Home News Премиерот Ковачевски објави cлики како со тенисерот Ноле во Белгpад тестираат вино...

Премиерот Ковачевски објави cлики како со тенисерот Ноле во Белгpад тестираат вино (ФОТО)

Денес висока македонска делегација, предводена од премиерот Ковачевски, беше во Белград, на промоцијата како дел од Отворен Балкан.

Придавката „македонски“ ја има секаде на промотивниот материјал на Саемот за храна, вино и туризам во Белград, а парите што се трошат за активностите таму се директна поддршка на бизнисот од што се очекуваат повеќекратни придобивки.

Вака, во една реченица, може да се сумира одговорот на Владата откако опозицијата на прес-конференција денеска обвини дека среде криза се трошат 400 илјади евра за промоција и се бара во промоцијата да не се споменува „Македонија и „македонско“.

„Апелираме да не се шират невистини, кои ни носат само штета. Настанот во Белград е значаен за промоција и поддршка на македонската економија и извозниот потенцијал на македонските вина и храна, но и важен за развој на туризмот како и за поврзување и заедничка соработка на земјите од регионот.

Придавката ’македонски‘ може да се види секаде на промотивен материјал и е составен дел од сите материјали со кои се промовираат македонските производи, храна, вино и туризам.

Сите досега објавени материјали во јавноста ја содржат таа придавка и истата е составен дел од материјалите на другите јазици“, велат од Владата во одговорот до „360 степени“.

За парите за промотивни активности, пак, велат дека се наменети за поддршка на македонските винарии и компании кои учествуваат на саемот, што според Владата, е директна поддршка на бизнисот.

„Согласно сериозноста и обемот на Саемот, промоцијата е наменета да се поддржат македонските винарии вкупно 42, три дестилерии и 10-тина производители на храна, како и промоција на туризмот, што е промоција на нашата економија.

Воедно, напоменуваме дека се вклучени и буџетот опфаќа повеќе активности како што е посебниот настан ’Македонска вечер‘ со 400 посетители, бизнис заедницата од регионот и пошироко на кој македонските компании ќе се вмрежуваат и ќе го прошират својот извозен потенцијал“, велат од Владата.

Во објаснувањето за што се трошат предвидените пари оттаму посочуваат дека промотивните материјали како видеа, прошири и кампања на социјалните мрежи се на повеќе јазици, се дистрибуираат во сите три земји кои се дел од Отворен Балкан (Албанија, Србија и Северна Македонија).

Најавениот регионален фестивал за претставување на винарии од земјава и регионот за 7 септември во Струмица, исто така, е дел од активностите за кои ќе се потроши дел од буџетот.

„Станува збор за инвестиција која е влог во економскиот развој на државата и проширување на извозот на регионални пазари“, велат од Владата.

Премиерот Димитар Ковачевски, денес објави фотографии од саемот во Белград, каде заедно со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ тестираа вино и муабетеа:

Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното.

Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава.

Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот.“

Previous articleЖивеевме со баба на село, а благодарение на кравата Цвета имавме за јадење – лута сум им на моите
Next articleТрифун Костовски се потсети на црвената марама, на учителка Рајна и на првиот училишен ден