзани со него“, објави тогаш Слободен печат.

Во неа се поместени 11 разговори на Јанески со познавачи на деллото на Конески меѓу кои: Трајко Стаматоски, Атанас Вангелов, Соња Стојменска-Елзесер, Вера Стојчевска-Антиќ, Људмил Спасов, Весна Мојсова-Чепишевска, Јагода Михајлова – Георгиевска и други.

„Идејата за книгата произлезе од потребата некои од бројните разговори да ги „запечатите“ во книга за да останат подолго.

Разговорите, заедно со професорот Атанас Конески, кој што е и секретар на Фондацијата „Небрегово“, сакавме да ги направиме спој од традиционален медиум како што е телевизијата и еден медиум кој луѓето, освен оние во науката, не го сметаат за медиум, а тоа е книгата.

Во „Разговори за Конески“ поместени се делови од семејната историја, некои работи не сум ги знаел“, раскажал Огнен Јанески за Утрински брифинг.

Во една прилика, Огнен му го честиташе роденденот на својот вујко, познатиот актер Марин Бабиќ и притоа раскажа дека всушност тој исто така можел да тргне по негвоите стапки, но не решил. Исто така, нагласи дека разликита од 40 години помеѓу нив како да не постои.

Денеска на господинот Бабиќ, вујко ми, му е роденден. Нашата разлика од точно 40 години е како да не постои наспроти заедничкото творештво кое последните години го имаме.

Растејќи, не мислев дека ќе има денови кога заедно ќе бидеме на сцените низ Македонија, иако се маткав во многу слични води како неговите, и покрај тоа што никогаш не се одлучив за нив.

Ама ете, Природата имала друга идеја, па ни дала гласови за да ги споделуваме со сите љубители на пишаниот збор. За уште многу заеднички, на здравје! Срејчен роденден, вујка!“, објави Јанески.

Познатиот новинар од ТВ 24, кој е познат по свojoт стил на облекување- пеперушката или народски кажано „лептир машната“, која стана неговиот заштитен знак, во едно интервју за Точка зборуваше за тоа како си поминал на патување во Русија и колу го засакал Санкт Петерсбург.

– Се радувам што со вашите читатели можам да ги споделам своите впечатоци од патувањето Руската Федерација, кое го доживеав и од професионален, но и од приватен аспект.

Можеби на многумина првиот впечаток им е дека се’ е премногу големо, прешироко и по малку создава чувство на збунетост и изгубеност, но, јас таквите искуства ги надминав преку живеењето во Њујорк, САД.

Тие што мене како впечатоци ми останаа се чистотата на градот, на улиците и насекаде, како и фактот дека во Москва не зборуваат странски јазици, освен рускиот, па дури и таму каде што работат со странци.

Тоа е сериозен проблем, а особено доколку не го познавате кириличното писмо, што за среќа за нас не е проблем, но сепак, е за многумина странци кои немаат никаква врска со Источна Европа“, рече Огнен, а потоа одговори на прашањето: „Москва или Санкт Петербург и зошто?“

– Санкт Петербург одма, сега и веднаш. Дури и би се преселил да живеам и работам таму. Тоа е град којшто има совршена комбинација на словенски дух, со европеизирани погледи, а без скандинавско-балтичката студеност.

Тоа е Европа – спакувана во 5 милионски град кој ви ја гали душата со уметноста (музика, сликарство, вајарство), книжевноста пред се’, архитектурата која во најголем дел не е повисока од 4-5 ката, смиреноста на жителите, а сепак радосно и пријателски настроени кон туристите (што не е случај со Москва). Таму историјата е на секое ќоше. Таму книжарниците се на врвот. Таму книгата е на пиедесталот.

Огнен објави слики од неговиот одмор, и тоа во Италија. „Одморот може да започне. Копнен, воздушен и поморски сообраќај во еден ден. Доаѓаш доцна во ноќта и се будиш со оваа убавина преку терасата“, напиша тој на Фејсбук од Искија.

Искија е вулкански остров во Неаполскиот залив во Италија. Познат е по своите термални води богати со минерали. Топли извори се појавуваат на плажата Маронти, на југ.

Источно, римските остатоци лежат под морското дно на плажата Картаромана. Плажата има поглед на средновековниот арагонски замок, поврзан со Искија со камен мост. Огнен потоа објави уште една убава слика, со која најаваи каде ќе крстари.

– Неаполски залив. Да се исплови кон новите дестинации, по островите Искија и Прочида. Вториот е главен град на културата за 2022 во Италија“, напиша новинарот до оваа слика.

Previous articleНикој не би рекол дека има повеќе од 25 години, нашата водителка ,,везе” младост, но и погледи во кратка сукња (ФОТО)
Next articleПогледнете колку е згодна сестрата на Каролина Гочева, пејачката објави нејзина слика во бикини (ФОТО)