Home Live Како неславно заврши еден од најславните актери во Југославија, го обожаваа сите,...

Како неславно заврши еден од најславните актери во Југославија, го обожаваа сите, и млади и стари

Легендарниот актер Давор Дујмовиќ го покажа својот величенствен талент веќе на осумнаесетгодишна возраст, играјќи го главниот лик во култниот филм на Емир Кустурица „Дом за бе сење“.

Поради начинот на кој го толкуваше славниот Перхан, беше прогласен за еден од петте најдобри актери во Европа. А потоа на почетокот на деведесеттите падна во канџите на недозолените супстанци…

На Давор, кој по потекло е од Сараево, сите му предвидуваа интернационална кариера, стана миленик на публиката ширум Балканот, па дури и го споредуваа со Дастин Хофман.

Сосема случајно ја доби улогата на Перхан, по која се прослави и надвор од границите на поранешна Југославија. Семејството на Давор било многу сиромашно, едвај врзувало крај со карај.

Додека овој талентиран млад човек посетувал второ одделение во нижото музичко училиште, тој имал навика после часови да го посетува својот татко, кој тогаш работел во маркетот „Маркале“.

– Бевме сиромашни, немав инструмент, но мајка ми знаеше чистачка на музичкото училиште која ми ја отклучуваше училницата навечер и јас вежбав таму – рекол тогаш Давор.

Филмот „Дом за бесе ње“, се смета за едно од најголемите достигнувања на екс југосоловенската кинематографија, а го одбележа и одличната глума на македонската актерка Синоличка Трпкова, која ја толкуваше улогата на Азра.

Синоличка Трпкова, македонска актерка, првпат и се претстави на југословенската публика во филмот „Среќна Нова 49“ во епизодна улога на само 21 година, напиша за нашата актерка najzena.rs

Следеа неколку улоги во серии и театар, а Синоличка ја доби првата голема шанса во филмот на Кустурица. Таа на екранот убедливо го прикажа ликот на невината и кротка Азра, иако, како што тогаш рече, Азра и направила многу неволји.

– Кустурица го привлече мојот физички изглед, му одговараше наивно и младешко лице, кое во основа немаше никаква врска со мене. За мене беше уште потешко да го играм.

Вистина, најдов некои сличности меѓу нас две, но наместо да ми помогнат, тие само ми одмогнаа, поради сцвените кои беа доста солободни – изјавила актерката во една прилика.

Давор Дујмовиќ, во една прилика застанал да се напие сок во блискиот ресторан, каде штотуку пристигнал Емир Кустурица со неговиот помошник. Штом го здогледале, асистентот му пришол и го прашал дали може да учествува на аудицијата за филмот „Татко на службен пат.

Оваа понуда тој не ја одбил и се согласил, а при пробното снимање се испоставило дека младиот Емир беше совршен за улогата.

Во актерството се заљубил уште првиот пат кога го запознал работејќи на филмот „Татко на службен пат“, па затоа решил да се запише на филмска академија.

Сепак, првиот пат не успеал да ја добие улогата, а потоа не се ни обиде повторно. Но, и без официјална диплома и формално образование, тој стана еден од петте најдобри актери во Европа.

Вој ата го затекна Давор во Сараево, од каде замина во Белград. Во тој период сними уште неколку филмови од кои најпознат е „Андерграунд“. Беше запаметен и по улогите во „Топ листа на надреалисти“.

На само 30 години, на 31 мај 1999 година, по долга борба со деп ресијата, тој реши да си го одземе животот во Нови Место. Така неславно заврши животот на славниот актер.

Previous articleВо Ванила кај Чичко Стоилко на неизбежната Принцес крофна и лимонада, еклер и Срнеча леџа- најпозитивниот скопски лик потсети како се живеело некогаш
Next articleПо долго време, во јавноста се појави Благица Павловска, ослабена и подмладена, во друштво на оваа наша згодна фолк пејачка (ФОТО)