Home Live Трифун Костовски се потсети на црвената марама, на учителка Рајна и на...

Трифун Костовски се потсети на црвената марама, на учителка Рајна и на првиот училишен ден

Вчера беше први септември, најрадосниот ден за децата кои го почнуваат своето образование, но и за нивните родители, кои впечатоците ги споделуваа на социјалните мрежи.

Информацијата дека некои учебници не се се уште отпечатени и не се знае кога тоа ќе се случи е за неверување, а бизнисменот Трифун Костовски, во статус на својот профил на социјалните мрежи, раскажа како било во минатото:

ПРВАЧИЊА – ПРВ УЧИЛИШЕН ДЕН

-Поривот да го напишам овој текст е многу силен. Во прашање се нашите најмлади поколенија кои треба да го отпочнат својот образовен процес во животот.

Овој проблем посебно е голем за родителите на овие дечиња кои се вчудоневидени дека отпочнувањето на школската година е без подготвени учебници за првачињата.

Бранот кој ја раслојува Македонија во сите сегменти, почнувајќи од стопанството, животниот стандард, недостаток од квалификувани занаетчии кои се наша насушна потреба во нашето секојдневие, повеќекратно зголемените цени на енергенсите,

дивеењето како некои општини како Арачиново каде не се плаќаат сметките за електрична енергија, се само еден дел од целото опкружување кои со сета сила денес ја погоди токму генерацијата која го започнува своето образование.

Јас моето образование го започнав во бившата ФНРЈ во училиштето Браќа Миладинови, а потоа во 11-ти октомври и во свежо сеќавање ми е токму овој ден.

Родителите го славеа моето запишување во првото одделение, а ние првачињата ја имавме таа можност да имаме обезбедени тетратки, книги, моливи, гуми …

Мастилото го користевме во следните одделенија, хемиски пенкала немаше.

Убаво дотерани, согласно можностите на нашите родители бевме дочекани во училишниот двор, каде на секој од нас му се врзуваше црвена марама.

Таа црвена марама значеше почеток на моето образование и денес можам да заклучам без додавање романтика на минатите времиња кога владееше едноумието, дека постоеше систем во кој бившата наша држава ФНРЈ, па потоа СФРЈ, приоритет во сите сегменти од нашето живеење даваше токму на образованието.

Моите учителки – Рајна во Браќа Миладинови и Калипса во 11-ти Октомври сè уште се длабоко врежани во мојата меморија. Тоа е за мене првото одделение.

Се прашувам, дали живеам во еволутивен развој на човештвото или во негово уназадување, каде декаденцијата царува?

Првачињата – нашата национална радост се ставени како колатерал на еден систем кој нема ништо заедничко со базичните потреби.

Previous articleПремиерот Ковачевски објави cлики како со тенисерот Ноле во Белгpад тестираат вино (ФОТО)
Next articleЕве зошто сопругот на Билјана Дебарлиева, Јован е посебен човек, неговата хуманост и авантуристички дух многу говорат за него (ФОТО)