Home News Најпопуларниот факултет во Скопје е без своја зграда, шест години шајка не...

Најпопуларниот факултет во Скопје е без своја зграда, шест години шајка не е закована на карабината, а студените масовно се запишуваат таму зашто сакаат работа во приватен сектор и големи плати

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во јуни присуствуваше на свеченото доделување на дипломи на студентите за завршени дипломски и магистерски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Тој посочи дека во изминатите 11 години, од формирањето на ФИНКИ, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, факултетот бележи само растечки тренд и растечки интерес за упис на нови студенти“, објави Макфакс тогаш.

Премиерот ја искористи оваа пригода да ги поздрави и да им честита и на студентите, кои ги земаат дипломите на сите други факултети.

„Сакам да нагласам дека тоа се должи и на фактот што ФИНКИ ја прифати и сесрдно ја поддржа Националната стратегија за интензивирање на студиите по технички науки во насока на задоволување на потребите на економијата базирана на знаење и потребата на растечката информатичка и компјутерска индустрија која е двигател на растот на економијата“, додаде Ковачевски.

Тој спомена дека тој ја користи секоја пригода да ги мотивира инвеститорите да го искористат потенцијалот на земјата во информатичката технологија, како составен дел од развојот на зелената економија, дигитализацијата, иновациите и новите технологии, човечкиот капитал и развојот на инфраструктурата.

„Затоа преку Фондот за иновации и технолошки развој Владата поддржа над 780 проекти со инвестиција од околу 87 милиони евра.

Од овие 780 проекти 392 се старт-ап компании претежно основани од млади луѓе кои со својата иновативност и креативност ги надминуваат предизвиците од минатото и сегашноста се создаваат промени за подобро утре“, рече Ковачевски.

Ковачевски додаде дека Владата ја препознава важноста на условите за работа и учење на студентите и ќе се заложи за доизградба на зградата на ФИНКИ.

Новите згради на Факултетот за информатички технологии и Факултетот за физичко образование кои започнаа да се градат уште пред шест години, стојат недоправени и без никакви изгледи дека ќе се доградат во блиска иднина.

На нив одамна веќе нема работници, ниту некакви градежни активности“ објави Слободен печат во 2021 година.

За изградба на факултетите беше задолжена фирмата „Бетон Штип“, која од јули 2019 година е во стечај, со што беше прекината работата на сите проекти.

Во Скопје, покрај факултетите, штипската градежна фирма ги градеше и Офицерскиот дом и хотелот до него, лоцирани покрај Вардар на градскиот плоштад.

За изградбата на новите објекти на двата факултети, Министерство за образование и наука исплаќало пари согласно сработеното, па од предвидените 13 милиони евра за ФИНКИ биле исплатени 1.750.000 евра, додека за Факултетот за физичко образование, од предвидените 7 милиони евра се исплатени 1.150.000 евра.

Проф. д-р Иван Чорбев, декан на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), вели дека професорите и другите вработени се подготвени за онлајн настава, но и за хибриден начин, односно дел физички, дел онлајн.

– Зависи што ќе ни кажат од Министерството за здравство, односно Комисијата за заразни болести. Истото тоа важи и за организацијата на испитите и на колоквиумите. Ние, секако, сме подготвени за секоја варијанта.

Физичкото присуство со построги мерки ќе биде тешко да се организира, бидејќи ФИНКИ нема своја зграда“, изјавил за Нова Македонија деканот на ФИНКИ.

Но, интересот за овој факултет е огромен и покрај оваа состојба. На Фејсбук страницата на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), се објавени слики од студените кои масовно се апишуцат на овој факултет.

Овие слики од студените кои ги сподели и Фејсбук страницата Скопје скопска, која даде свој опис:

-Децата знаат што сакаат. Се запишуваат на ФИНКИ, масовно. Сакаат работа во приватен сектор, за големи плати. И да, се запишуваат на Факултет без сопствена зграда.

Актуелната Влада 6 години шајка не закова на карабината на Бит Пазар која е на ФИНКИ. Најпопуларен факултет, без своја зграда. Уаа аааа ло пови“, стои во описот на сликата.

Previous articleВане Маркоски искрено раскажа зошто си замина од „Џевахир“ во кој толку уживаше и објавуваше фотки, еве на кое место ужива сега
Next articleЖените во Југославија ја имале оваа специјална моќ- овие работи денешните домаќинки не можат ни да замислат да ги прават!