Home Live Ване Маркоски искрено раскажа зошто си замина од „Џевахир“ во кој толку...

Ване Маркоски искрено раскажа зошто си замина од „Џевахир“ во кој толку уживаше и објавуваше фотки, еве на кое место ужива сега

Скромностa и професионалноста е она што го отсликува. Ретко позитивен човек со неверојатна харизма која што не може да ја задржи за себе ниту за миг. Духовит и незаменлив, едноставно сите го сакаат, а има и зошто!

Ова во една прилика го има објавено momentt.mk за нашиот познат Тв водител Ване Маркоски, кој долго години работеше во Канал 5 ТВ, а потоа направи тарнсфер во МТВ.

„До 2017 година мислев дека “се што лета, се јаде”. Работата во медиуми ја гледав многу поинаку од сега. Затоа периодов, досега, од мојот живот, можам да го поделам, пред и по таа 2017.

Зошто? Ќе се вратам на првата реченица. Бев опкружен со многу луѓе околу мене. Верував дека ако човек работи во медиум е кој знае што… и.т.н. Поради приоритет на се што се случува надвор околу мене, ја запоставив душата.

Со години сум ја труел со разни глупости, за да на крај завршам во болница, еден месец, но доволно да го поставам прашањето:

Дали јас знам што имам во себе и дали ова е веќе сигнал дека не правам нешто како што треба?“, изјавил Ване за овој медиум.

Ване Маркоски неодамна oбјави кој му помогнал и му подал рака кога му било најтешко. Тоа е неговата колешка Вики Ристоска, која го работи проектот „Приказна“, во кој се разработуваат социјални теми:

„Колку е само денес реткост да најдеш пријател кој ќе ти подаде рака кога ти е потребно. Од нигде-никаде. Чест ми е што те познавам, сега и што соработуваме, што имам можност да учам како треба од голем човек и голем професионалец.

Да си ми жива и здрава Вики Ристоска. Среќен роденден ти посакувам и само убавини, затоа што заслужуваш многу!“, напиша тој пред извесно време.

Во едно неодамнешно интервју се потсети на своите почетоци и тоа како влегол во новинарството, па за јавноста откри како изгледало сето тоа.

Искрено, тоа беше многу одамна, пред некаде 15-тина години. Колку што добро ме држи сеќавањето, ќе пробам да се навратам на приказната, малку ќе биде подолга, но е интересна.

Почеток на декември 2002 година и како што листав по TB каналите дома, налетав на еден оглас за водители во локалната телевизија „Кисс“ од Тетово, бидејќи по потекло сум од таму и таму живеат моите родители се уште.

На тој оглас се бараа млади кретивци за нови емисии. Веднаш се пријавив и по некој ден заминав на аудиција. Носев некои светли фармерки и небесно син дуксер, а надвор растопен снег, вода на секој чекор…

Тргнав пешки, бидејќи немав пари за такси и како што веќе се приближував до просториите на телевизијата, наиде еден камион и ме направи целиот со кал.

Но, влегов таму, ми дадоа да прочитам некои најави, прв пат застанав пред камера во мојот живот и помина се брзо. Не ми се јавија и јас веќе тоа го заборавив се до самиот ден 31 декември,

кога заминав да ја скратам косата и во салонот каде бев случајно улета екипа од самата телевизија која нешто снимаше за новата година.

Новинарката ме препозна и ми кажа дека не можеле да ме најдат затоа што не сум оставил број, затоа што сакав брзо да киднам од таму, најверојатно.

Ми соопшти дека сум избран за да бидам дел од нивниот тим. И така од сосем случајна средба, тој ден, мене ми се промени животот.

Можеби да не се случеше тоа, денеска ќе работев нешто друго. Веќе следниот месец од новата година почнаа емисии, проекти и.т.н.

По шест години поминати во комплексот „Џевахир Скај сити“, од каде што редовно објавуваше фотографии, водителот Ване Маркоски реши да го смени местото на живеење. Маркоски се пресели во Сопиште, и вели дека ужива во мирот и во тишината на своето ново маало“, објави Женски магазин.

Ако пред 6 години сакав град, гужви, бука, раздвиженост, сега веќе сум во некоја друга фаза од животот. Ми беа потребни мир и тишина. Долго размислував да направам куќичка некаде уште подалеку од центарот на Скопје, дури и гледав плацеви во Маркова Сушица.

Во последен момент, по препорака на мојата колешка од МТВ, сега веќе и сосетка Јована, решив да го видам станот во Сопиште. Ако зборуваме од аспект на тоа што ми беше потребно за мир во душата, да, помирно е, иако не велам дека секој сака да е понастрана од градот.

Почист воздух, планина, тишина, тоа знам дека ми треба. За останатите материјални аспекти, секаде може да биде исто или различно, во зависност од тоа каков живот живееш“, изјавил Ване.

Previous articleВладо Јаневски проговори дали е вљубен: Секој има некој кој му фали – име и презиме нема да ви откријам
Next articleНајпопуларниот факултет во Скопје е без своја зграда, шест години шајка не е закована на карабината, а студените масовно се запишуваат таму зашто сакаат работа во приватен сектор и големи плати