Home Live Погледнете колку е згодна сестрата на Каролина Гочева, пејачката објави нејзина слика...

Погледнете колку е згодна сестрата на Каролина Гочева, пејачката објави нејзина слика во бикини (ФОТО)

Преку проектот „Македонско девојче“ публиката имаше можност да ја запознае во едно сосема поинакво светло.

Урбаната и тренди девојка со ултра популарни поп песни музички се насочи кон македонските музички корени и сите ги обзема со нејзините „чалгиски“, што беа како создадени за љубов со чаша вино доцна во ноќта“, објави Фешнел во една прилика.

Но,с ега Каролина Гочева пак ѝ се врати на поп музиката и ја објави песната „Од небо до дно“, за која таа самата ја напиша музиката, текстот е на Весна Малинова, а аранжманот на Роберт Билбилов.

Во интервјуито за Фешнел, Каролина зборуваше за свокот стил на облекување кој е секогаш уникатен и интересен и на оваа тема раскажа за нејзинара соработка со стилистката Цаци Паковска:

-Цаци е еден од најдобрите познавачи на светските модни трендови и за една минута знае да направи неверојатни комбинации, а и да спојува на прв поглед неспоиви парчиња.

Работиме повеќе од 10 години, а и приватно доста се дружиме и секогаш избираме стајлинзи и комбинации во кои се чувствувам добро, а мојот стајлинг приватно не се разликува премногу од сценскиот, освен што на сцена секако имаме малку поекстравагантни моменти.

Кога ќе видам некоја своја фотографија од пред неколку години, ми се случува да посакам да ја запалам(се смее), но секој прави грешки, тоа е потполно природна работа.

Секогаш сум облекувала парчиња во кои се чувствувам добро и никогаш не сум сакала слепо да следам модни трендови“, изјави Каролина.

За својот приватен жиот, за сопругот, уметникот Михаил Корубин, но и за мајка си, сестрата и внуките, но и за тоа кои се нејзините омилени песни таа има раскажано во Женски магазин:

-Имам и најдраги песни,и најдраги концерти, настапи, патувања… навистина имало милион случки низ годиниве…сум пеела и среќна, и тажна и болна и вознемирена…

Вака на прва, најдраги ми се можеби првите концерти во МОБ, 2014та со „Македонско девојче 2“, имаше некоја посебна магија од првиот до последниот, исто, анплагдот во 2012 во Универзална, летните амфитеатри имаат исто посебна магија, сноштипеев повторно во Хераклеја после 4 години…

Патувањата… за песните пак, се случувало некоја да ми се допаѓа премногу додека ја снимам, па после да не ми е повеќе толку драга, а исто и некоја отпосле да ми прирасне за срце… но без сомнеж, од оние кои најмногу ме погодуваат кога и да ги пеам ми се „Капка под небото“ и „Кој да ми запее“.

-Првиот настап ми беше на новогодишна приредба организирана од пионерски дом од Битола, ја пеев „Like a prayer од Мадона и уште од тогаш бев непоправлив тремаџија, хахаха.

Истава песна ја пеев неколку месеци пред тоа на „Шарам Барам“, тоа пак ми беше прво ТВ појавување. Имав 9 години и цел ден ги малтретирав моите по дома со моите „вокални егзибиции“ и со часови ги чекав на радио песните што ми се допаѓаа за да ги снимам на касета“, се присети таа.

Потоа кажа за одморот со сестра си, со мајката и со внуките: „Задничките одмори ми се една од најомилените наши традиции. Секоја година одиме некаде заедно ние 5.

Со сестра ми сме доста различни во повеќето работи, освен што со текот на годините се повеќе физички наликуваме. Како деца нормално многу се каравме и тоа главно за секојдневни глупости, најмногу за телефонот (во тоа време беше еден домашен) и цел ден беше кај сестра ми, хахаха, за облеки, кој филм да се гледа и сл.

И сега не се согласуваме околу еден куп работи и често знаеме да се скараме, ама па и многу сме блиски и многу се сакаме, особено јас нејзе. (се смее). Кога сме кај сегашните кавги, јас најчесто ѝ се лутам кога со часови не можам да ја добијам на телефон, особено ако е на пат.

Палавштините беа резервирани за сестра ми, секогаш беше похрабра, а и повеќе ѝ се прегледуваше низ прсти, второ дете Јас бев многу мирна и тивка додека растев, од оние деца што ќе влезат во просторија и ќе си седнат во ќош за никој да не ги види.

А искрено, ни сега не сум баш некој пример за екстровертна личност но сепак, сум до некаде, променета, би рекла на подобро.

Мајка ми е навистина жена на која би сакала да наликувам и драго ми е ако барем физички е така. Карактерно, не знам, можеби во нешто, но генерално, трите сме потполно различни, а заедно сме во совршен баланс. Не знам дал ќе се согласат ако го прочитаат ова но обично јас сум балансот, хахаха“, изјавила таа.

Каролина втор пат по ред годинава, беше во Хрватска со сестра ѝ и со внуките, а првиот пат таа објави и слики од мајка си. На Инстаграм профилот, Каролина објави слики од новиот одмор со сестрата и со внуките, Во Сплит.

– Уште една Хрватска со мои Јерчиќи…едвај чекам следна година пак!“, напиша Каролина до овие слики, но објави една која привлекува особено внимание. станува збор за фотка од нејзината сестра Сандра, во бикини на плажа, на која се гледа колку е таа згодна, како да е модел.

Previous articleОгнен Јанески на одмор на монденско место, ќе крстари и ќе ужива во термални води (ФОТО)
Next articleДоцна вечерва се огласи Данела Арсовска: Ќе се бара одговорност за изведбата на новите улици