Home Live Владо Јаневски проговори дали е вљубен: Секој има некој кој му фали...

Владо Јаневски проговори дали е вљубен: Секој има некој кој му фали – име и презиме нема да ви откријам

Владо Јаневски го опеа Скопје во многу свои песни, од култните скопски места во „Евергрин“, преку „Чаирска романтика“ до „Ова е само наше Скопје“. И, по шест децении реши да го смени за како што вели многу полабаво место, Гевгелија.

Владо Јаневски отсекогаш го живеел животот за да ужива во него, па така прави и во овој период, кога денот во Гевгелија му поминува помирно отколку во Скопје.

Новата балада „Ненормален“ е уште еден негов потенцијален хит, и во Женски магазин беше повод за муабет, кој од насловот на песната, тргнал во уште неколку други интересни правци од неговиот живот.

Овде во Гевгелија сум надвор од круговите во кои циркулирав кога бев во Скопје и немам многу приватни контакти, едноставно затоа што овде познавам многу малку луѓе. Така и дотокот на информации ми е прекинат, не ги следам социјалните мрежи и не ми е воопшто лошо.

Па јас токму ради тоа и се доселив овде, да немам контакт со дневните вести и актуелности. Оној момент кога песната ќе се објави, мојата работа е завршена и не следам што натаму се случува со неа.

Затоа што знам дека, штом стане дел од мојот нормален репертоар и почнам да ја пеам на концерти, од реакцијата на присутните ќе дознаам дали им се допаднала.

Со скопски сленг речено: многу лабаво. Ниту некој ме бара за друштво, ниту јас ѕвонам некому за кафе или дружба. Не сум мерел, ама сигурно 90% од времето сум сам со себе и така ми е убаво.

Можеби е тоа така затоа што работните денови ми се интензивни и полни со луѓе, забава, дружење со познати и непознати. Во еден мој обичен неработен ден секогаш има време за прошетка, теретана, добар филм, интересна книга…“, изјавил за Женски магазин Владо.

– Обично кога одам на настапи им кажувам на некои мои луѓе „еве сега ќе ви отпеам една нова песна“, а сите ми викаат „добри ти се новиве, ама тие старите ти се подобри“.

Мое мислење е дека за да биде добра некоја стара песна, прво треба да биде добра нова песна.

Сметам дека само публиката е судија дали новата еден ден ќе стане добра стара песна. Тоа никој не го знае. Во нашиот бизнис се е тоа коцка. Никој не знаел дека „Некогаш и негде“ после 20 години ќе биде толку слушана како во старите добри времиња.

– Јас одамна завршив со фестивалите. По „Евровизија“ не сум бил ниту на еден фестивал и сметам дека откако ќе учествуваш на најдобриот фестивал во Европа, не гледам причина потоа да се појавиш на друг.

Јас откако го достигнав врвот во мојата работа, учеството на „Евровизија пред 20 години“, си реков дека тоа е тоа, бидејќи почнав од најбедниот фестивал во Македонија и стигнав до најдобриот во Европа.

На првиот фестивал ме гледале 150 луѓе во публика, а на вториот 150 милиони.

Затоа одлучив дека треба да прекинам со фестивалите, бидејќи се потоа е само враќање назад. Тоа беше моја концепциска одлука, а не дека ми престанала желбата да пеам.

Сеќавајќи се на моите почетоци мислев дека не е фер да му го држам местото на фестивал што мене ми е „дежа ву“, на некој нов, кому можеби тоа ќе му биде шанса и отскочна даска. Кога зборувам за моите почетоци, јас денес немаше да седам овде без „Црно тиквешко“.

Мене „Евровизија“ не ме направи пејач, туку песната Црно тиквешко на „Интерфест“ во Битола пред 200 луѓе ми беше „трамболина“. Јас моите сиромашни почетоци нема да ги заборавам никогаш“, кажа Владо за opserver.mk

Јас сум фирма што работи веќе 25 години и веќе имам испланиран начин на работа. Тоа подразбира дека штом се издаде песна тогаш треба да се изработи и спот. Откако ќе се направи спот, тогаш треба да се отиде меѓу луѓето.

Ако ти е добра песната и мислиш дека имаш хит, тогаш треба да одиш на концерти, а ако се организираат концерти тогаш сметаш дека е подобро да се случи во живо, отколку да имаш матрица. Значи едното си го влече другото. Кај мене нема изненадувања, туку се знаат правилата на игра.

Не е поентата да има уште еден Владо Јаневски на македонската сцена. Треба да се појави сосема ново име, со нов лик и со нова музика, ама да ги погоди луѓето на исто место.

Јас би бил пресреќен кога би постоел уште еден човек со остро перо, со култивирана мисла, како што биле моите идоли Балашевиќ и Бајага. Се надевам дека некаде некое дете чита книги, размислува убаво и слуша добра музика за да може еден ден да издаде песна која ќе може да допре на вистинското место.

Човек не се раѓа со тоа, туку треба да вложи време и труд, да ја дисциплинира сопствената мисла и својот естетски вкус во музиката и ако тоа еден ден се преточи во песна, која ќе допре до срцето, тогаш работата е завршена успешно“, додал тој.

Владо Јаневски даде интревју за ТВ Сител, а поводот беше песната, „Без тебе не ме бива“, во кое изјави: Публиката мислам дека си има попаметни работи од нас музичарите, ама како што реков не верувам дека публиката нешто не анализира, новата песна на Владо Јаневски или на икс ипсилон некој пејач.

Сите си имаат приоритети во животот, ама музика мора да постои“, изјави Владо за новата песна во рок звук. Но, тој даде и интервју за „Бекстејџ“ и таму го искоментира насловот на песната „Без тебе не ме бива“ и како што новинарката најави, Владо откри без кого не го бива:

– Сите имаме некого кој ни фали, и без кој чувствуваме дека некако не сме комплетни. Сега, име и презиме нормално дека нема да ви кажам, ама има некој“, откри Владо во Бекстејџ.

Previous articleСпасе од Метео Сител го објасни пoтoпoт во Скопје: Што ќе се случеше акјо врнеше 12 часа
Next articleВане Маркоски искрено раскажа зошто си замина од „Џевахир“ во кој толку уживаше и објавуваше фотки, еве на кое место ужива сега