Home Live Се гушнаа како први другарки и ги покажаа адутите, еве што ги...

Се гушнаа како први другарки и ги покажаа адутите, еве што ги спои Кате од „Соната“ и Елена Велевска (ФОТО)

Катерина Брезева од групата „Соната“, една од нашите најпознати и најбафрани пејачки во фолк музиката, во едно интервју за Естрада плус, зборуваше за својот роден Велес и за тоа како во нејзиниот град се уште се негува убавата музика.

– Има многу музика. Има многу добри музичари. Често знам да споменам , што сме имале среќа кога почнувавме ние имамвме среќа да свириме заедно и настапуваме со повозрасни музичари. Во Велес секогаш се свирела таква, градска музика.

Многу е застапена, била застапена и сеуште е застапена и забавната музика.

Верувајте во Велес нема забава каде што нема да се отпее рокенрол, валцер задолжително. Се уште е застапена навистина многу убава и градска музика“ истакна Кате.

Велешката група “Соната ” долго време опстојуваат на македонската сцена, веќе 20 години, а зад себе имаат бројни песни, како и многу настапи низ нашата земја, а ги сакаат и нашинците во дијаспората.

Во 2019 година, сите медиуми пишуваа за интересната љубовна приказна за Кате и Трајче од велешката група „Соната“. Пејачката и клавијатуристот на фолк групата, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години беа во љубов и во врска.

Конечно, по 18 години, тие во мај во 2019 година решија да застанат на лудиот камен.

Инаку, својата бремемост, Кате ја криеше од јавноста, а убавата вест ја објави токму на денот на венчавката. Катерина Брезева и Трајче Бондиков во јуни во 2019 година, добија принова.

Ќерката се вика Ана, а радосната вест ја сподели Бондиков на „Фејсбук“. Сега заедно уживаат во својата среќа со ќерката и интензивно настапуваат.

Инаку, уште една од пејачките која е доста барана и не може да крене глава од настапи е и Елена Велевска.

-Сама сум ја одбрала оваа професија свесно и со самото тоа сум ги „прифатила“ сите ризици кои ги носи. Славата годи, секој кој вели дека не е така, не ја говори вистината. Јас не сум ништо поразлично од некоја госпоѓа која работи во некој локален маркет, ги имаме истите проблеми, работиме со луѓе.

И мене ми се случува да сум ненаспана, нервозна, нерасположена, но никогаш не ми пречела популарноста. Ако имав каков било проблем со тоа ќе работев во некоја канцеларија од 9 до 16 часот, но јас не сум тоа.

– Никогаш не сакам јавно да зборувам за тоа колку имам, што имам, примитивно ми е. Живееме во земја во која просечна плата е 200 евра и повеќе од безобразно е јас или кој било да се расфрла со сума на пари и да биде трн во око.

Јас сето ова што го имам, го имам заработено, мојата кариера трае повеќе од 20 години. Не сум опседната со тоа што го носам дека мора да е бренд. Носам парчиња гардероба од брендови кои се достапни за сите.

Еден од најголемите животени успееси е од она кое што сакате да го работите да знаете пари да направите и да можете да живеете нормално, пристојно.

Се исплати доколу вложуваш, јас во мојата кариера многу вложувам и тоа ми се враќа, мојата публика го препознава тоа.

-Како и во секоја професија така и во оваа има луѓе кои сакаат да ти наштетат, љубоморни се… Во оваа професија ако немаш расчистено со егото ќе си имаш проблем.

Не можеш ти секогаш да си најдобар, не можеш секогаш ти да имаш полни концерти, кога и на „поголемите“ им се има случено да имаат промашено песна, турнеја и во тоа нема ништо страшно.

Отсекогаш сум се трудела да бидам најдобра верзија од себе и единствен „натпревар“ што го водам е со самата себе. Кој што си прави, за себе си прави.

Никогаш не сум сакала да престанам да се занимавам со оваа професија, себично би било од моја страна доколку помислам на такво нешто, а имам публика и кариера која трае повеќе од 20 години.

Постојат моменти кога се заситувам и правам пауза и повторно нов почеток. Со секој нов проект, песна за мене е нов почеток“, раскажала Елена Велевска во едно интервју за Слободен печат.

Мене не ми претставува ништо проблем, мојот најголем успех се децата, па кариерата, се справувам со сите предизвици да можам на нив да им пружам пристојно детство.

Не се разгалени воопшто, не одат во приватни училишта и немаат ништо повеќе од тоа што има секој нивни врсник. Кога го работиш она кое те исполнува можеш сè“, додала Велевска.

Елена Велевска објавила стори на Инстаграм како е гушната со Кате Брезева од групата „Соната“. Кате и Елена на сликата изгледаат доста блиски, како да се први другарки, а она што ги спојува е фестивал во Охрид на кој и двете настапуваат.

Previous articleЕве зошто сопругот на Билјана Дебарлиева, Јован е посебен човек, неговата хуманост и авантуристички дух многу говорат за него (ФОТО)
Next articleОваа убавица ќе ја наследи Кате од „Нели ти реков“, од неа многу научи- не ѝ е ќерка, ама имаа сличности (ФОТО)