Home Live Кајмакоски на летовање со новата женска – објави слика од плажа (ФОТО)

Кајмакоски на летовање со новата женска – објави слика од плажа (ФОТО)

Популарниот пејач Даниел Кајмакоски секогаш раскажувал дека од постариот брат Далибор и од мајка му ја има најголемата поддршка. Тој има двајца браќа, за кои јавноста не знае многу, освен тоа дека живеат во дијаспората.

Кога Даниел од Австрија се врати во Македонија и почна да гради регионална кариера, Далибор остана во Австрија и има работено во компанија за транспорт и во ланец познати маркети.

Пред четири години, од Виена, тој се преселил во Индијана, САД. Она што исто така може да се забележи, освен големата блискост е сличноста меѓу браќата.

Далибор и Даниел се речиси исти. Кајмакоски во една прилика објави стори како разговара со брат му на видео повик на социјалните мрежи.

Но, на повикот и најмалиот нивен брат Филип, кој е 13 години помлад од Даниел и тој исто така многу си личи со своите браќа.

Филип се’ уште живее во Виена и се занимава со музика исто како и неговиот брат. Филип на Инстаграм објавува кавери од познати екс-ју пејачи кои одлично ги пее, а објави и селфи со нивната мајка.

Мајката на Даниел, сопругата на Павле се вика Ружа, а Даниел за мајка си исто така има кажано дека му е голема поддршпка. Кога тој победи на Икс фактор во Белград, неговите дошле од Виена да го бодрат својот син.

Ружа е инаку учителка во градинка, и според сликите на нејзиниот Фејсбук профил, таа е многу весела жена и е активен член на забавите на македонските друштва во Австрија. Повеќето слики и се со сопругот Павле, но и со веселото друштво кога правеле ѓезмиња и дружби со нашинците.

Даниел беше во голема љубов со Кристина Димитриевска, сега позната пејачка која се’ уште ја поврзуваат со поранешното презиме кое одамна не го носи.

Иако, тие двајца изгледаа многу среќни заедно, љубовта кратко траеше, па се разведоа по три години брак, а на оваа тема Даниел проговори само еднаш и во таа прилика кажа

дека одлуката за развод ја донеле заедно, а ќе пробаат да останат во добри односи заради нивниот син Давид.

Кристина на почетокот од март минатата година, ја промовираше нејзината четврта песна „Амстердам“.

Песната го привлече вниманието и поради провокативниот спот, во кој Кристина се појавува провокативно облечена на снегот на Попова Шапка.

Песната „Амстердам“ Кристина ја работеше со младите музичари Алек и Тони. „Периодов се посветив повеќе на музиката, но, така се поклопија коцките.

Верувам дека сè се случува со причина“, изјави таа за „Репортер“, и најави нова песна која ќе биде нејзината животна приказна.

Кристина гостуваше во естрадниот магазин „Бекстејџ“ и искоментира дека е многу задоволна од својата нова песна. Манекенката зборуваше и за нејзиниот поранешен маж, Даниел Кајмакоски, но не сакаше да го спомене неговото име и презиме.

– Знаев дека веднаш ќе ме врзуваат за презимето кое одамна не го носам. Јас имам постигнато свои успеси во манекенството, десет години сум член на модното студио „Црнокрак“,

снимам песни, завршив на Факултетот за туризам и менацмент, но медиумите пак ме врзуваат за нешто друго. Но, и тоа ќе помине“, рече Кристина.

Таа на прашањето дали е вљубена рече дека веќе четири години е вљубена во својот син.

„Не сум уморна, едноставно кога си самохран родител и кога детето ти е центарот на светот, тогаш правиш сè, за да му овозможиш на него најдобро“, откри Кристина претходно во емисијата „Магазин“ на Сител.

Даниел веќе одамна нема ништо објавено со неговиот син, а тоа дали тој и Кристина функционираат добро, останува мистерија.

Даниел објави неколку слики дека е на море, а на сликите можеше да се забележи дека е очигледно многу среќен и расположен.

Потоа, следуваше фотографија на која Даниел седи, а до него се гледаат женски нозе што може да значи дека пејачот повторно се заљубил и е во врска.

Previous articleМилан си ја отвори душата и раскажа кој го штител син му од испадите на Северина
Next articleМилена од Канал 5 се стегна во тесен црвен фустан и застана до 7-мицата (ФОТО)