Home News Ковачевски и Дритан мораа да го пробаат виното – синот ги служеше,...

Ковачевски и Дритан мораа да го пробаат виното – синот ги служеше, а Вучиќ го пофали колку добар бармен е (ВИДЕО)

Деновиве во Белград се одржа саемот „Винска визија на отворениот Балкан“.

Вчера, македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, објави фотографии од саемот во Белград, каде заедно со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ тестираа вино и муабетеа:

„Светскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, покрај љубовта кон тенисот има уште една пасија, а тоа е виното.

Семејството Ѓоковиќ има своја винарија и денес со задоволство поразговаравме за македонското вино кое добро го познава.

Убавото вино ги поврзува луѓето, а саемот во Белград е прекрасна можност за поврзување на земјите од регионот“, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ беше домаќин на лидерите на Албанија, Македонија и Црна Гора.

Претседателот не криеше колку сака вино, што можеше да се види и во директниот телевизиски пренос.

Гледачите можеа да ја гледаат дегустацијата на виното на Вучиќ повеќе од еден час на некои телевизии, а самиот српски претседател се пофали дека може „многу да пие“.

„Немој повеќе, ми изброја народот, испив повеќе од 100 чаши, тоа што не ми е ништо, тоа е друга работа, во сабота пак доаѓам“, се пофали претседателот на Србија во телевизиски пренос.

Во еден момент советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ се обидела да ја земе чашата, но тој ја вратил од штандот и продолжил да пие.

„Само да пробам“, рече Сузана Васиљевиќ, која по една голтка почна да ја враќа чашата на Вучиќ на штандот, но тој беше дециден: „Не, не, не…“ и зеде уште една чаша вино од претставникот на излагачот на еден од штандовите.

„Таа се плаши дека сум испил премногу, тоа е во ред“, рече српскиот претседател на англиски, кога му ја земала чашата, а советничката објасни дека „не се плаши, туку дека треба да продолжат понатаму бидејќи албанскиот премиер го чека.”

При посетата на штандовите, претседателот беше прашан дали сака да проба од виното, на што тој одговори „веќе пробав се… се е одлично“, а советничката беше упорна дека сепак треба да одат и да го следат протоколот.

Потоа, се појави видео од посетата на штандот на винаријата, каде работи синот на Александар Вучиќ, Данило.

Вучиќ им објаснуваше на премиерите на Македонија и Црна Гора, Ковачевски и Абазовиќ, колку неговиот син е вешт со служењето вино, а нему му кажа од кое вино да им даде за дегустација.

-Дај ни нас Барбареско сине, остави ова другото за други. Дај ни нас од најдоброто, му сугерираше Вучиќ на својот син.

Видеото можете да го видите ТУКА

Previous articleОсвежена и разубавена, Елена од „Сител“ се врати на работа и ги покажа исончаните нозе (ФОТО)
Next articleВучиќ пред малку објави слика со наш поранешен премиер: Чест ми е што можев да го угостам овој човек