Home Live Оваа убавица ќе ја наследи Кате од „Нели ти реков“, од неа...

Оваа убавица ќе ја наследи Кате од „Нели ти реков“, од неа многу научи- не ѝ е ќерка, ама имаа сличности (ФОТО)

Популарната македонска пејачка Катерина Кате Танева (Ѓорѓиев) не е веќе со култната група “Нели ти реков“. Но сите тие останаа одлични пријатели кои повторно ќе се среќваат, но не и на сцената, објави Вечер прес во февруари годинава.

После 25 години работите се сменија, заеднички настапи со “Нели ти реков“ Кате веќе нема да има. Се е променливо, особено на естрадата, па така и со ова“, изјавила за Вечер прес Кате.

„Нели ти реков“ веќе долги години опстојува на нашата фолк-сцена и ги сака и старо и младо, кај нас и во дијаспората.

Оваа група инаку е една од најбараните за свадби, семејни прослави, а имаат настапувано и на доста домашни фестивали. Заштитен знак на групата беше пејачката Кате, од Ваташа кај Кавадарци.

Кате во емисијата „Магазин“ на Сител рече дека во родното Кавадарци имала многу среќно детство, и дека од родителите ја наследила музикалноста.

-Живеев во една хармонија, татко ми свиреше на повеќе жичани инструменти, и многу често се случуваше, додека јас се спремам за настапи, тој да застане пред вратата на купатилото, да свири“, рече Кате.

Потоа раскажа дека пеела на фестивалот „Златно славјече“, а за неа песна напишале познатите музичари Драган Ѓаконовски- Шпато и Васил Пујовски.

-И ден- денес го носам тој став, таква сум по природа, срамежлива. Тоа беше моето телевизиско искуство“ рече Кате која со групата “Нели ти реков“ почнала да пее кога имала само 18 години, а прво почнала со забавна музика.

Тогаш немаше многу убаво мислење за пејачите, јас не сакав да работам така, да пеам по ресторани. Меѓутоа, тука беше мојот татко.

Кога дошле дечките да ме викаат во групата, јас не бев дома, бев кај сестра ми.

Татко ми се јави и ми рече дека има едни деца што сакаат да работат со тебе. Јас кажав: Тато, нема шанси. Тој ми рече: Јас сум ти родител, народот ќе збори и така и вака.

Ако седиш дома, ќе бидеш проста. Ако си позната личност, ќе збори може и се најлошо за тебе. Ти биди си таква каква што сум те воспитал.

Зад добриот коњ се дига прашина. Со негова поддршка ја прифатив понудата.

Пеевме во хотел „Балкан“, татко ми доаѓаше да не слуша и им кажа на колегите: Влакно не смее да ѝ фали од коса“, раскажа Кате за своите почетоци.

Потоа продолжи со приказната дека исто така татко ѝ инсистирал да настапува на фестивалите, и иако не сакала да пее народно туку рок, прифатила да пее песни со некој помодерен ритам.

-Потоа дојде „Запри дожду“ која што да бидам искрена ич не сакав да пеам, ептен народнњачка беше, нели јас задоена со друга музика, меѓутоа таа песна го направи пресвртот во мојата кариера“, рече Кате.

Инаку, Кате има многу талентирана внука, а тоа е Слободака Танева која е многу горда на својата тетка. Слободанка, за разлика од својата тетка, се занимава со поп- музика и минатото лето, таа настапи на фестивалот „Охрид фест“.

Исто така, пеела и на „Макфест“, и во таа прилика за порталот 7 дена изјавила: Потекнувам од музичко семејство, и верувам во генетика. Од целата моја фамилија, сите се самоуки, и свират различни инструменти.

Имаме име на македонската сцена, мојата тетка Катерина Таневак, поточно Кате од од „Нели ти реков“. Веќе години наназад сум со музиката“, вели Слободанка која инаку работи во Националната опера и балет во Скопје.

А Кате е многу горда на својата убава внука. Таа како поддршка оди со неа на фестивали, а песната „Зад погледот твој“ која Слободанка ја има испеано на фестивалот во Охрид, Кате ја споделила на својот Фејсбук профил.

Previous articleСе гушнаа како први другарки и ги покажаа адутите, еве што ги спои Кате од „Соната“ и Елена Велевска (ФОТО)
Next articleПриродна убавина, без шминка и со небојадисана коса- Маја Оџаклиевска каква што досега не сме ја виделе (ФОТО)