Home Live Нема ручек ако си појадувал, шампонот се полни со вода да има...

Нема ручек ако си појадувал, шампонот се полни со вода да има повеќе: Неколку работи кои ги правеа родителите порано за да се заштеди

Ако сте израснале во семејство кое нема доволно пари или вашите ве научиле уште од мали да штедите и да ги вреднувате работите, тогаш со сигурност ќе ви бидат познати некои од подолунапишаните компромиси со кои сте морале да се соочите кога сте биле деца.

Порано луѓето живееја многу различно од начинот на кој што се живее во денешно време. Може да се каже дека се живееше доста скромно и никој не се покажуваше на Фејсбук со она што му е ново или со некоја слика од добар шампањ или добро вино покрај плажа.

Еден корисник на Reddit ги прашал луѓето кои пораснале сиромашни кои непишани правила ги следеле додека растеле за да заштедат пари.

Темата брзо стана вирална и моментално има над 17.000 одговори. Ова се некои од нив:

Никогаш не кажувајте дома дека одите на училишен излет. Не сакате мама да се чувствува виновна што не може да плати за вас да патувате.

Никогаш не го полнете резервоарот до врвот. Не сакате да се најдете во ситуација да имате бензин, но поради тоа да не можете да купите храна.

Не е важно дали не ви се допаѓа храната … облеката или играчките што ги добивте. Земете ги и заблагодарете се и бидете среќни што ги имате во прв план.

Чувајте ги вашите амбиции за себе. Ако им кажете на другите во вашата околина дека имате планови да го подобрите вашиот живот, тие ќе се смеат и ќе ви кажат дека не сте во состојба да ја прифатите реалноста.

На доктор не се оди…освен ако имате температура над 40, скршена коска или заб кој е расипан и нема да ви падне сам. Сега имам 30 години, имам добро здравствено осигурување, но сè уште сум загрижена за медицинските трошоци.

Ручек не се јаде, вообичаено. Не постојат 3 оброци во денот како сега што е модернизирано. Или мама ќе ви каже, ,,Сине, штотуку појадуваше” или изговорот се засноваше на ,,Вечерата ќе биде за неколку часа.”

Aко ставите вода во шампонот ќе има уште и под ниеден случај не смее да се фрли. Ништо не се фрла во домот додека не се исцеди последната капка.

Истото важеше и за доматниот сос, а сите тегли од ајвар, кисели краставички или феферонки се чуваа за секој случај во оставата каде што се редеа како украси.

Најстарото дете мора да се грижи за другите деца. Тоа дете беше воспитувач, учител, најмногу помагаше низ дома и негова одговорност беше да биде пример на помалото дете.

Ако не може да ги поправите чевлите со лепак, не ви требаат нови чевли или едноставно, не газете во вирови за да не се наполните со вода преку дупките.

Облеката не се пере додека машината за перење не се наполни до горе. Ако сте извалкани, измијте ја дамката над мијалникот. Машина не се пушта секој ден.

Работите се чуваа безбедно и ништо не смееше да се скине или скрши. Поубавите чаши се чуваа само за гости, а подароците остануваа завиткани и неотворени уште долго време, бидејќи, зошто да се оште туваат.

Фото: Илустрација, Freepik.com
Previous articleСе врати во живот Николина Пишек, 4 месеци по загубата на сопругот, позираше во бикини на плажа (ФОТО)
Next articleПораснаа ќерките на Јелена и Душко, Атина многу личи на мама, а гордата мајка објави фотка од првиот училишен ден