Home Live Ова е нашиот најромантичен водител, еве каква приказна сподели за својата сакана...

Ова е нашиот најромантичен водител, еве каква приказна сподели за својата сакана сопруга

Неколку години се нема појавено во Тв емисија како водител, иако целиот свој живот е на телевизија и на радио и буквално порасна пред Тв камиерите.

Ненад Ѓоргиевски отсега секое утро ги биди гледачите на „Телма“, како дел од старо-новата постава на Утринската програма.

Како татко на близнаци, навикнат е да станува многу рано и вели дека е особено горд родител што за Љупка и за Иво се грижат самите, тој и сопругата без никаква помош.

Ненад за Женски магазин ја открива и својата друга, домаќинска страна во која ужива во викендичката крај река, каде што откако почна пандемијата живеел со семејството.

Со најголемиот дел од екипата се знаев и предходно, па воопшто не ми претставуваше проблем да се вклопам. „Телма“ е телевизија во која се ангажирани врвни професионалци, секој одличен во својата област.

Многу важно за мене, а го почувствував уште на првите состаноци кога се подготвуваше утринската е позитивната енергија која владее и одличната комуникација која ја имаме сите водители меѓусебно.

Она во што сум сигурен е дека таа енергија ќе се пренесе и на многу гледачи на “Утринска на Телма“. Нудиме убави теми, корисни муабети и совети“, изјави тој.

-Она што ме прави особено горд како родител, е што буквално сами со сопругата се грижиме за нашите близнаци. За жал, нашите мајки се упкоени, па моравме како знаеме и умееме да се снаоѓаме.

Напорно и доста често хаотично беше додека беа помали, сега е сè полесно. Олеснителна околност е што Горана има флексибилно работно време, па најчесто нејзина обврска се училишните активности на близнаците. Љупка и Иво на 30 ноември наполнија шест години и се второ одделение.

Тој сега често на Инстаграм објавува слики од своите наследници, а најчесто сликите се од моментите кога уживаат во природа. Така може да се забекежи дека близнаците се многу вредни деца, па му помагаат на својот татко во домашните работи.

Ни, она што „од авион се гледа“ е дека децата на Ненад и на Горана се копи-пејст на татко им, и двајцата многу личат на Ненад.

-Отсекогаш сум им се восхитувал на близнаците а во детството имав и близначки другарки.

Секогаш потајно сакав да бидам татко на близнаци и иако кога ја дознавме веста дека Горана е бремена со две во првите две минути ни беше шок. Сепак, од првиот момент сме благословени родители на близнаци.

Во првата година имавме среќа едната баба да ни е жива па првите месеци да ја имаме и нејзината поддршка.

На почетокот, додека беа сѐ уште мали и нивната исхрана беше на секои 3 часа, и со Горана се организиравме во смени.

Со добар распоред и план и денеска успеваме добро да се организираме и максимално да им се посветиме“, рече Ненад кога децата му беа помали.

Ненад денес слави годишнина со совојата сопруга и ѝ честитал на многу романтичен начин. Тој ја поставил песната „Have You Ever Really Loved A Woman?“ на Инстаграм и во видео ги споделил сите спомени од нивната свадба.

Ваква романтика поретко има во денешно време, секоја чест за Ненад!

Previous articleСе одјави Лозано од скопскиот аеродром, летна од Македонија, ќе оди на два различни континенти (ФОТО)
Next articleБлага Петреска раскажа приказна која многумина замисли- така се учат деца од мали да си ја сакаат државата