Home Live Долго го немаше, па се јави од плажа, Адриан Гаџа како да...

Долго го немаше, па се јави од плажа, Адриан Гаџа како да не старее, секогаш е ист, вечен тинејџер (ФОТО)

Еден од најпопуларните музичари на нашата сцена од почетокот на 2000-та година беше секако Адријан Гаџа. Тој потоа се повлече од музичката сцена во Макеоднија и повеќе работеше во Косово и во Албанија каде што исто така е доста популарен.

Тој раскажа дека последниве години, тој е активен на албанската и на косовската естрада, која е многу поголема од македонската и бара поголем ангажман и посветеност.

На прашањето дали наскоро ќе запее нешто и за домашната публика тој одговори дека никогаш не се знае.

Нашиот евровизиски претставник од 2008 година, кој настапи со песната ,,Let Me Love You” заедно со Тамара Тодевска и Врчак и не успеа да влезе во финале, по многуте учества на музички фестивали и освојувањето на албанскиот пазар, пред неколку години отвори ресторан во Скопје.

Тој пред неколку години кога тивко се повлече од сцената, реши да преминува во угостители и го отвори ресторанот Ча Ча.

Tој за својот нов бизнис зборуваше во интервју со Лила Стојановска на Сител.

-Угостителската професија ја сакам уште од мал. За да успееш во нешто треба да си 100 посто фокусиран, и повеќе од 100 посто. Ме исполнува оваа работа, а имам време и да одам дома, и да влезам во студио.

Знаеш, студиото ми е дома. Музиката не ми бега, не гледам јас така дека сум се тргнал од музика. Кај и да влезеш кај мене дома има музика, имам музичка опрема, имам чувар, да не се осмели некој да земе нешто“, рече Гаџа.

Неговиот брат е познат виолинист кој живее во Виена, а и Гаџа има завршено нижо музичко, средно музичко и факултет, на инструментот виола.

-Со пеење почнав во прва година средно, имав 14-15 години. Тогаш се пријавив случајно на еден фестивал и победив. Многу беше лесно. После два месеси се пријавив на друг фестивал, и таму победив.

Најголемиот успех е кога ќе пукне некој добар хит, а сум имал некои дваесет песни што ми удриле јако, и одма после хитот доаѓаат наспаи, а концерти, а знаеш како, големите концерти се малку стресни“, рече Гаџа. Потоа Лила го праша:

Имам едно битно прашање за дамите кои не гледаат: Во меѓувреме да не се ожени? Да не имаш намера во меѓувреме да се ожениш? Гаџа одговори: Не, а Лила го праша: Дали си слободен, ете да прашам, а тој рече:

Да, сингл сум, и не сум оженет.

Во една прилика, пејачот се огласи на Фејсбук и напиша за својот ресторан, и за ноќта што ќе се памети таму.

Во Ча Ча имало јака журка по светски стандарди, а ја организирал токму Гаџа. „Ноќ за паметење“, напишал тој на Фејсбук.

Гаџа ретко е на социјалните мрежи, а неодамна објави една своја слика од плажа.

Гаџа на сликата е ист, како никогаш да не се менува, како годиноите да му стојат и е вечен тинејџер.

Previous articleОва нешто ги поврзува Марјана Станојковска и Васил Зафирчев, а еве што кажа Лото убавицата за нашиот познат актер
Next articleПодалеку од наши, па и од роднини бегај, кога си во дијаспора – еве јас со братучедов како си поминав