Home Live Спасе од Метео Сител го објасни пoтoпoт во Скопје: Што ќе се...

Спасе од Метео Сител го објасни пoтoпoт во Скопје: Што ќе се случеше акјо врнеше 12 часа

Невремето проследено со пороен дожд, град и ветер, кое го погоди Скопје, направи штета на повеќе места во главниот град. На бројни локации невремето однесе настрешници, гранки, откорна дрвја и делови од покриви.

Поплавени се голем број улици, па направи проблеми и во одвивањето на сообраќајот. Граѓани преку социјалните мрежи се пожалија дека закочен или пренасочуван е и јавниот превоз на ЈСП.

Претпријатието „Улици и патишта“ информираше дека денеска 20-ина крстосници целосно се исклучени, или се на „трепкаво светло“, а во координација со полицијата се регулира сообраќајот.

Докај 22 часот, од Центарот за управување со кризи на бројот 112 добиле над 400 пријави. Информираа дека од досегашните проценки откорнати се повеќе од 30 дрвја и оштетени над 20 возила“, објави Радио Моф.

Во период од половина час, обилниот дожд проследен со силен ветер и град ги претвори улиците и булеварите во Скопје во мали реки и езера. Поплавени беа и бројни подземни простории, домови, како и поголем трговски центар.

Подвозниците и овојпат се покажаа како критични точки, па голем број граѓани останаа заглавени со своите возила во поплавените подвозници.

Во скопската населба Аеродром, булеварот „Јане Сандански“, кој е главниот сообраќаен крвоток во тој дел од градот, беше претворен во река во која останаа заглавени дузина возила.

Голем број граѓани, додека се чекаше интервенција од надлежните служби, самоиницијативно се обидуваа да ги одглават затнатите шахти покрај булеварите. Надојдената вода го попречи движењето на возилата и на пешаците.

Во населбата „Кисела вода“, пак, силниот ветер однел покрив од станбена зграда, а има пријави и за голем број оштетени возила од паднати дрвја низ целата територија на градот.

Од Центарот за управување со кризи упатија апел до граѓаните да ги пријават настанатите штети од невремето на бројот 112. До сега имало пријави за паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, поплавени подземни простории.

Од ЦУК нагласуваат дека информациите се пренесуваат до надлежните служби и дека се интервенира по приоритет, односно првично им се помага на лицата што се во опасност.

Поголема количина вода навлегла и во трговскиот центар „Ист гејт“, каде, според видеа што ги споделија граѓани на социјалните мрежи, беше видливо поплавување во подземните ниво во објектот“, објави mk.voanews.com

Се огласи и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска:

„Силното невреме со обилни врнежи кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, предизвика поплави на повеќе места низ градот.

Свикав итен теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, во моментов екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме.

Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен каде остануваме се до целосно санирање на проблемите на критичните места. Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица.

Силното време предизвика и материјални штети кои веќе се санираат, а воедно вечерва кризниот штаб по целосна анализа на состојбите ќе најави решение за овие проблеми,

Но ќе се бара и одговорност за несоодветната атмосферска инфраструктура особено на ново реконструираните градски булевари каде се предизвикани најголеми штети.“ По оваа случка, со статус на Фејсбук се огласи и Спасе Јовановски, кој е презентер на временската прогноза на „Сител“.

-Само 45 мин ПОРОЕН дожд беше доволен да блокира улици, да се случат поплави, среде МЕТРОПОЛА! Не сакам ни да ПОМИСЛАМ што ќе се случеше доколу со ист интензитет врнеше дожд 12 часа!

Оштетени автомобили, куќи, подруми и тоа се поради ЧОВЕЧКИ фактор! Наместо да оштрите рогови и бистрите празна политика, да ја префрлате топката КОЈ Е КРИВ Засукајте ракавите и тргнете од основното АСАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА немаме…

Не дај боже поголемо з ло! Во сопствениот ИЗ МЕТ ќе се удавиме! Да не беше жално, ќе беше смешно!“, стои во објавата на Спасе кој на Фејсбук е под прекарот Рола до Бола.

Previous articleШилегов: За да нема нејаснотии и да не проаѓа мантрата дека ми било криво
Next articleВладо Јаневски проговори дали е вљубен: Секој има некој кој му фали – име и презиме нема да ви откријам