Home Live Познатиот стилист кој ги разубавува сите наши пејачки и водителки, откри која...

Познатиот стилист кој ги разубавува сите наши пејачки и водителки, откри која му е омилена- па секој би го кажал тоа за оваа убавица (ФОТО)

– Јас сум задоволен од јавните личности кои знаат да ја носат мојата шминка, тука би ја споменал Каролина Гочева, Елена Ристеска, Ребека, Маја Вукичевиќ, Северина, Емина Јаховиќ. Меѓутоа често пати се случува да излезе некаква магија од девојка од секојдневието.

Често се случува некоја обична девојка кога ќе ја нашминкам се трансформира како да е таа најголема ѕвезда. Нема правила. Уживам кога ги шминкам и познатите и непознатите.

Не правам разлика. Моите клиенти потполно ми веруваат“, изјави во едно интервју за Точка нашиот познат стилист Александар Билјановски- Дадар.

Потоа, тој и додаде: Често се случува некоја обична девојка кога ќе ја нашминкам се трансформира како да е таа најголема ѕвезда. Нема правила.

Уживам кога ги шминкам и познатите и непознатите. Не правам разлика. Моите клиенти потполно ми веруваат“, изјави тој во едно интервју за Точка и потоа додаде:

– Пресудна е инспирацијата која што јас ќе ја добијам од клиентот. Ако некој седне и почне да кажува дека сака така, не сакав вака, не може она, може тоа, е тука е крај, се губи инспирацијата.

Не велам дека не треба да има договор со клиентот, јас секогаш ги прашувам за која прилика се подготвуваат, што ќе носат, морам психолошки да навлезам кај жената за да успеам.

\
И пред се таа шминка убаво да изгледа. Секако дека постојат безброј шминки и финеси, тука се оние правила во однос на техника, форма на лице и бои. Морам да кажам дека јас не се придржувам кон нив, јас сум самоук шминкер. Учам од се,секојдневно и така се надоградувам.

Учам од познатите глумици, од камерманите, од светло мајсторите, од режисерите, од фотографите“, рекол тој за Точка.

Дадар е наш познат шминкер, фризер или поточно кажано стилист кој има работено со сите познати наши личности. Многу македонски пејачки, водителки, манекенки.. поминале низ негови раце.

Каролина Гочева, Елена Ристеска, Ребека, Маја Вукичевиќ, Татјана Стојановска, Живкица, Мартина Михајловска, Александар Илиевска, Вера Мештеровиќ се дел од познатите кои Дадар ги има разубавено и уште ги разубавува.

Но, тука се и Северина и Емина Јаховиќ кои својот изглед му го јимаат доверено на Дадар кога биле во Македонија на настап.

Во една прилика во медиумите пишуваше дека тој им ги знаел сите тајни, но е лојален пријател и никогаш не ги зботувал наоколу затоа што покрај тоа што му се клиентки, тие му се и пријателки.

Вистина.мк во една прилика за него напиша:

Дека, Александар Билјановски – Дадар важи за најпознатиот и најдобар стилист во Македонија, знаат и врапчињата! Ама, дека е и еден од најдобрите газди, за сопственикот на „Мое студио“, веројатно до сега знаеа само оние кои работеле или се’ уште работат кај него!

Секој(а) од нив несомнено го добива она што го сработел(а), заслужила, остварила… и претходно договорила со сопственикот на „Мое студио“. Дека се одлични во извршувањето на својата работа, најдобро говорат бројот и зборовите на нивните клиенти.

Кај Дадар се закажува со денови, недели, па и месеци однапред… Таков е редот, зашто долг е редот на чекање!

Но и дека меѓу еднакво добрите вработени има и малку подобри или најдобри, деновиве дознаа и самите. Имено, сакајќи уште повеќе да ги стимулира, Дадар им приреди пријатно изненадување на своите вработени, избирајќи го најдобриот работник на месецот!

Дадар бил на гости на Бибе Јаневска- Ивановска, убавата презентерка од Канал 5 ТВ, која меѓудругите ја разубавува. Бубе на сликите кои ги објавил Дадар има убава шминка и едноставна и убава облека.

Тој за неа открил и дека му е омилена, пишувајќи на својот Фесјбук профил: На гости кај мојата омилена, Бубе Јаневска.

Previous articleКруме Спасовски ја раскажа вистинската прикиказна за „Чудна жена беше Вера“, и зошто од неа не може да се спаси
Next articleЕве што зборуваше Викторија Лоба за својот Ѓорѓи пред тајно да се омажи и зошто првично ја откажаа свадбата