Home Live Спенџарска си ја најде сродната душа? Многу нови работи ѝ се случија...

Спенџарска си ја најде сродната душа? Многу нови работи ѝ се случија на нашата водителка

Спенџарска летово го помина во шетање, што претставува најубавиот одмор за неа, заслужено. На почетокот не летово, Спенџарска ја посети Италија, па веднаш потоа замина за Грција со нејзината сестра и двете внучиња кои тетка Јелена ги обожава.

После Грција, патот ја однесе накај Шведска во посета на нејзината другарка Марис, па накратко се врати во Скопје, кога додека се свестиме, нашата водителка веќе замина за Хрватска од каде што имаше многу што да каже за нејзиното патување.

Тоа не беше се’, Спенџарска повторно замина за Грција со сестра си, па потоа реши уште малку сама да одмори во Солун, пред да се врати во Скопје каде што ја чекаат цел куп обврски.

Спенџарска на Инстаграм објави дека ќе се сели во нов стан и напиша дека почнува од нула, тоест дека има многу малку работи за почеток на нејзниот нов живот во нов стан.

-Неколку дена останувам во Скопје за да се средам во новиот стан. Колку-толку де. Немам ништи друго освен кујната што ќе се монтира деновиве. Ништо друго!

И некако чувствувам и хаос и мир во исто време, знам дека морам да земам толку многу работи, а друга страна си викам, имам кујна, еден душек за почеток, па полека едно по едно, се ќе си купам.

Додека Спенџарска беше во Фиренца, проговори колку е воодушевена од овој град:

-Прв пат, значи ПРВ ПАТ во мојот живот сум максимално освоена од некој град. Сите ми зборувавте дека Фиренца е преубава и дека ќе ми се допадне,но јас по само 24 часа поминати овде сум ЗАЉУБЕНА во секоја уличка,

во секоја градба (а пази ова,јас сум човек што НЕ робува на градби и архитектура), секое залче храна, секое мало уникатно местенце во некој ќош, секое испиено кафе,секое убаво италијанско лице….

Овој град е……. не знам…..толку посебен, жив, модерен, убав….посебно УБАВ !!

Ако треба да го срочам во една реченица….хмммм….- Овде би се преселила да живеам уште утре!!! Сериозно! И ова никогаш не сум го кажала со толкава страст за некое место во Европа !

Спенцарска објави видео во кое кажува колку е преморена:

-Ух, не ми се верува дека денот за мене е завршен и дека имам завршено 300 работи и многу сум горда на себе. Сега е време да се вратам на старите акивности, Инста, Тик ток, дрн дрн, тие работи.

Потоа објави Тик ток на кој напиша дека летово е посебно за неа во секоја смисла на зборот.

-Ова лето беше посебно за мене во секоја смисла. Забава, забава, авантури, нови пријателства, абе од се по нешто, додека Спенџарска во бикини се шегуваше како ми ѕвони на пријателите што се на работа од 8-4 и ги замара додека е на одмор 2 месеци.

Спенџарска предизвика лавина од прашања кога објави Q&A на својот Инстаграм профил. Фановите и поставуваат прашања, а таа ги одговара.

Еден фан го интересираше од каде финансии за толку патување и дали е возможно со една новинарска плата, на што водителката одговори:

,,Дали инвестираш? Дали имаш повеќе места од кои добиваш приходи? Искрено сигурно не шеташ од една плата,” следеше третото прашање…

-Сметам дека ова е една многу важна тема на која не сум експерт да се разбереме, но би сакала да споделам лично мислење. Пред да го започнам моето ете ќе го кажам СПИРИТУАЛНО ПАТУВАЊЕ имав многу погрешни ставови за животот.

Погрешни во смисла – НЕ ФУНКЦИОНИРАА за мене! Така бев научена, со нив израснав, немало кој да ми каже поинаку, може и никој тоа време околу мене не знаел поинаку.

Не верувам во погрешно и правилно, сметам дека се е неутрално и ние даваме етикети врз основа на она кое го имаме во нас.

Пари никогаш доволно, тие не растат на дрво, мораш да бидеш многу внимателна со пари, пази колку трошиш, бирај поевтино, работи повеќе… тоа се некое уверувања кои ги имав…

Никој не ми кажа дека се тоа живи глупости, дека пари секогаш има, дека парите се само енергија како и се друго околу нас и само треба да го смениш ставот за нив, да изградиш поинаков mindset.

Да го искористиш мудро паметот и да ја отвориш вратата за сите убави работи кои те чекаат including money. Колку повеќе не ги стискаш во џеб зашто нели, нема пари и мораш да ги чуваш-

толку повеќе НЕМА ДА ИМАШ! Енергијата сака да кружи слободно што значи дека мораш да пуштиш за да ти дојде. За мене ова беше револуционерно откритие и го сменив целиот став за парите.

Јас не сум тука да го правам пари, туку да се забавувам работејќи го тоа кое го сакам и додека се чувствувам најубаво на свет, убавото чувство носи уште мнооогу убави чувства меѓу кои и едно од нив е финансиската слобода.

Така пред две години се создаде идејата за travelling fond кој се полнеше со многу од тие убави чувства’ уметнички да се изразам и имаше доволно за да уживам УШТЕ ПОВЕЌЕ.

Се надевам дека сфативте што сакам да кажам, а ако не, предлог две книги кои беа пресудни за овој mindset.

Мисли и збогати се2. Тајните на милионерскиот ум, се ќе ви се промени после тие книги, напиша Јелена.

Дали Спенџарска откри дека конечно е во врска, докажува новото Тик Ток видео на социјалните мрежи:

-Патување цело лето. Го поминувам најубавото време од животот. Преселување во нов стан. Ја пронајдов мојата сродна душа. Пијам вино во Грција, додека врне, бидејќи никогаш не сум била посреќна, напиша Спенџарска на англиски.

Previous articleВучиќ пред малку објави слика со наш поранешен премиер: Чест ми е што можев да го угостам овој човек
Next articleЖивеев во заеднички стан со 3 фамилии во една дневна соба- Сузана Манчиќ ја раскажа тешката животна приказна