Home Live Најемотивната порака од таткото за ќерката- Ова го напиша Пере од „Нокаут“...

Најемотивната порака од таткото за ќерката- Ова го напиша Пере од „Нокаут“ за својата средна ќерка Каја

Пејачот на „Нокаут“, Никола Перевски-Пере е еден од нашите најпопуларни музичари. Со години наназад, брендот по кој е препознатлив е токму бендот “Нокаут”.

Оваа група е позната по многуте љубовни балади, а какви што се песните, таков е Пере и приватно, романтичар.

Познатиот музичар стана татко по трет пат на крајот на ноември во 2020 година. По двете ќерки кои се викаат Михаела и Каја, на третата, заедно со сопругата Јована ѝ го дадоа името Софиа.

-Иако веќе имам две ќерки од првиот брак, повторно ја чувствувам истата трема и возбуда. Веќе сум искусен татко, постарата ќерка Михаела има 23 година, а помалата Каја, 15 години.

Пресреќен сум и возбуден. Ги гледам како растат двете. Уживам во креирањето заеднички планови, во кои секако се вклучени и тие. Најголем дел од летото го поминавме во Охрид. Паралелно работам и на новиот албум.

Принцезата на Пере и на Јована, откако стаса дома, Пере се пофали на Инстаграм. „Добредојде за мојата трета ќерка, моето трилече што мириса на млеко”. Со овие зборови, Пере ѝ посака добредојде дома на Софиа.

Во една прилика, Пере на Инста стори објави фотографија од својата трета ќерка Софиа, како ѝ менува пелени. Гордиот татко сподели уште една фотографија на која бебето Софиа се проѕева, а тој под фотката напиша: „Растеме во веѓите…“.

Музичарот од време на време објавува фотографии од сопругата Јована и од ќерката Софиа, како и од Каја и Михаела како уживаат со сестрата. Како што е познато, Пере пред да се ожени повторно живееше во Шпанијак, во Барселона, каде што музички се надоградуваше.

– Во Шпанија денот не може да го започнете без цеден портокал. Тоа е првото нешто што го правам наутро. Потоа, утрото го користам за рекреација комбинирајќи трчање и пешачење на самата Барселонета, затоа што тој дел од денот сакам да го исполнам со здравје, а здравјето значи и среќа, која пак е секогаш добра инспирација.

После тоа следат активности најчесто поврзани со академијата. Секако оставам простор и за некое кафе или чај со пријателите, а навечер одвојувам некој саат за креативно творење. Попусти во градот многу многу не ме интересираат, иако знам дека ги има многу често.

-Климата, уметноста и концептот на Гауди, шпанската култура, музиката, историјата, музеите, улиците на Барселона, преубавите паркови, плажите, необичните и шарени маала во кои сакам да се изгубам, и најмногу насмевките кај луѓето од градот крај море.

Посебно ме фасцинира чистотата на градот и покрај огромниот број туристи и возила. Воздухот е полн со позитивни јони, а градот иако раздвижен сепак некако во исто време мирен, спокоен.

Не сум ју-носталгичар, но некои работи ги доживувам исто како кога сум бил дете…

На пример овде не се ѕвони на телефон во периодот од 14:00 до 17:00 часот, на секој агол има кафанчиња со препознатливите метални маси и столчиња. Јадеш свински бут и во исто време играш на сл от машина. Последново јас не го правам.

Нема веќе трема… нема ни дилема. Нокаут остануваат Нокаут. Продолжуваме да работиме со истото име и со истата љубов. Едно без друго не може. Мора да има зашеќерено или посолено и љубов кон својата професија за да имаат движечка сила и способност работите да се движат напред во позитивен правец.

Барем така тоа функционира до сега кај Нокаут. На некој начин Скопје и Македонија имаат неколку, баш скопски бендови кои функционираат толку години на оваа музичка сцена.

Денес технологијата ви овозможува и олеснува многу други методологии и пристапи на работа во музиката и самата индустрија. Голем арсенал на музика ни е достапен, за кој ви требаат 100 години живот за да го преслушате сето она што го имаме сервирано на тацна. Порано тоа беше невозможно.

А, не е многу голема временската разлика од денес па до самите почетоци на блузот и џезот. Затоа пак, класичнатата музика има своја и константна вредност како и златото, не девалвира како другите правци.

Доказ е фактот што таа датира од многу поодамна и зазема свое посебно место во музичката глобална и светска индустрија како вечна музика и музички паравец, за кој има најмногу едукативни информации“, изјави за Фепнел Пере додека беше во Шпанија.

Неговата средна ќерка Каја денеска станува средношколка, а Пере со емотивни зборови и го честита почетокот, и ова го кажа за својата ќерка:

-Kaja…cледи ја твојата страст, тоа ке те доведе до твојата цел, инаку cоновите нема да работат доколку тоа не го направиш. Најдоброто нешто во учењето е тоа што никој не може да ти го одземе.

Разликата помеѓу училиштето и животот е таа што на училиште научуваш лекција, а потоа положуваш тест. Во животот си добила тест кој те учи на лекција. Среќни средношколски денови и години Каја.

Најдоброто допрва доаѓа. Те сака татко твој“, стои во пораката која Пере ѝ ја упати на Каја.

Previous articleСнеже Велков сосема искрено pаскажа како се издржува кога е тешко и како се гази кога трњето боцка
Next articleСе одјави Лозано од скопскиот аеродром, летна од Македонија, ќе оди на два различни континенти (ФОТО)