Home Live Ова нешто ги поврзува Марјана Станојковска и Васил Зафирчев, а еве што...

Ова нешто ги поврзува Марјана Станојковска и Васил Зафирчев, а еве што кажа Лото убавицата за нашиот познат актер

Васил Зафирчев е еден од ретките ликови на нашето поднебје, ѕа чие достигнување и дела се излишни сите ѕборови…“, напиша во една прилика Фешнел за нашиот познат актер, омилен на многумина.

-Секаде во светот уметноста се цени онолку колку што има критична маса која може да препознае и разбере уметност. Уметноста е еманирање на конкретен и суштински важен животен став.

Ако немате став, тогаш немате уметност, и на крај немате аудиториум кој може да препознае и да разбере уметност. Всушност во уметноста како и во животот воопшто се се сведува на имањето или немањето став“, рекол тој за Фешнел.

Во Женски магазин, Зафирчев зборувал за улогата на АМрио во „Преспав“ поради која е многу популарен. „Тој е вешт манипулатор од позиција на странец. Лажен готвач и будист. Зад неговата „духовност“ се крие неговата страсна и афективна природа како лик.

Цар на сплеткарењето. „Кралица“ на драмата и патосот. Но во суштина итар и неверојатно луциден лик кој дури и кога греши е во право и кој на крајот секогаш успева да застане на „вистинската“ страна.

За мене како актер, најинтересни и најзабавни негови страни се афектите, брзите промени на состојбите и начините на дејствување. И пред сѐ гротескноста и комичноста кои произлегуваат од тоа.

Припаѓам на последната генерација кај нас која во училиште го изучуваше некогашниот српско-хрватски јазик.

Но со хрватскиот јазик за прв пат посериозно се занимавав за време на мојот ангажман како актер гостин во претставата „Електра“ на Истарското Народно Казалиште во Пула.

Обидот да се игра на туѓ јазик е сериозно тежок и стресен предизвик за секој актер. Од едноставна причина што внатрешната мисла на актерот е секогаш цврсто врзана за мајчиниот јазик.

Но токму тоа искуство ми беше добар предуслов за улогата на Марио. Во продукцијата на „Преспав“ немаме јазичен консултант за хрватски. Заедно со сценаристите ги правиме јазичните измени, приспособувања и интервенции во текстот со цел да е што поблизок до денешниот современ хрватски јазик.

Тука секогаш помагаат Тијана и Јелена. Се разбира, има и по некоја грешка во изговорот и во падежната структура, но сепак за мене најважен е ефектот што се добива во целокупната слика на проектот.

Нема ништо поубаво кога професијата покрај предизвик станува големо уживање и забава. Реткост е тоа. Таа убава и позитивна енергија впрочем може да ја почувствува и публиката покрај малите екрани.

Имавме безброј анегдоти и ситуации кога го прекинуваме снимањето заради хистерично и заразно смеење кое брзо ја зафаќаше целата екипа, пред и зад камерите.

Но би го издвоил снимањето на сцената од епизодата „Близнак“ во која јас како Марио и јас како братот близнак на Марио требаше да се појавиме во еден ист кадар“, рекол Зафирчев.

-Актерската професија не признава патријархален концепт, туку пред се слобода во изразот и во размислувањето. Таа мора да го промислува животот во сите негови значења и аспекти, независно од општоприфатениот и усвоен начин на размислување на мнозинството.

И да понуди поинакви концепти на размисла, чувствување и доживување. Она што за средината е предрасуда или табу, во актерството станува пречка која задолжително треба да се совлада. Добриот актер треба и мора да знае да одигра се.

Независно од неговото лично доживување и впечаток за ликот кој го толкува. Предизвикот наречен „Преспав“ за мене беше голем и исклучително провокативен. И во лична и во професионална смисла.

Не само заради поделбата на улогите, природата на ликовите и нивните меѓусебни односи, туку пред се заради самата жанровска дефиниција на ситкомот, неговата промоција и афирмација во македонскиот медиумски простор, како и високите креативни и продукциски стандарди кои „ОХО“ продукција ги постави со „Преспав“ како прв телевизиски формат од овој тип кај нас“, додаде тој.

Васил Зафирчев е всушност добар пријател со Марјана Станојковска, нашата позната Лото убавица. Тие заедно, како тандем се водители на фестивалот „Охрид фест“, и еве што кажа Маријана во Фокус за нејзината поврзаност со Васил:

– Ми одговара неговата енергија, неговиот сензибилитет, одлично се согласуваме.

Тој е првенствено голем уметник, кој поседува извонреден талент и за сценски движења, токму затоа и кога се подготвуваме за „Охрид фест“ одлучуваме да вметнеме некоја интересна танцова кореографија со која ќе ја изненадиме публиката.

-Со прекрасната Марјана не врзува долгогодишно пријателство и соработка, а покрај модерацијата, не обединува и љубовта кон музиката и танцот.

Се радувам што и годинава заедно со неа ќе бидеме домаќини на Интернационалната вечер на фестивалот и ќе се дружиме со изведувачите и публиката на сцената на Долни Сарај“, изјавил Васил за Маријана во Фокус.

Previous articleHајжешката слика на Гавазова досега – ја нарекоа кралица (ФОТО)
Next articleДолго го немаше, па се јави од плажа, Адриан Гаџа како да не старее, секогаш е ист, вечен тинејџер (ФОТО)