Home Live Се одјави Лозано од скопскиот аеродром, летна од Македонија, ќе оди на...

Се одјави Лозано од скопскиот аеродром, летна од Македонија, ќе оди на два различни континенти (ФОТО)

Влатко Лозаноски- Лозано е познат како скромното момче од Кичево кое пред речиси 15 години ја почна својата музичка кариера. Иако е доста популарен, ништо не е променето во однос на неговото однесување, тој и понатаму е истиот – ненаметлив, коректен и исклучително културен.

Неодамна тој ја објави неговата нова песна под наслов „Ме нервиварш“, а пред тоа ја објави „После полноќ“, па токму тоа беше и причината да биде гостин во естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Освен за новата песна, Лозано зборуваше за најчудната понуда која ја добил за настап, па додаде: „Добивам понуди да пеам на пог реби, свадби разводи…во такви моменти јас и мојот тим не знаеме како да реагираме.

Но, мора да се навикнеме.“ – рече Лозано.

Во една прилика, во Женски магазин тој се сети на интересна анегдота од својата кариера кога бил во шоуто „Мак ѕвезди“ кое го водеше Драган Вучиќ и раскажа: „Се сетив на тоа кога уште на стартот на шоуто на „Мак ѕвезди“, сакав публиката да ме знае како Лозано, поради тоа што претходно сите ме познаваа така.

Во една прилика кога им кажав во шоуто дека сакам така да бидам именуван, добив одговор дека мора со целосно име и презиме, дека потоа сите учесници ќе сакаат да бидат именувани по нивен избор, а на почетокот бевме 30 натпреварувачи“, рекол Лозано.

Потоа, се сетил на своето детство: „Имав прекрасно и безгрижно детство, во моето родно Кичево. Бев опколен со прекрасни луѓе, моето семејство, моите соседи, имаше тогаш многу дечиња, мои врсници.

Правевме најразлични будалаштини, од сѐ правевме игра, измислувавме игри, се радувавме на обични работи, си правевме засолништа и куќи од делови, врати, хауби, гуми од коли. Бевме махери за сѐ, трки со бицикли низ маало (така во Кичево ги викаме велосипедите).

Играње со топка од утро до мрак, па во текот на денот мајка ми или баба ми ќе ми викнат од дома: “Влаткоооо ајде да јадеш”, затоа што мене не ми текнуваше на тоа и ќе појдев ќе си скршев краишник од леб и пак се враќав.

Се качувавме на црешни, кајсии, сливи, па ќе излезеше газдата па ќе не брка. Игравме били (џамлии) на сликички од стари албуми, тогаш беа популарни албумите со Тарзан, Нинџа Желки, Краш, Штрумфови, па Турбо мастиките со сликички со автомобили, болиди..

Често одевме на село кај баба и дедо, па таму си игравме со сестра ми со најразлични животни, имаше крави кои сите до една си имаа име, па зајачиња, се храневме исклучиво со здрава храна набрана од градина.

Уште се сеќавам на вкусот на храната, на мирисот од тоа време. Па навечер кога ќе се стемнеше немаше струја, ќе вклучеше баба ми фенер… Прекрасно детство во секој случај“.

Влатко неодамна искрено зборуваше како останал имун на сите лоши работи и пор -оци кои ги носи неговата професија, музиката, и рече дека неговата професија воопшто не е лесна, а се присети и на неговите не толку лесни почетоци.

-Од Кичево сум одел со автобус да снимам во Тетово, снимам и со следниот автобус сум брзал за да се вратам“, рече Кичевченецот. „Жртвата е многу тешка“, рече Лозано. Влатко зборуваше и дека е голем тремаџија и за тоа дека му треба доста време да се опушти на концерт.

Влатко рече дека првпат сфатил дека е познат после шоуто Мак ѕвезди, и зборуваше зошто никогаш не посегнал кон по роци. „Нема потреба од такво нешто, се е психолошки момент.

Реално како иднивидуа сум голем тремаџија. Денеска и да имам пет шест концерти, имам трема. Но, се опуштам после првата, втората песна,“, изјави Лозано во емисијата Еден на еден.

Секогаш си имав некој ритуал сопствен. И моите колеги пред концерт ми зборувале- зошто вака си чуден? Кога имам некој важен настап, не сакам да сум со луѓе.

Сакам да појдам на некое место каде што сум сам, глeдам Нетфликс, и не мислам на она што следи. Не знам дали некому му успеало, на некој што е нервозен да му речеш: Не се нервирај!

Потоа Лозано зборуваше за својот голем концерт во салата Борис Трајковски кој се слули во 2019 година, а имаше околу 10 илјади луѓе во публика. На концертот во Борис Трајковки не очекував дека ќе има толку многу луѓе. И си мислев, може да се случат некои чудни работи.

На пример, ќе ми падне рефлектор, се сопнуваш, некои банални работи…“, зборуваше Лозано за своите стравови пред да излезе на сцена во емисијата Еден на еден.

Лозано објави стори како мафта од скопскиот аеродром, и летнува од Македонија. Потоа се пријави од аеродромот во Виена. Како што е познато тој ќе има прво турнеја во Америка, а потоа и во Австралија.

Ова ќе биде плоден период за нашиот познат пејач, а на неговите многубројни хитови ќе се радуваат нашите иселеници.

Инаку, песната „Километри“ е голем хит во дијаспората, а сигурно многумина ќе се радуваат кога ќе ја слушнат во живо.

Previous articleНајемотивната порака од таткото за ќерката- Ова го напиша Пере од „Нокаут“ за својата средна ќерка Каја
Next articleОва е нашиот најромантичен водител, еве каква приказна сподели за својата сакана сопруга