Home Live Дејан од Хрватска сподели што прави во Лептокарија – Грција, сега сите...

Дејан од Хрватска сподели што прави во Лептокарија – Грција, сега сите мажи му се ,,клањаат”

Во познатата Фејсбук група, ,,Live from Greece” често можеме да најдеме корисни искуства и совети за летовање, особено на популарните места каде што цените и условите се менуваат од година во година.

По пан демијата, оваа група беше многу активна со оглед на тоа што многу издавачи на апартмани ги зголемија нивните цени.

Не беа подалеку ни рестораните, гиро сендвичарите, па дури и супермаркетите, што ги натера туристите да си носат од дома јадење, за да не плаќаат двојно поскапо.

Покрај тоа што често можеме да прочитаме интересни искуства од задоволни односно незадоволни туристи, може да се најдат и метео прогнозери кои ги предупредуваат останатите на кои места не е безбедно да се летува, а ги има и оние кои често се шегуваат за одморот.

Грција е омилената земја за летување, за граѓаните од регионот, чии земји не излегуваат на море. Па така, Македонците и србите се најчести гости кај нашиот јужен сосед.

По изминатите пандемиски години, кога границите беа затворени, или лани, кога за влез требаше да се поседува негативен тест или потврда за имунизација, оваа година, рампите се кренати и граѓаните без проблеми патуваат.

После две години апстинирање од летување, годинава се чини дека сите тргнуваат на плажа. Поради тоа, цените веќе не се исти како порано. Македонци и Срби потенцираат колкави се цените.

Во текот на сезоната, туристите секојдневно ги споделуваат своите искуства од одморот и разменуваат информации за да си помогнат во изборот на сместување. Во исто време, се разменуваат и информации за местата што треба да се избегнуваат како опасни и неубави за посета.

На социјалната мрежа Фејсбук постои група „Во живо од Грција“, каде луѓето споделуваат искуства и фотографии од сместувањето што ги чека кога ќе пристигнат.

Секој барем еднаш слушнал дека некој има лошо искуство со сместувањето кога ќе пристигне на локацијата бидејќи фотографиите од огласот не се совпаѓаат со она што луѓето го наоѓаат кога ќе пристигнат во апартманот што веќе сте го платиле.

Пред некое време во групата „Live from Greece“, Србинка објасни колку и барале за да резервира на вториот крак, Ситонија:

„Луѓе, нормално ли е тоа што се вакви цените за сместување во Грција?!

Со денови се обидувам да резервирам нешто за почеток на јули, конкретно сакав Ситонија, Никити ми беше омилен, но 90% од сместувањето е зафатено.

Цените на просечното сместување без храна и патни трошоци се најмалку 1000 евра.

Дали е реално четиричлено семејство (деца 6 и 3) да треба да потроши околу 2000+ евра за просечен летен одмор?“

Просечното семејство, дури и на одмор, има јасен ритуал: прво наоѓаш убава плажа, па гледаш дали има песок или чакал, фрлаш поглед да видиш дали има лежалки, а потоа погледнуваш кон менито за да видиш колку чинат.

Често се мачите на песокот барајќи го своето место под сонцето, а кога конечно ќе го најдете, ја гледате цената за пакет лежалки и сакате да се нурнете облечени и варени. Иако тоа е веќе дел од одморот, повеќето туристи предупредуваат секогаш да внимавате на изборот на апартман, еве зошто:

-За вашиот летен одмор да не ви стане ноќна мора и главоболка поради неплатени трошоци, потребно е да внимавате при барањето сместување при секое патување.

Отсекогаш имало измамници, но тие се особено активни во летните месеци.

А колку всушност има и што е најдоброто нешто да се направи во врска со тоа, пишуваат на грчката инфо веб-страница.

Тие ги информираат туристите да внимаваат при резервациите и пред се’ како да резервираат сместување во Грција.

„Во претходните години предупредувавме дека е прашање на време кога некој ќе објави слики од стан во Грција, ќе ги понуди во некоја од ФБ групите како слики од нивниот стан, ќе земе депозит за годишен одмор од неколку луѓе, па потоа ќе го исклучи бројот, профилот на Фејсбук и ќе исчезне.

Не правете резервации за сместување во Грција преку разни профили на Инстаграм, групи на Фејсбук или новоосновани страници кои се намножија во последниве години во голем број,

каде поединци ги нудат своите станови во Грција, преку разни огласи или преку луѓе кои го рекламираат своето сместување во различни групи, и кого не го познавате лично“.

Вчера во групата ,,Live from Greece”, извесен Дејан кој веројатно е од Хрватска објави чиста шала на која многу мажи, буквално му се ,,клањаа” за напишаното.

-Зошто е трагично да гледате дожд додека сте на море? Конечно одмор после 6 дена во Лептокарија… Врне совршен дожд, не трчам по децата на плажа, не морам да правам глупи изговори на жена ми кога треба да прошетаме..

Затоа, полн фрижидер пиво, Европско првенство во тек, нека потрае одморот, ова е одмор… 🙂

Фото: Илустрација, Freepik.com
Previous articleПо долго време, во јавноста се појави Виолета Томовска, еве како изгледа сега (ФОТО)
Next articleСе врати во живот Николина Пишек, 4 месеци по загубата на сопругот, позираше во бикини на плажа (ФОТО)