Home Live Нема лабаво – Ламбе засука ракави и седна да прави зимница

Нема лабаво – Ламбе засука ракави и седна да прави зимница

Кога Ламбе пристигна во Македонија, за брзо време се знаеше дека тој планира засекогаш да остане тука, па затоа беше многу актуелен и сите го повикуваа на интервјуа да ја дознаат причината за неговото враќање.

Ламбе со Магдалена се пресели на Флорида, но никогаш не го заборави родниот крај, особено неговото село Љубојно во Преспа, па затоа после толку години ги изненади своите фанови и се врати дома.

Еден од првиоте настапи на Ламбе откако се врати беше во Битола, на концертот посветен на Тоше Проески и Аки Ракимовски.

– Навистина после седум години, на пробата за концертот, колегите ми кажаа дека не сум заборавил да пеам, дека имам кондиција. Многу ми е мило што од Битола пак почнувам после толку време, да отпеам песни од Тоше и од Аки.

Многу е убаво кога после толку години ќе се вратиш дома, ќе се вратиш на она што си го правел и работел долго време – вели Ламбе. Во Македонија е од лани летото. Одлучи да се врати повторно дома, заедно со целото семејство.

– Тука ни е целото семејство, и од двете страни, тука не влече срцето. Не е лесно да живееш некаде каде не си раснел без оглед што си постигнал таму.

Македонија ни е наш дом, родно место, тука сме сега и здрави и живи да сме, никогаш не се знае ништо, но планот ни е да останеме тука – открива пејачот.

По седум години пауза и еден убав нов почеток, Ламбе сака да продолжи со музиката. Во план се некои песни и видеа кои се надева дека ќе се остварат до крајот на оваа година.

Без оглед на тоа што нема пасош и не може да патуав во странство, Ламбе е фул ангажиран со настапи низ цела Македонија. Ламбе си најде начин како да одмори со семејството, и тоа во едно преубаво место во Македонија.

Ламбе објави стори со својот син, како ужива во Трпејца во Охрид. Со својот син, тој уживал во веслањето, во ова прекрасно место кое инаку го нарекуваат и македонското Сен Тропе.

Во интервју за Жешко Столче, Ламбе откри дали е уште во контакт со неговите стари колеги, Јован Јованов и Елвир Мекиќ.

-Со Јован Јованов се видов пред некое време, се врати, знам и тој живее во Канада и таму работи. Со Елвир се разминавме и тој работи и живее во Сараево. Со нив сум во пријателски, колегијални и другарски односи.

-Досега трипати имав шанса да учествувам на Евровизија и сум го достигнал второ место. Тоа беше со песните: ,,Бело е се”, ,,Земјо моја” и ,,Море од солзи”. Евровизија е убаво место за промоција, надвор од Македонија.

Нависистина не ми е жал што не учествував. Порано ја споредував со Санремо, италијанскиот фестивал, но сега мислам дека е само едно големо шоу.

-Има една песна која често си ја потпевнувам и ме потсетува на тоа што се каам. Тоа се некои работи во приватниот живот, приватни обврски, нешта што не сум ги постигнал. Изгледа се’ требало така да биде, на грешките учиме.

На крајот рече што најчесто го прашуваат во маркети, случајни сопирачи, па дури и на пазар или додека се шета низ Битола. Сите му велеле ,,Ламбе зошто се врати, сите бараат начин да си одат?”

Јас ќе кажам само едно, јас ја сакам својата земја и после овие години отсуство од тука, уште повеќе ја сакам. Би сакал и одамна така зборувам, сакам сите да го сфатат чувството како е да се има своја земја, татковина.

Јас и моето семејство, жена ми одлучивме да сме тука бидејќи сакаме тука да израснат, изјави Ламбе за Жешко Столче.

Ламбе ужива колку најмногу може во својот роден крај, а вчера на Инстаграм објави нешто што го потсетува на неговото детство, нешто автентично, што речиси секој некогаш го пробал.

Ламбе го фати носталгија за сок, зимница од детството. Станува збор за домашен сок, па Ламбе напиша дека почнале со подготовка на зимница и ги праша фановите на сликата до каде се тие со истата.

Нема лабаво, очигледно дека сопругата ги држи сите конци во раце, па Ламбе мора да помага, дури и при подготвувањето на зимницата!

Previous articleБислимовски објаcни што значи мрежаpина, зошто граѓаните гледаат две суми на сметките и повика да не се шират дезинформации
Next articleВо Ванила кај Чичко Стоилко на неизбежната Принцес крофна и лимонада, еклер и Срнеча леџа- најпозитивниот скопски лик потсети како се живеело некогаш