Home News Данела Арсовска пред малку објави што планира да прави во следниот период...

Данела Арсовска пред малку објави што планира да прави во следниот период – на седница на совет на Град Скопје, проектите и се одобрени

Данела Арсовска речиси една година седи во градоначалничкото столче на Град Скопје и досега, многу малку од своите ветувања има реализирано.

Секако, главното ветување беше бесплатен автобуски превоз и обновување на возниот парк, но по стапувањето на функцијата, Арсовска потенцираше дека ќе биде потребно време тоа да се реализира.

Од многумина е оценета како најслабиот градоначалник на Скопје досега, особено негативни реакции за нејзиното работење имаше вчера, по невремето кое што го зафати Скопје.

Сепак, треба да се биде реален, дека состојбата со атмосферската канализација во главниот град и со лошоте градби на објекти и сообраќајници, датира од многу поодамна, не од вчера или од последната година.

Арсовкса во изминатиот перид се пофали со акција за чистење на депониите во Град Скопје, но од градската опозиција и беа презентирани фотографии од многу делови од градот каде состојбата со депониите е очајна.

Мета на критики беше и за интервенциите со асвалт во градскиот парк и на кејот по реката Вардар, а секако се памети и нејзиното конфронтирање со стручни лица пред Универзалната сала, која се уште чека на реконструкција.

Денес, Данела Арсовска на својот профил на социјалните мрежи, објави информација кои нејзини предлози поминале на седница на советот на Град Скопје, и што ќе се работи во следниот период:

„Предлозите кои ги доставив до Советот на Град Скопје на денешната седница беа изгласани, со што следат нови проекти во интерес на скопјани:

-Инвестираме во изградба на нови улици во населеното место Усје во општина Кисела Вода

-Се воведува нова автобуска линија 2Б од Ченто до Сарај

-За првпат Градот Скопје субвенционира електрични тротинети и велосипеди за млади лица до 29 години

-Отпочнуваме со реализација на проектот за систем за водоснабдување за Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ и Ласкарци

-Реконструираме 6 спортски терени во паркот во Сарај

-Ќе ја реконструираме улицата Христофер Жефаровиќ во општината Гази Баба

-Следи изградба на нова инфраструктура во општина Шуто Оризари на крак 18 на улицата Македонско косовска бригада.

Следат бројни нови проекти во интерес на нашите сограѓани, кои заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања.

Главната цел на новите градски проекти е во Скопје повеќе да нема заборавени населби, туку градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти во урбаниот и руралниот дел.“

Previous articleЗоки Фаци: После она што ми се случи изминатата година, пари повеќе не ме интересираат
Next articleЗдраво скопјани како сте, да ве прашам нешто – ве тера ли некој со сила да одите во Охрид