Home Live Снеже Велков сосема искрено pаскажа како се издржува кога е тешко и...

Снеже Велков сосема искрено pаскажа како се издржува кога е тешко и како се гази кога трњето боцка

Снеже Велков е еден од најпозитивните ликови во нашата јавност. Не е телевизиски активна во моментов, но е популарна на социјалните мрежи, што е интересен феномен. Со хаштагот БлескАј ги мотивира оние што го следат нејзиниот динамичен ден кој започнува во шест наутро.

Мајка е на два сина, и веќе 17 години вљубена во Дарко Велков, според многу нешта различен од неа. Инстаграмот за Снеже постои за нејзините цели и идеи и не ѝ е извор на заработка, туку задоволство.

За сите свои животни задоволства, од љубовната приказна со сопругот, синовите, работата во семејната фирма, готвењето, Снеже зборуваше во Женски магазин пред извесно време.

Утрото е мое. Од 6:00 се пие кафе на раат прво па ако времете е погодено возам некои 19 км надвор а ако времето е непогодено тогаш вежбам еден час дома. И тоа сè, се случува додека домашните спијат…

Веќе од 8 часот почнува гужва и галама, турканици и брканици на време да се стигне во школо, да се подготви работниот ден и да се тргне во нови победи.

Маркетинг менаџер е мојата позиција во vrabotuvanje.com па генерално денот протекува активно и креативно со мојот тим и со клиентите… Пладнето е слично на утрото со збрка, гужви, кој да земе дете од школо,, како да се стигне на два состанока а измеѓу и да се руча и слично.

Вечерта, пак идеме на домаќински активности, нешто креативно да се зготви да се прочита некоја книга или да се одгледа некоја серија…А заспивањето ми е редовно околу 22:30 рутина си е рутина…

Ален има 15 години и е прва година средно. Дарин има 10 години и е петто одление. Не би рекла дека сум строга да поставувавм услови и правила, забрани и казни. Сопругот тука повеќе е задолжен за почитување на редот и законот во куќата ..

Јас имам еден систем кој вика – ги терам сами да донесат одлуки, и сами да бидат свесни за последиците од истите.

Од типот ако само наутро се успиеш сам си ги носиш последиците од тоа што ќе задоцниш, не оправдувам јас кај класниот, сам ќе си кажеш (па тука проработува па срам ми е па незгодно..).

– Мојот сопруг е темелен, трпелив, детален, тивок, одмерен, умерен со точно утврдени цели. Па секогаш е тука за да го усмери мојот креативен ум и да ме приземји ако фантазиите ме летнат некаде во нереални замисли, да ја искулира мојата лудачка енергија наутро, да ми прости кога заспивам на сериите навечер.

-Се запознавме во 2005. Нашата приказна почна кога Дарко Велков тогаш млад бизнисмен ми беше гостин во „Ред Хот“, на темата Работа преку лето. Е, тогаш поверував во љубов на прв поглед…

Подоцна дознав дека неговото гостување било договорено со мојот тогашен продуцент, бидејќи Дарко ме видел на телевизија и си посакал да му бидам девојка, не било ништо случајно ни судбинско.

Јас за кратко после неговото гостување заминав за Перуџа, Италија, како стипендист на катедрата за Италијански јазик и книжевност, престој кој траеше месец дена и тоа беше фин тест за тоа дали може нешто да се случи меѓу нас…

А, признавам имав една одлука додека бев во Италија дали да заминам за Рим или да се вратам во Скопје. Го одбрав Скопје, сè понатаму е приказна која трае веќе 17 години…“, раскажа таа.

Снеже Велков на Фејсбук напиша статус во кој можат сите да се препознааат, а таа инаку често ги мотивира своите следбенички со убави и охрабрувачки мисли. Овој пат, Снеже напиша:

-Сакав да ти кажам дека си убава. Да ти што читаш сега,Ти си убава и имаш самодоверба и си храбра и силна. И сабајле кога стануваш си најубава.

Веројатно не се сеќаваш ама кога се будеше наутро ти беше најубавото нешто што го гледаше твојата мајка. Аха и такво сонливо и бушаво и со полна моч ана пелена те гушкаше мама…Зошто ти си совршенство. И кога ќе се измачкаше по муцето дур те хранеше баба- беше најубава.

И кога сама ќе се “дотераше” со кармин низ лицето и лак на фустанчето и тогаш беше најубава и се перчеше знаеш?

И кога ќе паднеше па белите хулахопки ќе ги направеше со прав и тогаш гордо ќе се истресеше и ќе се вратеше во игра…

И кога фустанчето ќе ти се поткренеше напред оти мешето ти беше големо..тоа не те спречуваше самоуверено да викнеш: Јас принцеза!

Ти кажувала мама сигурно како си го бакнувала огледалото бакнувајќи се себе си дека се сакаш. И кога врескаше на цел глас замислувајќи се дека си позната пејачка знаеш дека во тој момент ти беше тоа.

И кога ќе ги построеше децата пред зграда и ќе им речеше е сега јас сум ви учителка знаеш дека веруваше во тоа… Па убава,храбра,сигурна и самоуверена принцезо…“.

Снеже во еден свој нов статус раскажа како се успева и како и кога е најтешко може човек да се исправи на нозе. Со оваа, таа им е мотивација на многу луѓе како и многу пати до сега. Снеже во новиот статус вели:

-Како се станува добар во нешто? Низ обиди и грешки. Како се издржува кога е тешко? Со верба. Како се опстанува ? Со истрајност. Како се оди напред? Одлучно
Како се гази кога “трњето боцкаат”? Со “јаки чевли.

Како се бориш кога те негираат? Со аргументи. Како се напредува кога ти ставаат сопки? Со станување. Како се реагира кога те критикуваат? Достоинствено. Како се реагира кога те игнорираат? Гласно.

Како се стигнува до целта? Со упорност. Како се успева? Со дисциплина. Како се полетува? Со земање залет. И најбитно. Како се фалиш кога успеваш? Ти молчиш, успехот сам си зборува. Честит 1 септември!“ стои во статусот на Снеже.

Previous articleМакедонската пејачка со ангелски глас, вчера ќе наполнеше 71 година, ова е тажната приказна за нејзиниот крај
Next articleНајемотивната порака од таткото за ќерката- Ова го напиша Пере од „Нокаут“ за својата средна ќерка Каја