Home Live Зоки Фаци: После она што ми се случи изминатата година, пари повеќе...

Зоки Фаци: После она што ми се случи изминатата година, пари повеќе не ме интересираат

Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, со години важеше за еден од најконтроверзните естрадни новинари.

Иако се повлече од телевизија, тој и понатаму привлекува внимание на социјалните мрежи, но и со јавните препукувања со луѓето од естрадата, објави Репортер во една прилика.

Тој веќе некое време не работи како новинар, но со емоции зборува за годините поминати во медиумите. Приказната тргна пред 15 години, кога почна да пишува прилози за животни во весникот „Вест“.

Од тогашниот уредник Горан Михајловски доби шанса да пишува за естрадата. Кога по некоја година почна да работи на телевизија, ја направи емисијата „Фаци“ и го доби прекарот што го носи и денес.

„Таблоидното новинарство е една од најтешките професии во Македонија. Сум снимал и политичари и про сти тутки, но од сите најголем предизвик ми бил Азис. Дојде во емисија со тројца дечки, тројцата исто облечени.

Па кога го прашав дали има парт нер, ми кажа дека е во врска со еден од нив, но не сакаше да открие кој и додаде дека тие секогаш се облекувале исто за новинарите да не дознаат“, се сеќава Зоки.

На прашањето дали измислил афера за некого, само за да му се одмазди вели: „Признавам, сум го правел и тоа“. Не крие дека во минатото некои луѓе му плаќале за да ги направи ѕвезди. Но, сето ова низ годините му донесе и проблеми.

Дедо ми беше сточар, имаше своја фарма и тој ме научи да јавам на шест години. Иако имаше многу внуци, секогаш велеше дека јас ќе бидам негов наследник. Станав ветеринар, но никогаш не работев во струката“, раскажа Зоки за „Репортер“.

Музика 24, во една прилика за Зоки објави- тој е познат македонски естраден новинар, и нема некој од македонската музичка сцена што не застал и не разговарал со него да даде интервју или пак било каква изјава.

Многумина се плашеа, а можеби и се уште се плашат од неговата појава, од неговите прашања кои рака на срце се на место и се баш во интерес на она што тој некогаш го работеше.

Од познатата А1 телевизија продолжи да работи во неколку интернет портали, своевремено имаше свое тв шоу, весник, беше дел и до 1тв, за денес да е маркетинг менаџер во познатиот и препознатлив “MiCasa” – хотел и стек хаус кој се наоѓа на Скопското Кале каде може и да уживате и да убаво и квалитетно да се најадете.

„Во Македонија, пред 15 години се појави Фаци, воведовме спо нозруши и трачеви. Во тоа време беше тоа ш -ок.

Да видиш ци цки на телевизија…“, му рече Зоки на Стефан за своите почетоци. Потоа, Стефан му се пожали дека има проблем со гости за снимање, дека тешко прифаќаат да му гостуваат.

Зоки му го објасни и тоа. „Тоа е затоа што нашиот народ Стефан е гл уп. Треба да сфатат дека тоа е едно бо јно поле каде што добиваат и губат, ама повеќе нашиве ѕвезди губат зашти не се појавуваат во вакви емисии како твојава, или како што беше мојава.

Не сум јас таква, јас не се соблакам, јас немам фраер, јас немам фраерка…“ Потоа зборуваа за тоа кои наши ѕвезди се разголиле во професионлни фотографии. „Тамара се со блече за „Пелистерка“.

Јавноста ја исплука заради тоа, а жената баш беше згодна, убава. А тие што работат во банка или во кладилница, тие се фини. И мене да ми даде „Пелистерка“ сега добри пари и јас ќе е со блечам, и на коњ ќе се качам“, рече Зоки Фаци во Лазаров шоу.

Во Репортер, тој прозбор и за проблемите со здравјето кои ги имал:

Кога ми кажаа дека имам ту мор, отидов во црква да се помолам. Од ногата ми извадија ка нцер од 750 грама. На почетокот не можев да си ја гледам лузната. Ми требаше долго време да ја прифатам и да се навикнам на неа“, искрен е Зоки за болеста.

На почетокот се повлекол во себе. Комуницирал само со неколку луѓе, меѓу кои и Лила Филиповска, која му била голема поддршка.

Вели поминал лесно, без хем отерапија и две недели по опер ацијата веќе бил на нога.

Мирот оттогаш го наоѓа во куќата во Катланово, која му ја остави починатиот татко, ама мир наоѓа и покрај коњите во клубот „Бравадос“ каде што доаѓа често.

Зоки Фаци денес слави роденден, и тој на Фејсбук искрено раскажа за тешката битка со здравјето која ја имал во овој период и објави:

-Годинава што измина, го победив кан церот на нога,помина и таа битка, денес ми е роденден, посакајте ми здравје, друго се имам.

Не се пронаоѓам повеке себе во материјалниот свет, фала му на Бога за секоја идна секунда. Додека научиме како да живееме, животот поминал, затоа учете од животните лекции и живејте со полни дробови…х.б.то ме“, напиша Зоки на Фејсбук.

Previous articleКалиопи прозборе што ѝ ја продолжува младоста и објави слики без трошка шминка и без филтери- вака природно изгледа во шестата деценија, секоја чест (ФОТО)
Next articleДанела Арсовска пред малку објави што планира да прави во следниот период – на седница на совет на Град Скопје, проектите и се одобрени