Home Live Маријана Новачевска од Австралија раскажа како вежбала во теретана и зошто добила...

Маријана Новачевска од Австралија раскажа како вежбала во теретана и зошто добила на килограми

Маријана Новачевска, која порано се занинаваше со музика, а сега пее за своја душа, во Австралија каде што живее, времето често го поминува со нејзината добра пријателка, пејачката Татјана Лазаревска, уживајќи заедно на плажа, на прошетка, на кафе или на шопинг.

Во една прилика, таа објави фотографија од плажа и рече дека нема влезено во океанот 30 години, но објави и слики како млад стилист го сменил нејзиниот имиџ кој сите го пофалија.

Маријана е медицинска сестра на Стоматологија, и ужива во својата работа. Таа откако е во Австралија не е музички активна, но направи исклучок за својата сакана сестра Росана кога испеа придружни вокали за ненјзината песна „Спомени“.

Новачевска, како што е познато е сестра на Росана Сариќ- Тодоровска, има две деца и е баба на една внука. Човекот со кој беше долги години во брак, а потоа останаа во добри пријателски односи, Тоде Новачевски, се упокои во февруари годинава, по повеќегодишно тешко боледување. Имаше 66 години.

За порталот ММС.мк, Маријана прозборе за тао дека по неговиот последен здив, таа била покрај Тоде во болница и му помагала во основните потреби кои не можел да ги изврши поради неговата слабост.

Маријана в ММС раскажала дека таа решила да му прости на Тоде за се, затоа што иако долго години не биле заедно, тие имале брак, имале љубов,деца и внука.

-Солзи, неговите молби за простување и дела многу му е жал, се кае и се чувствува виновен што се распадна нашата заедница. За овие 20 години колку што не сме во брак, се измачи и тој сам во животот многу.

Маријана минатата година беше многу среќна, а исто така и Тоде, кога објавија дека нејзината ќерка ќе се мажи. На својот Фејсбук профил убавата Магдалена ја обваи оваа убава вест.

Маријана на Фејсбук покажа дел од своот дом во Мелбурн, каде што е гледа со колку љубов и внимание нашата пејачка во своето катче. На една од сликите, се гледа нејзината голема креативност.

За Маријана, во една прилика заборуваше нејзината сестра, Росана.

– Во времето кога музичката кариера ни беше во цутот, постоеја концерти, фестивали, забавно- музички емисии, разни прослави итн. Работата што требаше да ја завршиме за една фотосесија, или за издавање албум со нашата музика беше огромна.

За нашата работа добивавме финансиски надоместок, но многу поважно е дека тоа, заедно со публиката, ни даваше полетност и сила нам, на естрадните уметници, да твориме уште повеќе, да бидеме присутни на сцената.

Начинот на живот, снимањата или прославите што траеја до доцна во ноќта, не дозволуваа да можеш да имаш и дополнителна работа во тоа време. Кога работите почнаа да се менуваат и многу од горенаведеното престана да се случува, естрадните уметници започнаа да ја чувствуваат потребата да имаат и „секојдневна“ работа.

Таа нудеше поголема сигурност, плата на крајот на месецот, односно сигурна егзистенција. Не гледам ништо лошо во тоа уметниците да работат напоредно две или повеќе работи покрај уметноста со којашто се занимаваат.

Но, навистина жалам за тие убави времиња, за тие прекрасни програми со забавна содржина, за снимањето на новогодишните емисии, за дружбата зад сцена во текот и по завршувањето на фестивалите…тоа веќе го нема.

Пресреќна сум што и младите ја препознаваат убавината на нашите песни, кои биле направени и отпеани далеку пред нивното време. Секое време си носи свои трендови и насоки во музиката, но евергрините со право ја носат таа титула и воопшто не ме чуди што дел од квалитетната музика се слуша до денес.

Ќерка ми, кога беше помлада, често знаеше да ме разбуди сред ноќ и да ми ја пушти „Признавам“ преку телефонот додека песната ечеше во некоја дискотека, а младите ја пееја на цел глас. Чувството е прекрасно и посакувам нашите песни да се пеат уште долги години.

Целата кариера со Маријана ми е омилена. Направивме навистина голем број хитови, но ако веќе морам да одберам омилена, тогаш нека бидат „Едно срце имам душо“ со Маријана и „Надежи“ со мојот упокоен брат Мирослав.

Ние фамилијарно сите пееме, најчесто тоа е зад затворени врати и за наша душа. Досега ниедно од децата не се одлучи јавно да се занимава со оваа професија, иако имаме една извонредна палета на гласови.

Најмногу ми е жал дека никогаш не си го остваривме ветувањето еден ден да се собереме јас, сестра ми и брат ми, заедно со нашите деца, да испееме нешто. Секогаш остававме за некој друг пат и еве сега, за жал, веќе не можеме да ја реализираме оваа идеја“, рекла Росана.

Маријана пак на Фејсбук сподели шеговит статус во кој вели: Бев два дена во теретана и на вежбање. Направив десет години пауза и веднаш се здебелив. Не верувајте во вежбањето!“, напишала Маријана.

Previous articleОваа пејачка за малку да ѝ стане снаа на Цеца, ќе беа семејство, но Цеца се скара со член на нејзиното семејство
Next articleЛејла Рамковска искрено прозборе за љубовта и за мажите, откри дел од нејзиниот емотивен живот