Home News Шилегов: За да нема нејаснотии и да не проаѓа мантрата дека ми...

Шилегов: За да нема нејаснотии и да не проаѓа мантрата дека ми било криво

Вчера Скопје го погоди силно невреме, проследено со пороен дожд, град и ветер.

Беше направена штета на повеќе места во главниот град. На бројни локации невремето однесе настрешници, гранки, откорна дрвја и делови од покриви.

Поплавени се голем број улици, па направи проблеми и во одвивањето на сообраќајот. Граѓани преку социјалните мрежи се пожалија дека закочен или пренасочуван е и јавниот превоз на ЈСП.

Претпријатието „Улици и патишта“ информираше дека денеска 20-ина крстосници целосно се исклучени, или се на „трепкаво светло“, а во координација со полицијата се регулира сообраќајот.

Докај 22 часот, од Центарот за управување со кризи на бројот 112 добиле над 400 пријави. Информираа дека од досегашните проценки откорнати се повеќе од 30 дрвја и оштетени над 20 возила.

Според ЈП „Паркови и зеленило“, пак, пријавени се 40 локации на кои е побарана нивна интервенција, но од час до час стигнуваат и нови пријави.

„Се случува на една локација да има паднати повеќе дрвја и гранки така што бројот на потребни интервенции е многу поголем“, посочија од таму,

додавајќи дека на некои места каде е опасно да се делува ноќе и има потреба да се исклучи струјата, ќе се интервенира и во текот на утрешниот ден.

Еден од објектите кои беше најмногу на удар, беше новиот трговски центар Ист Гејт Мол, чии простории беа поплавени со вода, што претставуваше изненадување, бидејќи се работи за нопв објект, кој би требало да е граден по сите стандарди.

Синоќа се огласи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска:

„Силното невреме со обилни врнежи кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, предизвика поплави на повеќе места низ градот. Свикав итен теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, во моментов екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме.

Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен каде остануваме се до целосно санирање на проблемите на критичните места. Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица.

Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми,

но ќе се бара и одговорност за несоодветната атмосферска инфраструктура особено на ново реконструираните градски булевари каде се предизвикани најголеми штети.“

Вчера се огласи и поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој објасни како требало да биде поставена работата, за да не се случуваат вакви проблеми:

„За да нема нејаснотии (особено кај ботовите, со “мантрата” дека ми било криво):

Град Скопје, има (или би требало да има) Кризен штаб. Тие луѓе (и Градоначалникот) секојдневно би требало да примаат информации за состојбите во градот, вклучително и за најавените невремиња.

Согласно тие информации, се превземаат превентивни мерки (кои, за воља на вистината) не можат да превенираат секаква состојба, но можат сериозно да ги намалат негативните последици.

Сериозни луѓе, превенираат. Другите се “менаџери” …“, напиша Шилегов на својот профил на социјалните мрежи.

Previous articleСите слики на Маја Поцевска се УАУ, ама со оваа, убавата водителка се надмина себеси- вакво деколте нема во цела Македонија (ФОТО)
Next articleСпасе од Метео Сител го објасни пoтoпoт во Скопје: Што ќе се случеше акјо врнеше 12 часа