Home Live Аца Лукас доаѓа во Скопје на приватна журка, еве колку чини еден...

Аца Лукас доаѓа во Скопје на приватна журка, еве колку чини еден негов настап, цената е солена, како и билетите

Автобиографијата „Ова сум јас“ на фолк-пејачот Аца Лукас, во која открива пикантерии од својот богат живот, ја бранува јавноста од мигот на нејзиното објавување.

Освен за ска нда л-ите во односот со бившата сопруга Соња Вуксановиќ, Аца раскажува и за односите се своите колеги, меѓу кои и со Лепа Брена.

Имено, Аца опишува зошто не присуствувал на свадбата на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ.

Во светот на шоу-бизнисот и свадбата на најмилото е исто така бизнис. Затоа венчавката беше организирана во четврток, за пејачите да можат да работат за време на викендот.

Десеттина дена пред венчавката, го сретнав Шабан Шаулиќ на еден од европските аеродроми. Тој беше куќен пријател со Брена и Боба.“

„Знаеш кој ме покани на свадба?“ – ме праша Шабан. „Знам. Брена и Боба“ – му одговорив.

„Не! Александар Софронијевиќ, шефот на оркестарот што ќе свири на венчавката, ми се јави. Тој ме праша кои две песни ќе ги испеам на венчавката“ – разочарано ми рече Шабан.

„Ете, затоа Цеца, Шабан и јас не бевме на свадбата… Затоа што знаевме дека не’ викаат како изведувачи на пејачки дела, а не не’ канат како пријатели на семејството“ – напиша Лукас.

Неодамна пејачот Аца Лукас изјави дека никогаш во својот живот немал љубовници додека бил во брак, а тие што тоа го прават ги нарече клошари.

Пејачот смета дека тоа е многу недолично однесување, а кога некој сака да ,,шара” низ град подобро да се разведе и да си прави што сака додека е слободен.

– Јас сум човек кој нема љубовници. Кога бев во брак, немав љубовница. Љубовница значи љубов. Познавам неколку мажи што имаат љубовници и им кажав, имаат жена од 30 години, три деца, а на љубовниците им купуваат станови.

По разводот со Аца Лукас, Соња Вуксановиќ доби семејна вила на Бежанијска коса, додека фолкерот се пресели во стан во Вождовац. Таа остана да живее со ќерките Викторија и Софија.

Соња ретко се огласува за медиумите, но е активна на Инстаграм, па често прикачува фотографии од луксузниот дом кој го опремила по нејзин вкус.

Омилен детаљ и е огледалото кое се протега по целиот ѕид, каде што најмногу ги слика стајлинзите, а во чиј позадина се гледа пространа дневна соба опремена до најситен детал.

Има и мермерни скали, како и месингана ограда. Соња за време на празниците посебно го украсила својот дом за да изгледа потопло, што особено ја радува нејзината ќерка Викторија.

Домот го красат уметнички дела, скапоцени детали, но и прекрасни цвеќиња во кои Соња посебно ужива. Да потсетиме, Лукас во својата книга „Ова сум јас“ детално ја опиша нивната врска, но и кавгите кои, како што истакна, биле стр ашни.

– Почнуваат кав гите. Страш но. И двајцата погрешивме, се разбира, но не ги признавме нашите грешки. Низ кав гата сфатив дека почна да се враќа стариот Аца, кој кажува што мисли и прави што сака.

И бидејќи беше забрането, почнав да доаѓам дома пиј ан. Аца во најлошото издание! И сè полека почна да го губи своето значење.

– Таа во кавгата наброја што сум јас. Нашите кавги беа стра шни. И таа кав га пред децата. Вените на вратот ни пукнаа од викање и изгледа дека ќе експлодира. Тврдоглави и двајцата, не го прифаќаме нашиот дел од вината.

И пага нски јазик дури и за разбеснета жена – напиша Лукас и додаде дека тогаш ја признал својата непостоечка вина за семејно насилство и добил една и пол година, условно три години.

Аца Лукас долго време важи за еден од најбараните, но и најпопуларни пејачи на естрадата, а неговите настапи секогаш се исполнети до крај.

Публиката речиси секогаш бара екстра билети, па на влезовите во клубовите секогаш има голема гужва. Така беше и во една прилика во Дизелдорф, каде Лукас настапи во престижна дискотека каде создаде атмосфера за паметење!

Како што пренесува Курир, во дискотеката во која настапувал Лукас билетите се продавале по цена од 25 евра по лице, а оние кои сакале да ја поминат вечерта на сепаре морале да издвојат 1.500 евра.

Инаку, пејачот зема од 20.000 до 25.000 евра за настапи во клубови, додека неговата цена за салите се движи до 30.000 евра. Ацаќе пее во Скопје на 30 јуни, а го ангажира познат скопски ресторан за прослава на нивниот роденден.

Во Скопје сепаре не чини 1.500 евра, но оние кои сакаат да пијат водка додека го слушаат, со апетисани и вода, за пет билета со овој пакет треба да издвојат 9.000 денари.

Previous articleИма 66 години и не старее познатиот пејач, напротив го промени својот заштитен знак и ретко кој го позна (ФОТО)
Next articleНема да ви се верува како изгледала Елена Велевска на насловна страна во весник во 2003 (ФОТО)